Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за криптовалути, екстрадиран во САД 


САД – Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-те-икс“ (FTX), синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

– Банкман-Фрид (30) е под надзор на Федералното биро за истраги (ФБИ) и патува назад во САД, изјави Демијан Вилсон, обвинител за јужен дистрикт на Њујорк.

Според него, обвинетиот ќе се појави пред судија „колку што е можно поскоро“. 

Радиото Ен-пи-ар јави дека Банкман-Фрид бил пријавен од двајца негови поранешни колеги и пријатели, Керолин Елисон и Гери Ванг, кои исто така се обвинети откако се изјасниле за виновни, а сега соработуваат со истрагата. 

Двајцата се обвинети од Комисијата за хартии од вредност и берзи, државен регулатор на Волстрит, за измама на инвеститорите на крипто берзата и соработуваат со истрагата поврзана со активностите на Банкман-Фрид, со можност да постигнат договор со иследувачите за намалени казни. 

Портпарол на поранешниот милијардер не одговори на барањата за коментар. 

Банкман-Фрид е обвинет за финансиски измами од неколку милијарди долари, откако неговата онлајн берза за тргување со криптовалутиотворена во 2019 година, а која во еден момент во 2021 година достигна над милион корисници, во ноември објави банкрот.