Министерството за транспорт ќе дава дозволи и за изградба на супермаркети


Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Измените наводно имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.   …

Министерството за транспорт ќе дава дозволи и за изградба на супермаркети Read More »

Ни Уставниот суд не може да го смени Уставот, немало политички услови за тоа


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека се  неопходни  институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи. „За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на …

Ни Уставниот суд не може да го смени Уставот, немало политички услови за тоа Read More »

Филипче бара „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека мерките на Владата за кризата со горивата не даваат резултат и бара таа да ги прифати предлозите на СДСМ – „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари.  „Порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на …

Филипче бара „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари Read More »

Савески ќе го преиспитува автоматизмот на притворот


  Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески ја отвори една од најчувствителните теми во македонското правосудство уште на стартот од мандатот: леснотијата со која обвинителството и судовите со години посегнуваат по затворски притвор.   Во своето прво големо интервју по изборот за 360 степени, Савески порача дека ќе бара од колегите поретко да се решаваат …

Савески ќе го преиспитува автоматизмот на притворот Read More »

Мицкоски најавува смени во повеќе ресори, нема да има нови коалициски партнери


  Премиерот Христијан Мицкоски најави реконструкција на Владата, која, според неговите зборови, се очекува да се случи во периодот мај–јуни, кога ќе биде познато и кои министри ќе бидат сменети или ротирани. Во изјава за медиумите, Мицкоски посочи дека процесот е дел од договорите во рамки на владејачката коалиција, но засега не откри конкретни имиња. …

Мицкоски најавува смени во повеќе ресори, нема да има нови коалициски партнери Read More »

Владата ќе разгледува и други мерки околу растот на цените на нафтата


  Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денес на владина седница ќе се разгледуваат други мерки поврзани со порастот на цените на нафтата. Тој, исто така, кажа дека многу граѓани од соседните земји точат гориво кај нас, па потрошувачката на бензин и дизел на бензинските пумпи е зголемена за повеќе од 10%. „Денеска имаме редовна владина …

Владата ќе разгледува и други мерки околу растот на цените на нафтата Read More »

Македонија лани била меѓу трите земји со најзагаден воздух во Европа


Македонија е на 34 место во светот, а на второ во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички. Извештајот за 2025 година, објавен на платформата „Ај-кју-ер“ ја рангира земјава веднаш зад Босна и Херцеговина, а пред Србија, со коефициент 21,2, што значи надминување на максималните вредности на ПМ 2,5 честичките за три до пет пати. …

Македонија лани била меѓу трите земји со најзагаден воздух во Европа Read More »

ЕУ со повик до Србија да се воздржи од средби на високо ниво со руски претставници


Од Европската Унија им порачаа на властите во Белград по повод посетата на руски министер под санкции, дека ставот на Брисел  е „кристално јасен“ кога станува збор за односите со Русија. Односите со Русија, велат претставниците на ЕУ, не можат да бидат нормални со сегашниот режим и во контекст на неиспровоцираната и неоправдана агресија на …

ЕУ со повик до Србија да се воздржи од средби на високо ниво со руски претставници Read More »

НАТО ќе стационира нов мултинационален воен корпус во Турција


НАТО работи на создавање на нов мултинационален воен корпус во Турција, како дел од безбедносните планови на Алијансата за регионот, објави турскиот весник „Џумхуриет“. Според истражувањето на новинарот Баруш Теркоглу, информацијата за иницијативата произлегла од „линкедин“- профил на припадник на турската армија кој посочил дека бил учесник на конференција на НАТО како дел од единица …

НАТО ќе стационира нов мултинационален воен корпус во Турција Read More »

Кина апелира на итен прекин на огнот во Иран


Министерството за надворешни работи на Кина денеска упати апел за итен прекин на огнот на Блиски Исток и што е можно побрзо да се почне дијалог. Апелот уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани. Портпаролот на кинеското МНР, Лин Џиан наведе дека Пекинг се залага за прекин на непријателствата и …

