Банкарските сметки на Најџел Фараж затворени поради руски пари, тој гледа одмазда за Брегзит
Банкарските сметки на Најџел Фараж во Велика Британија се затворени без предупредување. Ова го соопшти самиот Фараж, најавувајќи дека е можно да се исели од државата.
-Јас сум жртва на политички прогон, тврди поранешниот лидер на УКИП, според кого причината за овој гест е одмазда за Брегзит. Официјално затворањето на сметките е реакција на тврдењата во Долниот дом дека добил повеќе од половина милион фунти исплати од руската телевизија РТ.
Најџел Фараж изјави дека животот во Британија „станува целосно неиздржлив“ откако банкарската групација со која работел 43 години му се јавила пред два месеци за да му каже „ги затвораме твоите сметки“. Фараж ја опиша банката како „подружница на голема банкарска групација со многу престижно име“, но рече дека „се уште нема да ги именува“. Претседателот на банката тврдел дека потегот е „комерцијална одлука“, но Фараж верува дека тоа е „сериозен политички прогон“.
Во шестминутното галамење, објавено на Твитер, Фараж рече дека британските банки се „дел од големите корпоративни структури кои не сакале да се случи Брегзит“. Тој тврди притоа дека бил одбиен во напорите да отвори сметки од страна на седум други банки.
-Европската унија „би сакала“ да ја врати Велика Британија“, тврди Најџел Фараж додавајќи дека корпоративниот свет никогаш нема да му прости за референдумот. Според него ако немаш банкарска сметка во Велика Британија, ти не постоиш.
„Јас навистина нема да можам да постојам и да функционирам во модерна Британија на 21 век“, рече тој.