Банон: Трамп ќе оди на трет мандат, имаме план за победа

Група луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп работи на тоа тој да се кандидира и да биде избран за трет мандат, и покрај уставното ограничување од два мандати, изјави поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Банон за NewsNation.
– Работиме на тоа. Мислам дека ќе имаме неколку алтернативи. „Ќе видиме каква е дефиницијата за ограничувања на мандатот“, рече Банон за NewsNation на прашањето како Трамп може да ја надмине границата од два мандати утврдена со американскиот Устав.
Банон, чија улога и во двата влеза на Трамп во Белата куќа беше значајна, е уверен во успехот на овој напор и го споредува со победата на Трамп на минатогодишните избори.
„Цврсто верувам дека претседателот Трамп повторно ќе се кандидира и ќе победи во 2028 година. Имавме и послаби шанси од неговата можна победа во 2028 година“, рече Банон, додавајќи дека се уште не се подготвени јавно да зборуваат за тоа, но дека тоа би можеле да го сторат за неколку месеци.
На прашањето дали предлага револуција или соборување, Банон го негираше тоа, нагласувајќи дека е „голем верник во демократијата“.
– Ние сме во средина на престројување како она во 1932 година, ако можеме да продолжиме со популистичката националистичка политика. Афроамериканците доаѓаат на наша страна. Хиспанците доаѓаат на наша страна“, рече Банон.