Кина апелира на итен прекин на огнот во Иран Read More »

„Политико“: Вашингтон го разгледува Галибаф како можен партнер за „венецуелско сценарио“ во Иран


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во тајност ја разгледува можноста за соработка со претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, гледајќи во него потенцијален партнер за преговори во идната фаза од конфликтот, пишува „Политико“. Галибаф (64), кој претходно беше познат по своите закани кон САД, во Белата куќа сега се доживува како „прифатлив партнер“. …

„Политико“: Вашингтон го разгледува Галибаф како можен партнер за „венецуелско сценарио“ во Иран Read More »

Можна лажна изјава на кандидатката Тасевска го поништи огласот за ДКСК


  Можна лажна изјава на кандидатката Антонија Андонова Тасевска за тоа дали е донатор или не на политичка партија била главниот проблем за избор на нов член на Државната комисија за справување со корупција (ДКСК). Комисијата за селекција требаше да гласа вчера, но проблем стана тоа што Тасевска на јавното сослушување минатата недела „не се …

Можна лажна изјава на кандидатката Тасевска го поништи огласот за ДКСК Read More »

Партијата на Румен Радев ќе го победи ГЕРБ на Борисов


Доколку изборите се одржат денес, пет партии би влегле во бугарското Народно собрание. Ова го покажуваат податоците на социолошките агенции „Алфа Рисрч“ и „Маркет Линкс“, објави БГНЕС: Според анкетата  „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев би добила 29,4%. Коалицијата ГЕРБ-СДФ е на второ место со 20,7%. ПП-ДБ е третата политичка сила со 11,5%, а ДПС – …

Партијата на Румен Радев ќе го победи ГЕРБ на Борисов Read More »

Тесен пораз на Мелони на референдумот за судските реформи


Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе претрпи тесен пораз на референдумот за судските реформи, покажаа денеска излезните анкети, што е потенцијален удар за владејачката коалиција пред изборите кон крајот на 2027 година. Одделни анкети на SWG и Opinio по референдумот на 22 и 23 март покажаа дека таборот „против“ поддржан од опозицијата обезбедил помеѓу 49 и …

Тесен пораз на Мелони на референдумот за судските реформи Read More »

Трамп ги одложи сите напади врз иранските електрани за пет дена


  Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани откако имал „добри и продуктивни разговори“ со режимот во Техеран. Како што наведува Ројтерс, Трамп ѝ наредил на американската војска да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за пет дена. Потегот на Трамп следеше по заканата од Иран дека …

Трамп ги одложи сите напади врз иранските електрани за пет дена Read More »

 СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик


Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името, така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но, македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Христијан Мицкоски, вели пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот …

 СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик Read More »

„Лајка“ со нова иницијатива за привремено згрижување на кучиња


Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. …

„Лајка“ со нова иницијатива за привремено згрижување на кучиња Read More »

Сите индикатори„трепкаат црвено“, Земјата се притиска надвор од нејзините лимити


Количината на топлина заробена од Земјата достигна рекордни нивоа во 2025 година, а се стравува дека последиците од таквото затоплување ќе траат илјадници години, предупреди ОН во понеделник. 11-те најжешки години досега биле регистрирани помеѓу 2015 и 2025 година, потврди агенцијата за временска и климатска состојба на Обединетите нации, СМО, во својот водечки годишен извештај …

Сите индикатори„трепкаат црвено“, Земјата се притиска надвор од нејзините лимити Read More »

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија


  Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид нашата држава да почне преговори со …

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија Read More »

ЕУ ја исклучила Унгарија од доверливите разговори


Европската унија го ограничува протокот на доверливи материјали до Унгарија и одржува состаноци во помали формати поради загриженост дека владата на Виктор Орбан доставува информации до Русија, објави Политико, повикувајќи се на пет европски дипломати и функционери. Официјален одговор од ЕУ, сепак, нема да следи поради можното влијание врз унгарските избори на 12 април. „Веста …

ЕУ ја исклучила Унгарија од доверливите разговори Read More »