ЕУ не го одобрила новиот пакет санкции против Русија


Дипломатите на ЕУ не го одобрија новиот пакет санкции против Русија, предложен од Европската комисија, бидејќи треба да се решат технички прашања, вклучително и дали забраната за увоз на јаглен од Русија ќе влијае врз постоечките договори, објавија западни медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Европската комисија вчера предложи забрана за увоз на сите видови …

ЕУ не го одобрила новиот пакет санкции против Русија Read More »

Петков сакал Македонија да ги почне преговорите во јуни


  Бугарскиот премиер Кирил Петков сака почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјата, објави на Фејсбук лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов. „Пред да се формира оваа влада, четирите партии преговараа и потпишаа коалициски договор. …

Петков сакал Македонија да ги почне преговорите во јуни Read More »

САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија


Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија. – Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту …

САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија Read More »

Преку 400 жители на Хостомел се водат како исчезнати


Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека повеќе од 400 жители на градот Хостомел се водат како исчезнати, по 35 дена окупација од страна на руските сили и се повика на изјавите на сведоците кои тврдат дека некои од нив биле убиени. „Повеќе од 400 луѓе исчезнаа за време на 35-те дена …

Преку 400 жители на Хостомел се водат како исчезнати Read More »

Русија се заканува со последици доколку биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН


Русија ги предупреди земјите-членки на ОН дека доколку гласаат „за“ или бидат воздржани во врска со барањето на САД да биде суспендирана од Советот за човекови права, таа ќе го смета за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи, се вели во нотата, во која денеска имале увид некои западни медиуми. САД …

Русија се заканува со последици доколку биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН Read More »

Од Ковид почина Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија


На 75-годишна возраст денеска во Москва почина лидерот на ултрадесничарската Либерално-демократска партија на Русија, Владимир Жириновски Веста ја соопшти Вјачеслав Володин, претседател на Думата. Жириновски беше примен во болница на 2 февруари со дијагноза Ковид-19. Жириновски е роден во Алмати, Казахстан. Тој е руски политичар, основач и лидер на Либерално-демократската партија на Русија, заменик-претседател на руската Дума и член …

Од Ковид почина Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија Read More »

Мишел: ЕУ треба да им понуди азил на руските дезертери


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека земјите-членки на Европска Унија треба да разгледаат начини да им понудат азил на руските војници кои ќе го напуштат бојното поле. Тој ги повика руските војници да не ги почитуваат наредбите. – Ако не сакате да учествувате во убивањето на вашите браќа и сестри Украинците, ако …

Мишел: ЕУ треба да им понуди азил на руските дезертери Read More »

Зеленски: Русија го користи гладот како оружје


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видеообраќањето пред ирскиот Парламент изјави дека Русија го користи гладот како оружје за освојување на територија. Тој додаде дека руските проектили ја уништуваат егзистенцијата, додека блокадата на сите украински поморски пристаништа и бродови го спречува извозот на храна, што би довело до недостиг на храна и зголемување на трошоците …

Зеленски: Русија го користи гладот како оружје Read More »

Будимпешта за Украина: Ова не е наша војна, ќе останеме надвор од неа


БУДИМПЕШТА, Унгарија – Унгарското Министерство за надворешни работи го повика украинскиот амбасадор  откако неколку денови претставниците на двете земји се пресметуваа вербално околу позицијата на Будимпешта за војната. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во средата на социјалните мрежи напиша  „ја осудуваме воената агресија, стоиме зад суверенитетот на Украина, но ова не е наша …

Будимпешта за Украина: Ова не е наша војна, ќе останеме надвор од неа Read More »

Папата бакна украинско знаме донесено од Буча


  Папата Франциско го бакна украинското знаме што му беше донесено од украинскиот град Буча и повторно повика на прекин на војната. Френциско пречека половина дузина украински деца  во салата за публика во Ватикан и им подари по едно џиновско чоколадно велигденско јајце. Тој повика на молитви за нив и за сите Украинци. „Неодамнешните вести …

Папата бакна украинско знаме донесено од Буча Read More »

