Западните планови за украинската армија протекоа на интернет


Министерството за одбрана на САД истражува како доверливи воени документи кои детално ги прикажуваат плановите на САД и НАТО за зајакнување на вооружените сили на Украина пред планираната контраофанзива, беа објавени на интернет. Ова го пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на соговорници во Белата куќа.

Документите активно ги дистрибуираат про-Кремљ канали во „Телеграм“. Според „Њујорк тајмс“, ова е прво пробивање на руското разузнавање кое е објавено од почетокот на војната во Украина и удар за САД бидејќи се обидуваат да и помогнат на Украина.

Плановите се појавија на Твитер и Телеграма претходно во текот на неделата, а администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да ги „симне“, но беше неуспешна.Документите се со датум од 1 март 2023 година – со други зборови, тие даваат идеја за тоа како изгледале украинските потреби на тој датум. Тие вклучуваат распореди за испорака на оружје, број на војници, трошоци за муниција, но не и конкретни борбени планови за украинската контраофанзива. Не недостасуваат и рокови – САД ја очекуваат за еден месец според коментарите јавно и неофицијално, додека Украина зборува за крајот на април и почетокот на мај.

Меѓу информациите, сепак, има извештаи за 12 борбени бригади кои се создадени од вооружените сили на Украина, од кои девет се подготвуваат и опремуваат од САД и НАТО. Еден дел требаше да биде завршен до 31 март, остатокот – до 30 април. Документите кажуваат и дека за деветте бригади биле потребни вкупно над 250 тенкови и над 350 механизирани возила (украинските бригади се по 4.000-5.000). Претходно Ројтерс објави дека 40.000 луѓе се подготвени за контраофанзива во Украина.

Но, не е сè во документите автентично. Некои воени аналитичари зборуваат за редактирање на  проценката на бројот на загинатите руски (16.000 до 17.500) и на украински сили (71.500). Не е познато дали ова е обид на Москва да дезинформира и да им служи на нејзините потреби за обликување на наративот за Украина, но некои од слајдовите се чини дека се вистински и тоа може да донесе вредни информации за Русија.

Пример се информациите за тоа колку брзо Украина ја троши муницијата обезбедена за ракетните системи ХИМАРС, обезбедени од САД. Пентагон никогаш јавно не кажа колку брзо украинските војници ја користат муницијата ХИМАРС, но тоа го кажуваат документите.

 Украина беше претпазлива во споделувањето на сопствените воени планови, можеби затоа што се плаши од протекување. Дури и летото, американските разузнавачки претставници рекоа дека честопати подобро ги разбираат руските планови отколку украинските. Споделувањето на разузнавачки податоци стана поинтензивно есенва.