Бугарски генерал очекува притисок од САД за спорот со Македонија


САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, смета поранешениот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров. Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување …

Бугарски генерал очекува притисок од САД за спорот со Македонија Read More »

Водостојот на Преспанското Езеро зголемен за еден сантиметар


За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во однос на вчера, со што езерото за 32 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, при што нивото е за 1,35 метри пониско од просекот за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на останатите две природни езера се исти како …

Водостојот на Преспанското Езеро зголемен за еден сантиметар Read More »

Нови 1.000 домаќинства од општина Гази Баба ќе се приклучат на градското парно


Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти кои Владата и локалната самоуправа заеднички ги реализираат во оваа општина меѓу кои и поврзувањето на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа, инвестиција вредна 600.000 евра. -Една од стратегиските определби на …

Нови 1.000 домаќинства од општина Гази Баба ќе се приклучат на градското парно Read More »

ОЈО покрена постапка против 46-годишен тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца​


 Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување. На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена. – Осомничениот како тренер по џудо, од …

ОЈО покрена постапка против 46-годишен тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца​ Read More »

Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1.348 663 претплатници


Заклучно со третиот квартал лани во државава се регистрирани 1 348 663 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилните мрежи, што е за 92 048 повеќе споредено со вториот квартал, односно за 46 000 во однос на третото тримесечје во 2019, покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за електронски …

Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1.348 663 претплатници Read More »

Пендаровски: Македонскиот јазик се негира од политички причини


Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески заслужува најголема почит и благодарност. Заслужува, еден век од неговото раѓање, 2021-вата да биде година во негова чест. Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во обраќањето преку видео-порака на отворањето на Зимската школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, литература …

Пендаровски: Македонскиот јазик се негира од политички причини Read More »

Шекеринска меѓу 153 потписници на писмо до претседателот Бајден


На покана на Центарот за американски прогрес (Center for American progress) и Мрежата за глобален прогрес (Global Progress Network ), министерката за одбрана Радмила Шекеринска го стави својот потпис на писмото за поддршка до американскиот претседател Џо Бајден, за нови политики во борбата со климатските промени, соопшти Министерството за одбрана. – Таа борба е заедничка …

Шекеринска меѓу 153 потписници на писмо до претседателот Бајден Read More »

Вучиќ: Ќе бараат да го признаеме Косово, за да не се создаде Голема Албанија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени денеска дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово „несомнено“ ќе победат силите што се залагаат за голема Албанија што странците потоа ќе го искористат за да извршат притисок врз Србија за признавање на независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ оцени дека Србија во секоја смисла ја …

Вучиќ: Ќе бараат да го признаеме Косово, за да не се создаде Голема Албанија Read More »

Вучиќ: Потешко е да се добие вакцина отколку нуклеарно оружје


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обидува од пријатели во светот да  добие повеќе вакцини бидејќи Србија нарачала осум милиони вакцини, а досега добила само 1.150.000. „Денес е потешко да се добие вакцина отколку нуклеарно оружје“, изјави српскиот претседател. Тој додаде дека Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за пандемијата на кронавируси. „Ние …

Вучиќ: Потешко е да се добие вакцина отколку нуклеарно оружје Read More »

„Телеграф“: Можно е Британија да биде во „локдаун“ до 17 јули


 Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за „локдаун“, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули, објави „Телеграф“. Премиерот Борис Џонсон уште во петокот истакна дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лицаи со …

„Телеграф“: Можно е Британија да биде во „локдаун“ до 17 јули Read More »

Димитров и Османи на средби во Брисел


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе остварат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ. Во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници …

Димитров и Османи на средби во Брисел Read More »

Самарас: Договорот од Преспа не го реши проблемот, Грција даде име, идентитет и јазик


Ниту проблемот се реши, ниту Грција виде нешто добро. Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик, вели поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија Андонис Самарас во интервјуто за „Катимерини“ во однос на Договорот од Преспа. Паралелно, објаснувајќи ги неговите ставови, најавува дека кога трите меморандуми со Северна Македонија ќе дојдат …

Самарас: Договорот од Преспа не го реши проблемот, Грција даде име, идентитет и јазик Read More »

И моторите ќе се одземаат привремено ако не се регистрирани


Мерката за привремено одземање возило доколку регистрацијата е истечена повеќе од шест месеци ќе помогне во отстранување на голем број мотори кои се возат низ градските улици и со големи брзини и високо ниво на бучава.  Ваква е проценката на полицијата околу воведување поголем ред со овие сообраќајни прекршоци. Тони Ангеловски, портпарол и помошник министер …

И моторите ќе се одземаат привремено ако не се регистрирани Read More »

МВР: Изречени 88 казни за брзо возење во Тетово


МВР денеска во Тетово продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот, со цел ставање ред на патиштата и улиците во државата. При контролите на територија на Тетово, на автопатиштата Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар во текот на вчерашниот ден има изречено 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното. -Засилените контроли …

МВР: Изречени 88 казни за брзо возење во Тетово Read More »

И СДСМ демантира дека „македонски“ се заменува со името на државата


  Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси, порачува денес со соопштение СДСМ. Според оваа партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излажал  дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна …

И СДСМ демантира дека „македонски“ се заменува со името на државата Read More »

Царовска: Новата концепција за образование е влез во нова ера


 Меѓународниот ден на образованието 24 јануари годинава го одбележуваме во време на пандемија што ни наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање решенија за непречена настава и квалитетно образование и во овие исклучително сложени услови, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќање по повод …

Царовска: Новата концепција за образование е влез во нова ера Read More »

Спасени седум од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели


Спасувачки екипи извлекоа седум кинески рудари на безбедно, откако две недели беа затрупани во рудникот по експлозијата која ги спречи да излезат, објави државната телевизија ККТВ. Се претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудара, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато. На телевизиската видео снимка се гледа како утрово спасувачките екипи …

Спасени седум од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели Read More »

Историската комисија негира дека „македонски“ ќе се замени со името на државата


 Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката „македонски“ ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, нагласуваат од македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. -Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста …

Историската комисија негира дека „македонски“ ќе се замени со името на државата Read More »

Пендаровски се консултира со експерти дали да го потпише Законот за попис


Претседателот Стево Пендаровски најпрвин ќе се консултира со правни експерти, па потоа ќе го потпише Законот за попис, велат од кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве. „Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти …

Пендаровски се консултира со експерти дали да го потпише Законот за попис Read More »

Добитник на американската лотарија освои милијардa долари


Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД. – Некој утрово се разбудил во Мичиген и ја слушнал веста која ќе …

Добитник на американската лотарија освои милијардa долари Read More »