Авни Ќаили како кадар на Вреди е именуван за нов директор на МСУ

Ќаили доаѓа како кадар на владиниот коалиционен партнер „Вреди“, чии кадри се поставени на директорските места во Националната галерија на Македонија и на Филхармонијата


Новинарот, текстописец и композитор Авни Ќаили е именуван за директор на Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје, ни потврдија од Министерството за култура . Ќаили доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Тихомир Топузовски.

Ќаили доаѓа како кадар на владиниот коалиционен партнер „Вреди“, чии кадри се поставени на директорските места во Националната галерија на Македонија и на Филхармонијата. Со ова именување, Ќаили станува првиот Албанец кој ја презема оваа значајна и престижна функција.

МСУ, кој годинава прослави 55 години, е една од најзначајните културни институции во земјава и меѓу најреномираните музеи на современа уметност во регионот.

Ќаили ги завршил студиите во Приштина во 1991, а студиите во Скопје во 1993. Во 1992 се вработил во Македонската радио телевизија (МТВ), каде што работи и до денес.