Папата бакна украинско знаме донесено од Буча

Франциско уште еднаш повика да запре војната, а Буча го нарече „маченички град“


 

Папата Франциско го бакна украинското знаме што му беше донесено од украинскиот град Буча и повторно повика на прекин на војната.

Френциско пречека половина дузина украински деца  во салата за публика во Ватикан и им подари по едно џиновско чоколадно велигденско јајце. Тој повика на молитви за нив и за сите Украинци.

„Неодамнешните вести од војната во Украина, наместо да донесат олеснување и надеж, донесоа сведоштво за нови злосторства, како масакрот во Буча, уште пострашна суровост извршена врз цивили, беспомошни жени и деца“, рече папата. „Тие се жртви чија невина крв плаче до небото и бара да се прекине оваа војна и да се замолчи оружјето. Престанете да ширите војна и уништување“.

Тој м рече на насобраните: „Овие деца мораа да побегнат за да стигнат на безбедно место. Ова е плод на војната“.

Папата држеше украинско знаме за кое рече дека пристигнало претходниот ден во Ватикан од Буча, каде што се појавија докази за намерни убиства на цивили за време на окупацијата на градот од страна на руските војници. Бакнувајќи го, тој рече: „Ова знаме доаѓа од војната, од тој маченички град Буча… Да не ги заборавиме. Да не го заборавиме народот на Украина“.