Премиерот Заев во посета на Полска


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Полска. Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски. Премиерот Заев вчера престојуваше во Виена, каде што оствари средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц. 

Облачно и посвежо со врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската …

Облачно и посвежо со врнежи од дожд Read More »

Хороскоп: Шанси за девицата, изненадување за овенот


ОВЕН: Кај вас се случуваат длабоки промени и можни се изненадувања. Ништо однадвор не е важно, освен рефлексијата на вашето вистинско себство. Обидете се да не сте арогантни и горделиви и не се убедувајте дека целта ги оправдува средствата. Не барајте признанија денес. БИК: Внатрешна тензија, недоверба или фрустрација во блиските врски. Не очекувајте премногу …

Хороскоп: Шанси за девицата, изненадување за овенот Read More »

Алкохол ќе се продава и по 19 часот


Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник. Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба …

Алкохол ќе се продава и по 19 часот Read More »

Ќе се бираат нови членови на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50. седница на чиј дневен ред како прва точка е ставен изборот на претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување. Пратениците треба да се изјаснат и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика, како и за повеќе …

Ќе се бираат нови членови на Регулаторната комисија за енергетика Read More »

Премиерот Заев денеска во Австрија, утре во Полска


Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, денеска ќе престојува во официјална посета на Австрија, а утре ќе биде во работна посета на Полска. Како што соопшти владината прес-служба, Заев во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Претседателот на македонската Влада ќе има …

Премиерот Заев денеска во Австрија, утре во Полска Read More »

Облачно со локален дожд


Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а  дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, слично …

Облачно со локален дожд Read More »

Хан: ЕУ мора да ја награди Македонија, во спротивно ризикува нестабилност


Македонија треба да биде наградена од ЕУ за напредокот и за договорот со Грција со кој се става крај на 27-годишниот спор за името. Ако не добие награда на конкретен начин тоа ќе има огромен негативен ефект за целиот регион, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во пресрет на денешниот министерски состанок …

Хан: ЕУ мора да ја награди Македонија, во спротивно ризикува нестабилност Read More »

Сексуална ориентација и родов идентитет се воведуваат како основи за дискриминација


Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација ќе обезбеди принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи, рече Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, на денешната прес конференција на која ги презентираше новините во законот.  -Одиме напред, без страв и без предрасуди. Родовиот идентитет и сексуалната …

Сексуална ориентација и родов идентитет се воведуваат како основи за дискриминација Read More »

Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес


На семејството чии три деца загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика …

Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес Read More »

Каде на одмор: Епидемија на мали сипаници има во Грција, Албанија, Бугарија…


Во земјите во кои Македонците често одат на одмор има епидемија на мали сипаници. Затоа, не патувајте незаштитени, предупредија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Мали сипаници има и во земјите покрај море во блиското соседство, но и во државите кои се многу честа понуда на туристичките агенции и за ова лето. Според ИЈЗ, во …

Каде на одмор: Епидемија на мали сипаници има во Грција, Албанија, Бугарија… Read More »

Ѓоковиќ: Блиску сум до мојата најдобра форма


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е задоволен  од моменталната форма и покрај поразот во финалето на турнирот во Лондон од Хрватот Марина Чилиќ. – Јас сум блиску до мојата најдобра форма и многу ми е драго што можам да играм на ова ниво пред Вимблдон. Лондон е голем турнир пред Вимблдон, и стигнав до финалето. Ова …

Ѓоковиќ: Блиску сум до мојата најдобра форма Read More »

Променливо облачно и посвежо време


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервалот од седум до 16 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје слично …

Променливо облачно и посвежо време Read More »

Хороскоп: Борба за ракот, прогрес за бикот


ОВЕН: Денес ќе биде добро да не се форсирате себеси, без оглед колку и да се бара тоа од вас. Прекумерното трошење може да направи штета, па така најдобро ќе биде да се повлечете во себе и да ѝ обрнете внимание на својата рецептивна природа. Што е она што ве мотивира сега? БИК: Сега слободно …

Хороскоп: Борба за ракот, прогрес за бикот Read More »

Денеска ново рочиште за „Монструм“


Ново рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е закажано за денеска во Кривичниот суд. На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде …

Денеска ново рочиште за „Монструм“ Read More »

ВМРО – ДПМНЕ: Зад нападот на штабот стои сценарио диригирано од Заев


На вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и …

ВМРО – ДПМНЕ: Зад нападот на штабот стои сценарио диригирано од Заев Read More »

Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот


Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори …

Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот Read More »

МВР утврдува кој го обои седиштето на ВМРО – ДПМНЕ


Синоќа во полиција телефонски било пријавено дека некој фрлил боја врз партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на овој настан. „На 23.06.2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски …

МВР утврдува кој го обои седиштето на ВМРО – ДПМНЕ Read More »

Полицијата приведе девет лица по синоќешниот протест пред Собрание


Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски –  фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон. – Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21.40 часот, повеќе лица со маски …

Полицијата приведе девет лица по синоќешниот протест пред Собрание Read More »

(ВИДЕО) Во Солун нападнале учесници на геј парада и ги фрлиле в море


Полицијата уапсила четири лица во Солун , кои вчера нападнале учесници на Парадата на гордоста. Тие нападнале учесници од Грција и од Бразил , кои носеле знаме во боја на виножитото , ги навредувале , а потоа ги фрлиле во морето. Погледнете: Нападнатите ученици во парадата не биле повредени. Полицијата соопшти дека на вчерашната Парада …

(ВИДЕО) Во Солун нападнале учесници на геј парада и ги фрлиле в море Read More »