Автомобили се судрија во Карпош, повредени четири лица


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Две возила се судрија вчера во скопската општина Карош, пришто со повреди се здобија четири лица, од кои едно е тешко повредено.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на крстосницата од улиците Ацо Шопов и Фјодор Достоевски.

„Во несреќата учествуваа „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(57) од Скопје и патничко моторно возило „фолксвгаен голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(32) од Скопје. Во несреќата, двајцата возачи Ж.В. и М.И., како и Б.Р.(33), сопатник во возилото „голф“, се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката во возилото „голф“, Б.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница 8 Септември“, соопшти МВР.

Увид извршила полициска екипа.