Бајден конечно прогласен за победник во Џорџија


Државниот секретар Бред Рафенспергер ги соопштува резултатите

Гувернерот на Џорџија и највисокиот функционер за избори во петокот ги потврдија резултатите кои покажуваат дека Џо Бајден победил во претседателската трка над републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Сертификацијата ја приближува државата на чекор до завршување на изборите што беа обременети со неосновани обвинувања за измама од Трамп и неговите приврзаници.

Државниот секретар Бред Рафенспергер ги завери резултатите пријавени од 159-те окрузи на државата по деталното рачно пребројување на 5-те милиони гласачки ливчиња во трката. Резултатите покажуваат дека Бајден има 2,47 милиони гласови, претседателот Доналд Трамп со 2,46 милиони гласови и либертаријанката Џо Јоргенсен 62.138 гласови. Бајден победи со разлика од 12.670 гласови или 0,25 проценти.

Подоцна во петокот, републиканскиот гувернер Брајан Кемп го завери државниот лист со 16 претседателски електори.

На прес-конференција, Кемп не ги поддржа јасно резултатите. Наместо тоа, тој изјави дека законот бара од него „формализирање на сертификацијата, што отвора пат на кампањата на Трамп да продолжи со други законски опции и сепаратно броење ако тие изберат“.

Републиканскиот гувернер не го одбрани интегритетот на изборите оваа година, поради нападите на Трамп и другите членови на неговата партија, кои без докази тврдат дека претседателското гласање во Џорџија било извалкано од измама. Кемп ниту ги одобри тврдењата за измама на Трамп, ниту го поддржа Рафенспергер во тврдењето дека изборите биле спроведени фер. (АП)