Заев и Маричиќ на средба со шефицата на набљудувачите на ОДИХР


Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета. Премиерот Заев и министерот Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за …

Заев и Маричиќ на средба со шефицата на набљудувачите на ОДИХР Read More »

Талибанците пронашле 12,3 милиони долари кај поранешни функционери


Околу 12,3 милиони долари во готовина или златни шипки се пронајдени кај поранешни авганистански функционери, соопшти денеска авганистанската централна банка, еден месец откако талибанците ја обвинија поранешната влада за корупција и ја фалат својата транспарентност. – Пронајдените пари доаѓаат од високи поранешни владини претставници како Амрулах Салех (поранешен потпретседател) и некои безбедносни агенции кои чувале пари или злато во …

Талибанците пронашле 12,3 милиони долари кај поранешни функционери Read More »

Заев најави две нови „зелени“ инвестиции


Премиерот Зоран Заев најави две нови стратешки инвестиции – сончева електрична централа и ветерен парк.   -На предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки Владата ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ …

Заев најави две нови „зелени“ инвестиции Read More »

Ќе се затвори модуларната болница во Гостивар


    Модуларната болница во Гостивар до крајот на неделава ќе се затвори поради намалениот број на заболени, но и да се отстапи место за истражителите кои најавиле дека ќе вршат безбедносни проверки. По трагедијата во тетово во болницата  секојдневно се прават безбедносни проверки, како на електриката така и на сите инсталации во неа. На …

Ќе се затвори модуларната болница во Гостивар Read More »

Од вечерва корекции на откупните цени -10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“


Откупната цена за „смедервка“ да изнесува 10 денари, а за „вранец“ 12 денари. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена од страна на винариите. Ова е договорено денеска, по два и пол часа преговори на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со претставници на винариските визби. …

Од вечерва корекции на откупните цени -10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“ Read More »

Изменет сообраќаен режим утре во Скопје


 Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.Од  тие причини, информираат од МВР,  Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира  до сите граѓани …

Изменет сообраќаен режим утре во Скопје Read More »

 Стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај


Работиме заедно и на решавање на проблемите, меѓутоа и на спроведување на оваа најважна статистичка операција по 20 години, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој уште додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика. – Заклучно со вчерашниот ден попишани се, од теренскиот попис, 618.000 граѓани, и тоа …

 Стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај Read More »

Бочварски очекува до идната пролет да се затворат сите прашања за патната инфраструктура во источниот регион


 Експресните патишта Штип – Радовиш и Штип – Кочани се градат со исклучително добра динамика, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Првата фаза од патот Штип – Радовиш е веќе пуштен во употреба. Од втората фаза, привршува делот од Бучим до Радовиш, а се работи и на обиколницата во Штип. -Очекувањата се …

Бочварски очекува до идната пролет да се затворат сите прашања за патната инфраструктура во источниот регион Read More »

Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик


Собранието  без расправа со 78 гласа  „за“,  два „против“ и еден „воздржан„  и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците  Јован Митрески, Никола …

Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик Read More »

Атина се надева дека набргу ќе се свика меѓувладината конференција со Македонија


Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите. Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат  во една насока, бидејќи е „во …

Атина се надева дека набргу ќе се свика меѓувладината конференција со Македонија Read More »

Заев за оставките: Секој е заменлив, но нема разрешувања пред избори


Никој не е венчан за ниедна функција ниту, пак, од татко му е наследена. Секој е заменлив, но истовремено не смееме да се поставуваме несоодветно затоа што некој поради скриени политички побуди или други скриени намери бара нешто. Треба чесно, транспарентно, отворено да дискутираме, рече премиерот Зоран Заев во коментар на прашањето што треба да се случи за да се разбуди …

Заев за оставките: Секој е заменлив, но нема разрешувања пред избори Read More »

Учениците кои немаат таблет, треба да добијат од училиштето


 Учениците кои немаат финансиски средства да набават уред, уредот треба да биде доставен од училишето и тоа е јасно пропишано. Министерството за образование и наука (МОН) набави 10 илјади таблети како дополнение на сите таблети и електронски уреди кои ги имаат училиштата. Затоа повторувам дека во интерес на учениците е да имаат дигитален уред, а …

Учениците кои немаат таблет, треба да добијат од училиштето Read More »

Каматата не смее да биде поголема од долгот, предлог на група пратеници


  Група пратеници од парламентарното мнозинство  предлагаат измени на Законот за облигационите односи со кои се одредува каматите, кога ќе го достигнат износот на долгот, да престануваат да растат. Предлотот во скратена постапка е на дневен ред на денешната собраниска седница.Според предложеното нов член кој гласи: „Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе …

Каматата не смее да биде поголема од долгот, предлог на група пратеници Read More »

Издадени рекорден број одобренија за градба три месеци пред изборите


На три месеци пред изборите, во јули биле издадени одобренија за градба на скоро 2.000 станови, што е 3 до 4 пати повеќе од просечниот број на одобренија што се издаваат месечно, пишува Радио Слободна Европа. Најмногу дозволи, според анализата, се издадени во Аеродром, Центар и Карпош, каде актуелните градоначалници нема да добијат нов мандат. …

Издадени рекорден број одобренија за градба три месеци пред изборите Read More »

Мицкоски: Материјалот што бил користен во модуларните болници надминува морална одговорност


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук порача дека информациите за материјалот кој е користен за градба на модуларните болници ја надминува моралната одговорност на надлежните. Мицкоски притоа прашува зошто во набавката за модуларните болници се барале лесно запаливи PUR панели, не се барало атест за квалитет и зошто немало противпожарна заштита. – Со набавката …

Мицкоски: Материјалот што бил користен во модуларните болници надминува морална одговорност Read More »

За првпат во Бугарија еден службен кабинет ќе ја предаде власта на друг службен


Дури и пред да заврши, 2021 година може да се нарече година на политички преседани во Бугарија, коментира порталот Медијапол, најавувајќи дека за првпат во историјата еден службен кабинет – ќе ја предаде власта на друг службен кабинет. Според најавите, во четврток претседателот Румен Радев повторно ќе му го даде мандатот на досегашниот технички премиер …

За првпат во Бугарија еден службен кабинет ќе ја предаде власта на друг службен Read More »

Франција ги суспендира невакцинираните здравствени работници


 Здравствените работници во Франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе бидат суспендирани од работа. Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостаток на работна сила поради суспензијата. Во Франција, вакцинацијата на медицинските работници и работниците во итните служби е задолжителна. Денеска им истекува …

Франција ги суспендира невакцинираните здравствени работници Read More »

Урсула Фон дер Лајен најави посета на Западен Балкан


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека во септември ќе го посети Западен Балкан, нагласувајќи дека инвестирањето во иднината на тој регион е инвестирање во иднината на Европската унија. – Пред крајот на месецот, ќе одам во регионот за да испратам јасен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување, рече Фон …

Урсула Фон дер Лајен најави посета на Западен Балкан Read More »

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија


Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. Дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираш дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, …

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија Read More »

Курти условува за „Отворен Балкан“


Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да биде дел од „Отворен Балкан“сè додека Србија не го признае Косово, јави дописничката на МИА од Тирана. Тој додаде дека не може да биде на иста маса и да носи заеднички одлуки со држава која ги негира злосторствата извршени врз албанскиот народ. Курти истакна дека сите …

Курти условува за „Отворен Балкан“ Read More »