Молдавците го избришаа „молдавскиот јазик“


Вчера Парламентот на Молдавија изгласа според тамошните оценки историска одлука во целото законодавство на Молдавија империјалистичкиот остаток од советската ера –  „молдавскиот“ јазик – да биде заменет со „романски“ јазик.

-Доцниме повеќе од 30 години во слободувањето од оваа руска лага, беше еден од коментарите објавени на Твитер од локален политичар. 

Според одлуката фразите „молдавски јазик“, „официјален јазик“, „државен јазик“ и „мајчин јазик“ ќе бидат заменети со „романски јазик“ во сите закони на Република Молдавија, а националниот празник наречен „Нашиот  јазик“ ќе се преименува во  „ романски јазик“.

По последните безбедносни турбуленции во Молдавија предизвикани од одлуката на Москва да се повече од признавањето на суверенитетот на оваа држава и пропагандистичкото мешање во внатрешните работи, молдавската влада презема чекори да се ослободи од руското наследство, за да не и се случи истото што и на Украина. Сепак, од аспект на политичките трендови на Балканот, каде исто така од политички причини се појавија босански и црногорски јазик , Молдавците решија обратно.