Бајден победува во Аризона и Мејн
Поранешниот потпретседател и кандидат на демократите за претседател на изборите, Џо Бајден победи во Аризона, и добива 11 изборни гласа во една од клучните држави во трката за претседателската функција, според проекции на американски медиуми.
Бајден е првиот демократ што ја „освоил“ Аризона, која Трамп ја освои со 3,5 отсто во 2016 година, од 1996 година. Победата му отвора полесен пат на Бајден да стигне до 270 изборни гласови.
Бајден на медиумскиот пазар во Аризона, потроши двојно поголема сума на пари од Трамп. Тој предводеше во државата со 2,6 отсто ден пред изборите, според анкети на FiveThirtyEight.
Бајден доби и најмалку три од четирите електорални гласови на Мејн, една од седумте сојузни држави со најмалку електорални гласови.
Според неофицијалните резултати, мнозинство од избирачите гласале за Бајден, тој го добил гласањето и во Првиот конгресен дистрикт, што му носи вкупно три електорални гласови. Броењето во Вториот конгресен дистрикт на Мејн сеуште не е завршено.
Изборните колеџи на Мејн и Небраска доделуваат електорални гласови пропрорционално на добиените гласови. Во останатите држави важи правилото „победникот добива сѐ “, односно оној што ќе освои просто мнозинство од гласовите ги добива сите електорални гласови.