Левица за пописот: Обидот за фалсификат само се пролонгира


Кампањата „Не отворам врата” ќе продолжи ако не биде донесен новиот закон за попис, соопшти денеска Левица.

„Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на пописен фалсификат. Фактот дека на лидерската средба беше одлучено да продолжи пописот во дијаспората, што патем е еден преседан во европската практика, јасно покажува дека обидот за фалсификат е само пролонгиран“, се вели во соопштението на Левица и се додава дека Македонија е единствената земја каде ќе се попишува дијаспората, каде граѓаните ќе се попишуваат само со матичен број и каде трети лица може да даваат лични податоци за друг поединец.“, твдат од Левица.