Вучиќ: Потешко е да се добие вакцина отколку нуклеарно оружје


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обидува од пријатели во светот да  добие повеќе вакцини бидејќи Србија нарачала осум милиони вакцини, а досега добила само 1.150.000.

„Денес е потешко да се добие вакцина отколку нуклеарно оружје“, изјави српскиот претседател.

Тој додаде дека Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за
пандемијата на кронавируси.

„Ние сме деветти во светот, мислам дека можеме да бидеме 6-ти или 9-ти во
следните 3 дена. Ќе изгубевме илјадници животи ако не го сторевме тоа“, рече тој.
Според него, Србија платила многу помалку за кинески вакцини отколку што се
продаваат во светот.

“Му напишав писмо на претседателот на Кина, Кси да ја намали цената за Србија. Таа
цена е драматично намалена”, рече тој.