Австрија на светскиот врв по број на новозаболени од Ковид-19
Австрија– Според бројот на новозаразени Австрија е на врвот во светот, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Во неделен просек, Австрија сега ја надмина Франција и со тоа го достигна негативниот глобален врв – ранг-листа на земји со број на нови случаи на милион жители.
Додека во пролетта, на почетокот на пандемијата, државата беше „примерна“, Австрија ги достигна границите на капацитетот на здравствениот систем во последните денови.
Со просек неделно на милион жители, Австрија е на врвот со 831 новоинфицирани, што е 0,86 проценти од населението, следи Грузија со 781, а Швајцарија е трета со 743. Потоа следат Чешка (674), Словенија (668), Полска (648), Литванија (584), Хрватска (580).
Австрија исто така изгуби контрола над утврдување на контактите со болните.
Австрија воведува национална блокада од вторник во обид да ја преземе контролата врз зголемувањето на инфекциите со новиот коронавирус. Тоа го потврди австрискиот канцелар Себастијан Курц.
– Ќе бидат затворени продавниците што не продаваат прехранбени стоки,аптеки пошти и банки и тековниот вечерен час од 20 до 6 часот наутро ќе биде продолжен и од луѓето ќе се бара да останат дома цел ден, потврди Курц.
– Луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови само за да купуваат, во аптека, да спортуваат, да одат на лекар или да одат на работа, додаде тој.
Според него, луѓето треба да работат од дома, доколку е можно. Училиштата исто така ќе бидат затворени.
Блокадата ќе трае три недели, а последниот ден е 6 декември.