Бектеши: Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се!


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да …

Бектеши: Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се! Read More »

Австриски весник „Винер Цајтунг“ преживеа се, дали ќе го преживее Курц?


 Кога австрискиот весник „Винер Цајтунг“ го објави своето прво издание, просветителството допрва требаше да се случи во Европа, пронаоѓањето на парната машина беше еден век подалеку, а во политиката на континентот доминираше Французинот желен за моќ со прекар Кралот Сонце. Весникот е основан во 1703 година и тврди дека е најстариот дневен весник во светот …

Австриски весник „Винер Цајтунг“ преживеа се, дали ќе го преживее Курц? Read More »

Десет пати поголема поддршка за инвеститорите кои соработуваат со македонски фирми


Компаниите од и во индустриските зони кои работат со домашни добавувачи ќе добиваат десет пати поголема финансиска поддршка од државата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Презентирајќи ги усвоените измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Бектеши на прес-конференција рече дека инвеститорите во зоните наместо еден процент како досега, ќе добиваат …

Десет пати поголема поддршка за инвеститорите кои соработуваат со македонски фирми Read More »

Груби го брани изборот на Мерко за нов градоначалнички мандат


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга. – Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и …

Груби го брани изборот на Мерко за нов градоначалнички мандат Read More »

Кои се најлуксузните аеродроми во светот?


За првпат по речиси една деценија, аеродромот „Чанги“ во Сингапур го загуби своето место на врвот на годишното рангирање на „Скајтракс“ за најдобрите светски аеродроми.Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Доха, кој со години се искачуваше, беше награден со првото место во 2021 година во категоријата „Најдобар светски аеродром“. Оваа година, „Чанги“ се најде на третото место-достигнување …

Кои се најлуксузните аеродроми во светот? Read More »

Корона вирусот ќе се претвори во обична настинка, тврди британски експерт


Корона вирусот ќе се појавува како обична настинка во иднина. Ова за списанието „Спектер“ го изјави Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија во Норвич. „Ковид ќе стане друга болест. За неколку години, повеќето случаи на инфекција со него ќе бидат асимптоматски или како блага форма на заболување на носот и грлото. …

Корона вирусот ќе се претвори во обична настинка, тврди британски експерт Read More »

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери


Правниот сектор на политичката партија Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието,Талат Џафери, поради, како што соопшти партијата, постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со можна затворска казна …

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери Read More »

Од компликации од Kовид почина 29-годишна родилка од Куманово


    Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на ковид-19. Неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника. Таа претходно се породила во седмиот месец од бременоста и бебето е во инкубатор. Од Министерството за здравство за „360 степени“ потврдуваат дека родилката починала и …

Од компликации од Kовид почина 29-годишна родилка од Куманово Read More »

Алармантeн пораст на заразени од Ковид 19 во САД


САД просечно регистрираат над 100.000 нови дневни случаи на Ковид-19 дневно, што е најголем број за речиси шест месеци, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, објави Си-Ен-Ен. Последен пат кога просечната дневна вредност за седумдневен период надмина 100.000 случаи беше на 11 февруари, покажуваат податоците. Земјата достигна низок просек за 2021 година од 11.299 дневни …

Алармантeн пораст на заразени од Ковид 19 во САД Read More »

Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Кумановско


Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, …

Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Кумановско Read More »

Во Прилеп одбележана 20-годишнината од Карпалак


 Со достојна почит денеска во Прилеп, пред споменикот во центарот на градот се одбележа 20-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои при заседа на армискиот конвој загинаа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак. Свежо цвеќе положија и пред споменикот се поклонија претседателот Стево Пендаровски, делегација на Владата предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, …

Во Прилеп одбележана 20-годишнината од Карпалак Read More »

Заев убеден дека државата ќе се справи со пожарот, Мицкоски се сомнева


 Обезбедени се доволни количини вода во случај да не стивне ветрот и пожарот да го зафати беровското село Будинарци. Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата, е убеден дека државата ќе се справи со пожарот и ќе  ќе биде комплетно локализиран. -Горе се локализира, но секако ветрот не дава …

Заев убеден дека државата ќе се справи со пожарот, Мицкоски се сомнева Read More »

Хелсиншки комитет бара да им помогне на граѓаните кои претрпеа штета од пожарите


Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините, треба да им пружи неопходна финансиска и психосоцијална поддршка на најзагрозените. Државата треба да ги стави на располагање своите сместувачки капацитети, за навремено да се згрижат лицата чии живеалишта се опожарени или кои се во непосредна близина на пожарите. Исто така, исплатата на соодветен надомест …

Хелсиншки комитет бара да им помогне на граѓаните кои претрпеа штета од пожарите Read More »

В среда ќе се гласа за новата бугарска влада


Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Ива Митева, објави дека очекува предлог владата на партијата „Има таков народ“ да се стави на гласање на редовната седница на Парламентот в среда, на 11 август. Таа коментираше за Бугарското национално радио, велејќи дека парламентарните партии побарале дополнително време за да ја разгледаат нивната одлука. Како што јави …

В среда ќе се гласа за новата бугарска влада Read More »

Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми


На место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми, информираа од Министерството …

Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми Read More »

Во гаснење и превенирање на пожарите вклучени 616 полициски службеници и 189 возила на МВР


  Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот на 6 август  до 70 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на Министерството за внатрешни работи беа ангажирани околу 616 полициски службеници, како и 224 мото-патроли и 189 возила. – На 6 …

Во гаснење и превенирање на пожарите вклучени 616 полициски службеници и 189 возила на МВР Read More »

Стигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, се чека и авион „Херкулес 530“


 „Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и …

Стигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, се чека и авион „Херкулес 530“ Read More »

Гoрат Атина, јужна Италија и Калифорнија


Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ светот. Огнената стихија е надвор од контрола во Грција, гори на Сицилија и Калабрија, а во Калифорнија беснее третиот најголем пожар во историјата на таа американска сојузна држава. Северно од Атина, пламенот може да се види оддалеку и му се заканува на градот Варибоби, кој повторно беше евакуиран по …

Гoрат Атина, јужна Италија и Калифорнија Read More »

ДИК го усвои Предлог-упатството за цената за платено политичко рекламирање


 Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои Предлог-упатството за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање. Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху соопшти дека ДИК е должна да ја објави не нејзината веб-страница просечната цена – постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на …

ДИК го усвои Предлог-упатството за цената за платено политичко рекламирање Read More »

ЕУ ги „дере“ компаниите со милијарди евра казни, а ги штеди лидерите автократи


Кога земјите -членки го прекршуваат правото на ЕУ или одбиваат да ги спроведат пресудите на Европскиот суд на правдата (ЕСП,) институциите на Унијата не се немоќни: Европската комисија може да предложи, а  ЕСП да изрече финансиски санкции.  Во јули годинава потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, одлучи да ја спроведе пресудата на ЕСП за полскиот …

ЕУ ги „дере“ компаниите со милијарди евра казни, а ги штеди лидерите автократи Read More »