Автомобилите на Германците постари од кога било
Просечната старост на патничките возила на германските патишта е 9,6 години, што е рекордна старост во Германија. Во тој европски просек, Германија е зад Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8,0), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9,0 години).
На дното на списокот е Литванија, каде што просечната старост на возилата е скоро 17 години.
Стручњаците повикуваат на итно делување на политиката.
Фердинанд Дуденхофер од Центарот за автомобилски истражувања при Универзитетот во Дуизбург, вели дека овие бројки се јасен сигнал за тревога, и потреба од поефикасна програма за помош на германскиот пазар на автомобили. Тој смета дека е грешка што автомобилите на погон на гориво испаднале од програмата, посочувајќи дека „ништо не може да се постигне во борбата против климатските промени“, а и тешко ќе оди закрепнувањето од оваа рецесија, најтешка по Втората светска војна.