Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре. 

Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот ги гушеше жителите на неколку општини во главниот град. 

Новиот градоначалник на Скопје, орце Ѓорѓиевски, вчера во рамки на големата акција за расчистување на скопските улици и паркови, соопшти дека почнало чистењето и на вардариште, но и одгасување, за според неговиот план, таму да никне парк. 

„Вардариште од 18 часот денеска се чисти, површинскиот отпад. Но, во наредниве денови ќе биде ангажирана и компанија којашто ќе започне со процес на одгасување на депонијата, што значи дека не отстапувам од идејата, согласно физибилити студијата, да нашиот народ таму, во делот Гази Баба, но и делот Аеродром, добијат парк којшто ќе можат да го користат заедно со своите семејства“ , рече синоќа Ѓорѓиевски, на почетокот на акцијата за расчистување пред Спортската сала „Борис Трајковски“.

За расчистувањето на Вардариште, уште ноќеска, на социјалните мрежи информираа градоначалниците на гази Баба, Аеродром и скопскиот градоначалник.