Заев: Ниту еден министер не примил вакцина, сите чекаат ред


    Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија. Во …

Заев: Ниту еден министер не примил вакцина, сите чекаат ред Read More »

Левица за пописот: Обидот за фалсификат само се пролонгира


Кампањата „Не отворам врата” ќе продолжи ако не биде донесен новиот закон за попис, соопшти денеска Левица. „Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на …

Левица за пописот: Обидот за фалсификат само се пролонгира Read More »

Досега попишани 177.875 иселеници, според ДУИ главно Албанци


Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица  од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика. Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40.400 и Италија – 2.618.Во САД има попишано 7. 484 лица, во Австралија 2. 227 и Канада – 1.591 граѓанин. Од соседството од Албанија досега …

Досега попишани 177.875 иселеници, според ДУИ главно Албанци Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и блокирана и должна на сите страни


Државниот завод за ревизија го испита работењето на најголемите политички партии во Македонија во 2018 и 2019 година, од што произлезе дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не била недомаќинска само кон државата, туку и кон самата себе. Освен што ѝ е блокиран дел од недвижниот имот поради судски спор ВМРО-ДПМНЕ, според ДЗР, има и долгови …

ВМРО-ДПМНЕ и блокирана и должна на сите страни Read More »

Експерти на СЗО тврдат дека кинеските вакцини се покажале безбедни


Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопштија дека вакцините на кинеските лаборатории „Синофарм“ и „Синовак“ се покажаа безбедни и ефикасни против Ковид-19, но, сепак,  потребни се и дополнителни анализи. Проценката ја направи Советодавната стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март за да даде …

Експерти на СЗО тврдат дека кинеските вакцини се покажале безбедни Read More »

Заев ќе стори се што може пописот да даде квалитетни податоци


Премиерот Зоран Заев денеска гарантираше дека ќе стори се пописот да даде квалитетни и целосни податоци од кои потоа ќе може државата квалитетно да ги димензионира и економските, финансиски и сите видови на политики. Според него,  важно е низ дијалог да се постигне консензус за секое можно прашање, по што повика сите да придонесат да …

Заев ќе стори се што може пописот да даде квалитетни податоци Read More »

Франција ќе финансира проекти на Македонија за да влезе побргу во ЕУ


Регионалниот директор на Француската агенција за развој на Западен Балкан,  Доминик Отберг, ја презентираше денес во македонското МНР новата стратегија за поголемо присуство на Франција и за побрз економски и социјален развој на Македонија – што ќе ни ја отвори побрзо вратата во Европската унија. Според Отберг, Агенцијата ќе располага со фонд од две милијарди …

Франција ќе финансира проекти на Македонија за да влезе побргу во ЕУ Read More »

Осум месеци затвор за Бетим Касами, учесник во протестите  за случајот ,,Монструм”


Обвинетиот Бетим Касами, е осуден на казна затвор од осум месеци за насилните настани од 26 февруари кога се протестираше против пресудата за случајот „Монструм”. Судот при одредување на казната, рече дека ја имал предвид здравствената состојба на обвинетиот.Обвинетиот Бетим Касами, пред судот се произнесе дека ја прифаќа вината за сторено кривично дело учество во …

Осум месеци затвор за Бетим Касами, учесник во протестите  за случајот ,,Монструм” Read More »

Австрија очекува да се врати во нормалата со милион дози „Спутник“


Австрија во борбата против коронавирусот е се поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина Спутник В.На тоа укажува и денешната објава на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи. – Со милион дози на Спутник В би можеле побрзо да се вратиме во нормала, напиша Курц на својот фејсбук-профил. Иако Европската агенција за …

Австрија очекува да се врати во нормалата со милион дози „Спутник“ Read More »

Димитров од Љубљана: Ако нема преговори ќе нема ни кредибилитет на ЕУ


Ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања, изјави денеска во Љубљана вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на словенечката дипломатија Анже Логар. Димитров потсети дека оваа година земјава одбележува две децении од …

Димитров од Љубљана: Ако нема преговори ќе нема ни кредибилитет на ЕУ Read More »

Рекордни 1.581 пациенти се лекуваат во болниците од корона


    Вкупно 1.581 пациент се лекува во болниците во земјава по компликации од коронавирусот и има околу 260 празни кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти, а вкупно 654 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на …

Рекордни 1.581 пациенти се лекуваат во болниците од корона Read More »

Кина: Ништо не сме сокриле од СЗО за потеклото на пандемијата


Кинескиот здравствен експерт Лиан Ваниан изјави дека нема фактичка основа за да се поддржат тврдењата дека Кина не споделила информации со истражувачи назначени од Светската здравствена организација (СЗО) за да го испитаат потеклото на коронавирусот. По официјалното објавување на резултатите од заедничката истрага за потеклото на вирусот од Кина и СЗО, генералниот директор на светската …

Кина: Ништо не сме сокриле од СЗО за потеклото на пандемијата Read More »

Заев: Здраво е да имаме несогласување


Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество. – Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа …

Заев: Здраво е да имаме несогласување Read More »

Османи на средба со грчкиот амбасадор за границата


Министерот за надворешни работи  Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Хеленската Република, Русос Кундурос. Во фокус на разговорите на двајцата соговорници биле актуелностите во земјава поврзани со тековните предизвици на пандемијата и предизвиците кои во таа насока се создаваат за протокот со соседна Грција. Османи ја истакнал важноста од засилување на проток на …

Османи на средба со грчкиот амбасадор за границата Read More »

Стејт департмент: Владата покажува поголема почит кон судството од претходните


    Во најновиот Извештај  за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија се забележува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и …

Стејт департмент: Владата покажува поголема почит кон судството од претходните Read More »

Македонецот во кома во Ниш е таткото на Влатко Ѓорчев


Македонецот што падна во кома по вакцинација во Ниш е Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вчерва на  Фејсбук профилот објави дека неговиот татко се бори за животот на респиратор.   Според Влатко Ѓорчев, татко му тргнал за Ниш да се вакцинира затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Пошол …

Македонецот во кома во Ниш е таткото на Влатко Ѓорчев Read More »

Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија (ВИДЕО)


Министерството за надворешни работи на  Македонија до Министерството за надворешни работи на Бугарија упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски. „Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика …

Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија (ВИДЕО) Read More »

Заев и Мицкоски го одложија пописот за септември


По долги месеци постојани напади едни врз други првите луѓе на двете најголеми партии денеска покажаа изненадувачка конструктивност за најголемиот број прашања. Нивните изјави беа повеќе признание за соработка отколку за конфронтација   Слободанка Јовановска Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба во …

Заев и Мицкоски го одложија пописот за септември Read More »

Утре седница на Советот за безбедност


Утре во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и …

Утре седница на Советот за безбедност Read More »

Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка, порача Докиќ


Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка. Тие се сè уште мали и немаат доволен број АЦ2 рецептори и помалку се заразуваат со Ковид-19, а имаат и полесна клиничка сликаа, порача проф. д-р Дејан Докиќ. Тој информира дека 80 проценти од инфицираните кои доаѓаат во поликлиниките и болниците, лесно го поминуваат коронавирусот, …

Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка, порача Докиќ Read More »