Преку ден сончево и облачно, попладне дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). …

Преку ден сончево и облачно, попладне дожд Read More »

ЕПП откажа состанок во Варшава, загрозена позицијата на Манфред Вебер


Десничарската Европска народна партија (ЕПП) го откажа состанокот на својата група закажан за следната недела во Варшава по превирањата создадени откако белгиската полиција упадна во седиштето на партијата во вторникот. Два различни извори од ЕПП потврдија за „Еурактив“ дека полската делегација на ЕПП изразила сериозна загриженост за развојот на настаните и политичката штета врз семејството …

ЕПП откажа состанок во Варшава, загрозена позицијата на Манфред Вебер Read More »

Русија победува во Грузија


Додека САД и нивните сојузници во НАТО се фокусирани на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, напорите на Русија да внесе друга земја во својата орбита останаа главно незабележани. Како и многу земји кои некогаш биле дел од Советскиот Сојуз, Грузија има население кое во голема мера е про-ЕУ и про-НАТО, ориентација која …

Русија победува во Грузија Read More »

Додик: Република Српска ќе стане независна бидејќи БиХ не може во „Отворен Балкан“


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“. Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. „Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе …

Додик: Република Српска ќе стане независна бидејќи БиХ не може во „Отворен Балкан“ Read More »

Грузија се скара со САД што стави четири судии на „црната листа“


Министерот за надворешни работи, Илија Дарчијашвили, му испрати гневно писмо на државниот секретар на САД, Антони Блинкен за да го реагира на одлуката на Вашингтон да стави четворица судии во Грузија на листата Магнитски. Според него, одлуката на американскиот Стејт департмент за санкционирање на судиите била објавена во јавноста без да се презентираат никакви докази …

Грузија се скара со САД што стави четири судии на „црната листа“ Read More »

Каевски: Да го послушавме Мицкоски за енергетиката ќе бевме 100 милиони евра зијан


Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, Христијан Мицкоски, ги оспори денес познавањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од енергетиката, ставајќи ги во категоријата „лаги и промашувања“. -Прва и најголема негова лага беше дека цената на струјата за домаќинствата и компаниите драстично ќе поскапи.Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 40 до 50 …

Каевски: Да го послушавме Мицкоски за енергетиката ќе бевме 100 милиони евра зијан Read More »

Топла прегратка и студено рамо: Макрон и Дер Лајен различно пречекани во Кина


ПЕКИНГ – Тоа беше приказна за две посети.Францускиот претседател Емануел Макрон беше пречекан со црвен тепих оваа недела во Пекинг, прославен на државен банкет и пречекан со воени паради и пукање со топови на плоштадот Тјенанмен. Кога авионот на Макрон се спушти, министерот за надворешни работи на Кина го пречека лично. Кога пристигна претседателката на …

Топла прегратка и студено рамо: Макрон и Дер Лајен различно пречекани во Кина Read More »

Западните планови за украинската армија протекоа на интернет


Министерството за одбрана на САД истражува како доверливи воени документи кои детално ги прикажуваат плановите на САД и НАТО за зајакнување на вооружените сили на Украина пред планираната контраофанзива, беа објавени на интернет. Ова го пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на соговорници во Белата куќа. Документите активно ги дистрибуираат про-Кремљ канали во „Телеграм“. Според „Њујорк …

Западните планови за украинската армија протекоа на интернет Read More »

СЕП ќе предложи свој експерт за уставните измени во понеделник


Најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.  -Секако, ќе биде лице со искуство и кое долго работи на тие прашања и што ќе може да даде соодветен придонес …

СЕП ќе предложи свој експерт за уставните измени во понеделник Read More »

Македонија и Србија ќе си помагаат во евроинтеграцијата


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на европската интеграција. Двајцата министри оценија дека се дава посебно значење на соработката и натамошниот развој на севкупните билатерални односи во исполнувањето на нашите стратешки цели – евроинтеграцијата.На прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот вицепремиерот …

Македонија и Србија ќе си помагаат во евроинтеграцијата Read More »

Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е зачуден што неговиот колега Артан Груби доби  функција координатор на Коридор 8. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, а Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејствија, Маричиќ посочи дека за тоа треба да се изјаснат  Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија. „Тоа што владата одлучи …

Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите Read More »

Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ


 Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забвува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа. „Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на …

Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ Read More »

Кој е германскиот политичар на мета на полициската рација на ЕПП во Брисел?


Откако белгиската полиција упадна во седиштето на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел во вторникот, различни извештаи посочуваат дека германскиот политичар Марио Фојгт е под истрага за финансиски нерегуларности околу изборите за ЕУ во 2019 година. Марио Фојгт, човекот во срцето на истрагата, е член на германската Христијанско-демократска партија ЦДУ и од 2020 година е …

Кој е германскиот политичар на мета на полициската рација на ЕПП во Брисел? Read More »

Белгија под притисок да ги замрзне цените на 100 основни производи за три месеци


Белгија треба да ги замрзне цените на 100 производи за три месеци за да се осигура дека луѓето нема да западнат во финансиски проблеми кога купуваат основни производи поради вртоглавата инфлација, соопшти организацијата за заштита на потрошувачите Тест Ачатс. Купувањето намирници во супермаркет беше за 20% поскапо во март оваа година отколку во истиот месец …

Белгија под притисок да ги замрзне цените на 100 основни производи за три месеци Read More »

И Kовачевски не гледа улога за Софија во уставните измени


  Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.  -За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата …

И Kовачевски не гледа улога за Софија во уставните измени Read More »

Бектеши обвини за двојни фактури за зеленчукот


  Во Владата попладнево ќе се одржи координативен состанок околу замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот. Состанокот е свикан на барање на премиерот, а на него покрај министерот за економија ќе присуствуваат и директорите на Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финансиската полиција.  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференцијата во Владата …

Бектеши обвини за двојни фактури за зеленчукот Read More »

Моравјецки: Можен е забрзан прием на Молдавија во ЕУ


  Забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија би можел да биде возможен, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев. Според него, „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“. Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко …

Моравјецки: Можен е забрзан прием на Молдавија во ЕУ Read More »

Заев: Не наведнувајте глава пред радикалите на Балканот


  Ова е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и сојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искрите национализам коишто, на моменти, ја прекриваат дури и Преспа со непријатен чад и мирис. Умерените левичари и десничари …

Заев: Не наведнувајте глава пред радикалите на Балканот Read More »

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија?


Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членството во Европската унија. И, многу се намачи да ја …

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија? Read More »

Хависто до балканските земји: Поддршката на ЕУ да не се зема здраво за готово


Финска долго време силно го поддржува европскиот пат на своите партнери од Западен Балкан, но исто така очекува тие целосно да се усогласат со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија и да ги негуваат нејзините клучни вредности – човековите права, демократијата и владеењето на правото, изјави министерот за надворешни работи на Финска Пека Хависто. …

Хависто до балканските земји: Поддршката на ЕУ да не се зема здраво за готово Read More »