Азески: Лабораторијата на ОКТА располага со 53 акредитирани методи по европски и американски стандарди

По посетата на лабораторијата на Макпетрол минатата недела, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со својот тим во работна посета и на компанијата ОКТА. Единствените, две приватни компании, кои поседуваат сопствени лаборатории за нафта и нафтени деривати.
Во досегашниот период на работење на лабораторијата инвестирани се повеќе од 10 милиони евра во опрема, инструменти, резервни делови, хемикалии, одржување, акредитација и сѐ друго што е потребно за постигнување одлични резултати во работењето.
„Тоа што го видовме во ОКТА говори за сериозноста на бизнисот. Квалитетот, прецизноста и сигурноста ја стават компанијата на врвот на бизнисот со нафта и нафтени деривати, не само во Северна Македонија, туку и во регионот“, истакна Азески.
ОКТА снабдува две третини од пазарот со нафтени деривати, а своите производи ги пласира и на околните пазари, а акредитираната лабораторија ја користат и Косово и Албанија, а повремено примероци се доставуваа и од Србија.
Лабораторијата на ОКТА е единствена во државата која поседува мотори за испитување на арбитражни анализи – октански број кај бензинот, како и цетански број кај дизелот. Покрај секојдневните лабораториски анализи на нафтените деривати, лабораторијата е опремена да врши испитување на техничките води и третирани отпадни води, за интерна употреба, вели Вук Радовиќ, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.
Со постојано учество на меѓу-лабораториски тестирања за нафтени деривати, организирани од страна на акредитираниот Институт во Холандија, лабораторијата редовно ја потврдува својата професионална и прецизна работа. Лабораторијата на ОКТА остварува континуирана соработка и размена на искуства и знаење, со двете современо опремени и акредитирани лаборатории на Хеленик Петролеум Групацијата во Солун и Атина, посочува Радовиќ.
Инаку, компаниите кои го поседуваат стандардот ISO 17025 гарантираат техничка способност и компетенции да обезбедат независност и реалност, прецизни и точни податоци за лабораториски анализи. Овој стандардот го поседуваат и двете приватни лаборатории за нафта и нафтени деривати во Северна Македонија. Лабораторијата на ОКТА има 40 годиншна традиција и е прва акредитирана лабораторија во државата, која секоја година, подлежи на проверка од страна на стручни лица од Институт за акредитација, а на секои четири години се врши ре-акредитација.
Располага со 53 акредитирани методи по европски и американски стандарди, со флексибилен опсег, за анализа на нафтени деривати како: течен нафтен гас, безоловен бензин, еуро дизел, мазут, екстра лесно гориво, како и млазно гориво.
Во лабораторија се изведуваат анализи на примероци за потребите на ОКТА, како и на примероци кои пристигнуваат од надворешни клиенти и државни институции, под одредена шифра, а извештаите се издаваат под лабораториски број кој ја содржи единствената шифра од примерокот.
Инаку ОКТА и Макпетрол прераснуваат во лидери за испитување на млазно гориво, бидејќи се ангажирани на аеродромите во Црна Гора (Подгорица и Тиват), на аеродромот во Приштина и во Тирана, и повремено во Србија, се вели во соопштението на Стопанската комора на Македонија.