Бафет продаде акции на „Епл“ во вредност од повеќе од четири милијарди долари


Инвестициската компанија „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway), предводена од Ворен Бафет, продаде акции на „Епл“ во вредност од повеќе од четири милијарди долари во вториот квартал од оваа година.

Според MSN, станува збор за 20 милиони акции, по што уделот на „Беркшир“ во „Епл“  е намален на 480 милиони акции, во вредност од околу 57 милијарди долари.

Покрај „Епл“ , „Беркшир“ продолжи да го намалува својот удел во Бенк оф Америка. Во текот на споменатиот квартал, тој продаде седум проценти од акциите во „Епл“ , или четири проценти во Бенк оф Америка.

На овој начин, компанијата го намали својот удел во „Епл“ за 30%, а во Бенк оф Америка за 41% само во изминатата година.

Секој квартал, инвеститорите со нетрпение го очекуваат поднесувањето на „Беркшир Хатавеј“ на својот Образец 13F до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), во кој открива кои акции ги поседувал на крајот од кварталот, а со тоа и кои акции компанијата ги купила и продала во тој период.

Инвеститорите, според „Фајненшл тајмс“, редовно бараат увид во генијалноста на Бафет и неговиот тим инвеститори, особено сега кога се подготвува да се повлече од функцијата извршен директор на „Беркшир“ на крајот од годината.

Во исто време, тој ќе ја задржи позицијата претседател на одборот на директори, додека долгогодишниот ветеран од „Беркшир“ Грег Абел треба да го замени како извршен директор.

„Епл“ се соочува со проблеми со царините во текот на целата година, што Бафет и „Беркшир“ веројатно го предвидоа бидејќи почнаа дополнително да ги намалуваат своите удели во технолошката компанија по изборната победа на Трамп.