Бакнежот на Тејлор Свифт и Тревис Келси на Супербоулот стана светска сензација
Лас Вегас – Окружени со фудбалски фанови, камери и конфети, Тејлор Свифт се бакнуваше со своето момче Тревис Келси на теренот, откако неговиот тим Канзас Сити Чифс синоќа триумфираше на Супербоулот и ја одбрани титулата во НФЛ. Оваа сцена по мечот со Сан Франциско 49ерс во Лас Вегас беше како филмско финале на фудбалската сезона во САД, во која најголемата поп-ѕвезда на денешнината и една од најголемите НФЛ ѕвезди често беа во центарот на вниманието.
Ова е трета шампионска титула за Канзас Сити Чифс во последните пет сезони, а за Свифт ова е прв победа на рагби тимот на Супербол што ја прославила со своето момче, со кого е во врска околу шест месеци. По сензационалната победа, Свифт и Келси се прегрнаа и бакнаа на теренот и еуфорично ја прославија победата.
Ѕвездата која е прогласена за музички феномен го следеше натпреварот во ВИП ложата заедно со бројни семејни и познати пријатели, меѓу кои и актерката Блејк Лајвли и пејачките Ајс Спајс и Лана дел Реј.
Иако на некои тврдокорни фанови на НФЛ не им се допадна целото внимание што го добива Свифт, нејзината огромна популарност придонесе да се зголеми бројот на гледачи на овој спорт. Во една неодамнешна анкета, 21% од Американците на возраст од 18 до 34 години кои планирале да го гледаат Супербоулот рекле дека присуството на Свифт влијаело врз нивната одлука.
Аренби ѕвездата Ашер настапи за време на полувремето на натпреварот којшто се одигра во стадионот Елиџент во Лас Вегас. Пејачот ги отпеа хитовите „Caught Up“, „U Don’t Have to Call“, „Superstar“ и „Love in the Club“. Неговиот импресивен настап траеше 13 минути, а на сцената му се придружија и други ѕвезди како Алиша Кис, Лудакрис, Лил Џон, Џермејн Дупри, Вил Ај Ем и Х.Е.Р.
Големиот спортски настан го проследија голем број познати личности како Џеј Зи, кој дојде во придружба на неговата ќерка Блу Ајви, Гвен Стефани, Гордон Ремзи, Пол Макартни, Џастин Бибер и многу други.