Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија


Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз. Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски …

Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија Read More »

Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците


Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати вечерва на нацијата најавувајќи ги новите мерки што ги презема против режимот на Владимир Путин со порака до граѓаните во земјите членки на НАТО – дека нема сомнение дека  ќе се активира членот пет , односно НАТО ќе се вклучи воено ако биде нападната некоја од земјите во …

Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците Read More »

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица


Руската полиција приведе повеќе од 700 луѓе на антивоените протести во повеќе градови во Русија, откако претседателот Владимир Путин испрати војници да ја нападнат Украина, соопштија независни набљудувачи. „Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти …

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица Read More »

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија


  Британскиот премиер Борис Џонсон   го претстави пакетот „остри“ санкции против Русија, насочени кон банки, членовите на потесното опкружување на претседателот Владимир Путин и екстремно богатите Руси со имот во Велика Британија. Западните земји го координираат воведувањето остри санкции против Русија поради инвазијата врз Украина. „Овој одвратен варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши …

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија Read More »

Луан Старова, елегантниот раскажувач, почина на 80 години


  Луан Старова, писателот кој го прегрна Балканот со неговите романи, кој го осудуваше национализмот и кој на пишувањето за емиграцијата и посвети толку многу години и енергија, почина денеска на 80-годишна возраст, објави вечерва неговото семејство на Фејсбук. „Со голема болка ве известуваме дека денеска почина нашиот татко, дедо и сопруг Луан Старова“, се …

Луан Старова, елегантниот раскажувач, почина на 80 години Read More »

НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва на Си Ен Ен соопшти дека во Алијансата уште од октомври имале информации дека Русија подготвува воена интервенција на Украина и дека се убедувале да ја спречат со дипломатски сретства. Столтенберг немаше одговор на заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека, секој што ќе се обиде да и …

НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина Read More »

Директорка на московски театар даде оставка, не сака да работи за „убиецот“ Путин


Скромни антивоени протести избија – и веднаш беа задушени – во неколку руски градови денеска , вклучувајќи ја и Москва, централниот град Челјабинск и Новосибирск во Сибир. Полицијата ги приведе демонстрантите во сите три града веднаш по нивното појавување. Исто така некои истакнати членови на руското граѓанско општество ја осудија војната. Познатите личности, вклучително и …

Директорка на московски театар даде оставка, не сака да работи за „убиецот“ Путин Read More »

Москва под хакерски напад, „урната“ страницата на Путин


Голем број веб-страници на руската влада, вклучително и онаа на претседателот на Русија Владимир Путин, т.е. на  Кремљ, е „урната“ од хакерски напад. Нападот е одговор на руските хакерски напади на украинските институции со кои сакаат да создадат паника во земјата и да ја отсечат воената команда. 

Цената на нафтата скокна на 105 долари за барел


 Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска скокна на 105 долари по рускиот напад врз Украина, што предизвика загриженост за снабдувањето со овој енергенс поради можни казни за руската нафта. Цената за барел нафта на лондонскиот пазар скокна за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари и накратко дојде и до 105,79 …

Цената на нафтата скокна на 105 долари за барел Read More »

Совет за безбедност: Македонија има доволно енергенси да ја преживее руската инвазија на Украина


 Советот за безбедност, предводен од претседателот Стево Пендаровски,  ја разгледа безбедносната состојба во земјава и во регионот поврзана со руската агресија врз Украина. Притоа, беа осудени воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета. Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна …

Совет за безбедност: Македонија има доволно енергенси да ја преживее руската инвазија на Украина Read More »

Во Украина војна, за Османи е поважно да му прави друштво на Ахмети во Тирана


  Лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од министри во македонската влада од ДУИ, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.  Зачудувачки е што министерот Османи се најде во Тирана кога денеска имаше седница на Советот за бозбедност кај претседателот Стево Пендаровски, на …

Во Украина војна, за Османи е поважно да му прави друштво на Ахмети во Тирана Read More »

Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад


 Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево  изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил. -Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел. „Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.   Советниокот додава …

Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад Read More »

Како лажеа Путин и Захарова за воената интервенција (ВИДЕО)


Руските медиуми наголемо ги објавуваа изминатите денови потсмевањата на претседателот Владимир Путин и на портпаролите на Кремљ, Дмитриј Песков и Марија Захариева за наводните западни лажни најави дека ќе има руска интервенција во Украина. Па така, Захариева пред медиумите прашуваше дали e објавено точното време кога ќе почне војната бидејќи, не можејќи да разбере информациското …

Како лажеа Путин и Захарова за воената интервенција (ВИДЕО) Read More »

Трас до рускиот амбасадор: Треба да се засрамите од себе!


Рускиот амбасадор во Обединетото кралство бил повикан од  британската министерка за надворешни работи Лиз Трас за да ги објасни постапките на Русија. -Тоа беше лош состанок, изјавил официјален претставник на министерката за надворешни работи, кој според него завршил така што Трас побарала од амбасадорот да си замине. Трас му порачала на амбасадорот дека треба да …

Трас до рускиот амбасадор: Треба да се засрамите од себе! Read More »

Зеленски: Не знам уште колку ќе бидам жив


Австрискиот канцелар Карл Нехамер Пред парламентот во Виена изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му телефонирал напладне, велејќи дека „се јавува од земја за која не знае уште колку ќе постои“. Зеленски, исто така, рече дека „се јавува како претседател кој не знае уште колку ќе биде жив“, рече Нехамер.  

„Киев индепендент“: Досега убиени стотина руски војници, речиси исто толку Украинци


„Киев индепендент“ јави дека досега украинските сили убиле околу стотина руски војници, а до 14 часот по локално време уништиле  7 руски авиони, 4 хеликоптери и  повеќе од 10 оклопни возила. Русија ги окупирала градовите Хеническ и Нова Каховка во Херсонската област. Медиумот исто така објави дека осумдесетина Украинци, војници и  цивили, загинале во руската воена …

„Киев индепендент“: Досега убиени стотина руски војници, речиси исто толку Украинци Read More »

Вучиќ разговарaше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со амбасадорите на земјите од Квинта и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија „за бројни прашања“, а сите информации за позициите искажани од партиите ќе бидат објавени во наредните 36 часа. Ова се наведува во кусото соопштение на прес-службата на претседателот на Србија по средбата со …

Вучиќ разговарaше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа Read More »

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина. „Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“. Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна …

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина Read More »

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист


Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на …

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист Read More »