Заев ќе стори се што може пописот да даде квалитетни податоци


Премиерот Зоран Заев денеска гарантираше дека ќе стори се пописот да даде квалитетни и целосни податоци од кои потоа ќе може државата квалитетно да ги димензионира и економските, финансиски и сите видови на политики. Според него,  важно е низ дијалог да се постигне консензус за секое можно прашање, по што повика сите да придонесат да имаме успешен попис.

 -Секоја отстапка, секоја големина, секоја широчина која ќе ја гарантира успешноста на процесот е добредојдена и важна во функција на успешноста на процесот. Еден граѓанин да не се попише е проблем. Сите треба да се попишат. За СДСМ да повика на попис, да учествува во пописот и да даде придонес, вредно е да ги слушнеме и нивните аргументации, изјави премиерот Зоран Заев во Собранието.Додаде дека поголем дел од населението ќе биде имунизирано, но никој не може да гарантира дека во септември нема да им поголем бран од сегашниот на коронавирусот. потоа следува да разговараат предлагачите  со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, рече Заев.

Заев очекува Алијанса на Албанците и Алтернатива да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Законот за попис затоа што, како што рече, логично е да застанеме сите зад тоа решение. Потсети дека тие во минатото имале свои интервенции со амандмани за наместо во април, пописот да се одржи во јуни, поради што смета дека не би требало да има проблем. 

-Наша цел е сите да застанеме зад законот. Затоа јас разговарав со најголемата опозициска партија која беше против и еве денес изнајдовме решение, имаме решение за сите да бидеме за, изјави Заев. 

Во однос на процедурата за одложување на пописот, Заев изјави дека ќе остави Парламентот да даде одговори и нагласи дека очекува да имаме јасно, чисто правно решение за одложување.