Цените на храната паѓаат во светот единаесет месеци по ред


  Референтниот индекс на меѓународните цени на прехранбените производи, иако благо, се намали во февруари, 11-ти месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната во просек беше 129,8 поени во февруари, што е пад од 0,6 отсто во однос на јануари, но за 18,7 …

Цените на храната паѓаат во светот единаесет месеци по ред Read More »

Ковачевски и Бектеши лично проверија дали има леб по 33 денари


   Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши си купија денес евтин леб. Двајцата влегоа во продавница за да проверат дали се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот и дали го има во рафтовите. Додека тие проверуваа, проверуваше и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кој потоа  информираше дека е континуирано …

Ковачевски и Бектеши лично проверија дали има леб по 33 денари Read More »

Скринингот на брза лента, денес расправа за слободното движење на работниците


  Во Брисел денеска се одржува билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работници“ во рамки на Кластерот 2, „Внатрешен пазар“, што го отвори државната секретарка во СЕП и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која кажа дека веќе се спроведени многу реформи во оваа област, но дека Владата знае оти …

Скринингот на брза лента, денес расправа за слободното движење на работниците Read More »

Мицкоски: Граѓаните треба да добијат леб по најниска можна цена


 Граѓаните треба да го добијат лебот, кој е основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање отворањето на спортската сала во населено место Стајковци во Општина Гази Баба, Мицкоски рече дека „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“. – …

Мицкоски: Граѓаните треба да добијат леб по најниска можна цена Read More »

Боки 13 си ги бара чантите и чевлите


Бојан Јовановски-Боки 13, преку писмо до медиумите си ги бара чантите и чевлите што му биле одземено поради случајот „Рекет“ порачувајќи дека лежи во затвор за нешто што за се тврди дека го стекнал, а никој не проценил колку вреди. Станува збор за брендирана облека и предмети што му беа одземени бидејќи преку нив перел …

Боки 13 си ги бара чантите и чевлите Read More »

Пекарите од утре ќе испорачуваат леб и по 33 денари, но правно ќе се пресметаат со Владата


Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и судска постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Како што изјави  претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а …

Пекарите од утре ќе испорачуваат леб и по 33 денари, но правно ќе се пресметаат со Владата Read More »

Молдавците го избришаа „молдавскиот јазик“


Вчера Парламентот на Молдавија изгласа според тамошните оценки историска одлука во целото законодавство на Молдавија империјалистичкиот остаток од советската ера –  „молдавскиот“ јазик – да биде заменет со „романски“ јазик. -Доцниме повеќе од 30 години во слободувањето од оваа руска лага, беше еден од коментарите објавени на Твитер од локален политичар.  Според одлуката фразите „молдавски …

Молдавците го избришаа „молдавскиот јазик“ Read More »

Нема преговори за влез на уште една партија во Владата


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.  – Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да …

Нема преговори за влез на уште една партија во Владата Read More »

Премиерот тврди: Никој нема да прави профит на сметка на граѓаните


Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во врска со одлуката за замрзнување на цената на лебот, уште еднаш соопшти дека Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Ковачевски најави дека во блиска иднина е можно да се замрзнат цените и на некои други прехранбени производи, за што калкулациите веќе се прават. …

Премиерот тврди: Никој нема да прави профит на сметка на граѓаните Read More »

Пресметано зло: Како силите на Путин користат тортура за да го избришат украинскиот идентитет


Новата истрага за окупацијата на Керсон откри злобна шема на руската бруталност. Русија имала најмалку 20 комори за мачење на десниот брег на регионот Керсон во текот на осумте месеци окупација. Дури  54 дена Русите го држеле затворен Роман Баклажов, бизнисмен и волонтер за испорака на храна од јужниот украински град Керсон. Во обидот да …

Пресметано зло: Како силите на Путин користат тортура за да го избришат украинскиот идентитет Read More »

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација


  Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија. „Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат …

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација Read More »

Рајдер: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за Украина да напаѓа на територијата на Русија 


  Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.  -Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за …

Рајдер: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за Украина да напаѓа на територијата на Русија  Read More »

Русите го урнале клучниот мост во Бахмут


Руските сили во текот на ноќта го кренаа во воздух клучниот мост кој гого поврзува опколениот град Бахмут на истокот на Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција. Во полицијата во градот Константинивка за Си-Ен изразија надеж дека мостот ќе се санира во наредните денови, затоа што е витална артерија за извлекување на цивили …

Русите го урнале клучниот мост во Бахмут Read More »

Водата може да поскапи до 29,5 денари месечно


Регулаторна комисија за енергетика, согласно методологијата за утврдување на цената на водата, определи минимален и максимален износ на цена на водата во Скопје, соопшти денеска првиот човек на комисијата Марко Бислимоски. – Донесена е одлука за минимална и максимална тарифа. Постојната тарифа е 31,87 денари. Минимална тарифа се утврдува на 31,51 денари поради помошта која ја добиваат …

Водата може да поскапи до 29,5 денари месечно Read More »

Први конзуларни консултации меѓу Македонија и Бугарија


На 1 март  во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу министерствата за надворешни работи на  Македонија и на Бугарија на ниво директори за конзуларни работи. На консултациите беа разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави. -Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска …

Први конзуларни консултации меѓу Македонија и Бугарија Read More »

Милошоски чека нов кандидат за амбасадор во Франција наместо Виктор Димовски


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски не очекува поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој е кандидат за амбасадор во Франција, да остане предлог на власта и на претседателот Стево Пендаровски за иден амбасадор во оваа земја членка на ЕУ.  – Ние како Комисија …

Милошоски чека нов кандидат за амбасадор во Франција наместо Виктор Димовски Read More »

Руска лажна провокација или украински напад на руска територија?


Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија. Руските власти тврдат дека украински диверзанти ја преминале границата и во областа Брјанск во Русија зеле неколку лица како заложници. „Според прелиминарните информации, неколку лица се земени како заложници во …

Руска лажна провокација или украински напад на руска територија? Read More »

Горан Милевски и Едмонд Адеми ги презентираа приоритетите како амбасадори


   На седница на собраниската Комисија за надворешна политика денеска новоименуваните амбасадори на земјава за Словенија, Горан Милевски, и за Шпанија, Едмонд Адеми ги претставија платформите за нивната дипломатска активност. Во презентацијата на тезите за својата активност Горан Милевски истакна дека Република Северна Македонија со Република Словенија има исклучително добри билатерални политички односи и плодна …

Горан Милевски и Едмонд Адеми ги презентираа приоритетите како амбасадори Read More »

На пекарите во Штип им се важни граѓаните, втор ден продаваат леб за 30 до 33 денари


  Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.  Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, …

На пекарите во Штип им се важни граѓаните, втор ден продаваат леб за 30 до 33 денари Read More »

Блинкен и Лавров се сретнаа за првпат по руската инвазија


Во Њу Делхи, на маргините на состанокот на Г-20, се сретнаа рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен. Состанокот, пишува „Њујорк Тајмс“, бил непланиран и се случил откако руската влада ги обвини западните држави за „уцени и закани“. Блинкен, како што им кажа на новинарите висок американски функционер, му изнел …

Блинкен и Лавров се сретнаа за првпат по руската инвазија Read More »