Трајанов бара да се тргнат нерезидентните од пописот


Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов бара Собранието да расправа за пописот. Трајанов го доставил барањето до претседателот на Собранието Талат Џафери и бара за Информацијата за пописот пленумот да расправа на наредната седница. Тој предлага Собранието да донесе измени и дополнувања на Законот за попис на нселението, домаќинствата и становите со кои од …

Трајанов бара да се тргнат нерезидентните од пописот Read More »

Кина: САД да покажат посветеност во решавање на кризата во Украина


Американските власти мора да покажат посветеност во решавањето на кризата во Украина, со укинување на санкциите воведени кон Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан. Според него, претставниците на Белата куќа треба да престанат да и се заканува на Москва и да промовира руско-украинските мировни преговори. – САД имаат корист …

Кина: САД да покажат посветеност во решавање на кризата во Украина Read More »

Ќучук: Не верувам дека на ЕУ ќе ѝ беше подобро без проширувањето


Дали ве плаши дека војната во Украина може да се префрли во регионот на Западен Балкан и дали единствен начин да се избегне тоа е да се интегрираат овие земји во ЕУ? -Ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедна бидејќи е загрозен поредокот заснован на правила и се прекршени сите заеднички …

Ќучук: Не верувам дека на ЕУ ќе ѝ беше подобро без проширувањето Read More »

СДСМ отфрла одговорност за „Лајка“, ја обвини Арсовска за расипништво


Има расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на грбот на вработените, во ЈП Лајка со месеци немаат земено плата, возвратија од СДСМ на обвинувањата дека во време на мандатот на Петре Шилегов биле направени огромни долгови поради кои сега ова претпријатие има проблем да се финансира.    „Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и …

СДСМ отфрла одговорност за „Лајка“, ја обвини Арсовска за расипништво Read More »

Владата усвои план за купување воена опрема


Владата  го донесе Годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година. Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи …

Владата усвои план за купување воена опрема Read More »

ЕУ воведува шест нови санкции кон Русија


Европската унија планира да предложи задолжително постепено укинување на увозот на јаглен од Русија како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очевидни воени злосторства во Украина, тврдат извори за Блумберг. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер објави список со санкции што ЕУ утре ќе ги воведе против Русија: – …

ЕУ воведува шест нови санкции кон Русија Read More »

Фон дер Лајен и Борел ќе одат во Киев


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, оваа недела во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави портпаролот на ЕУ, Ерик Мамер. Посетата на главниот град на Украина ќе се случи пред сабота, кога Фон дер Лајен треба да присуствува на настан …

Фон дер Лајен и Борел ќе одат во Киев Read More »

Анима Мунди бара одговорност за претходното раководство на „Лајка“


Ќе има ли одговорност за минатото раководство на ЈП ЛАЈКА кое,освен што лажирало извештаи и хуман третман на животните,  континуирано продуцирало огромни трошоци и го вовело претпријатието во финансиска бездна?- реагираа од Анима Мунди.  -Сегашните обвинувањата кон град Скопје актуелниот директор на ЈП Лајка, Воислав Димитровски се невиден цинизам затоа што проблемите произлегуваат исклучиво од …

Анима Мунди бара одговорност за претходното раководство на „Лајка“ Read More »

Столтенберг: Целта на Русија е да го заземе целиот Донбас


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија не се откажува од инвазијата врз Украина и дека следните седмици ќе се обиде целосно да го освои регионот Донбас. – Сега гледаме значително движење на (руските) трупи подалеку од Киев за да се прегрупираат, повторно да се вооружат и да се снабдат и да …

Столтенберг: Целта на Русија е да го заземе целиот Донбас Read More »

Европските земји масовно протеруваат руски дипломати


Гневот поради масовните цивилни убиства во украинскиот град Буча ги натера Шпанија, Италија и Шведска им се придружат на ЕУ-сојузниците и да протераат руски дипломати од своите земји. Претходно  на таков чекор се одлучија Данска, Германија и Франција. Шпанија ќе протера околу 25 руски дипломати и вработени во руската амбасада во Мадрид. Потегот го најави …

Европските земји масовно протеруваат руски дипломати Read More »