Кондарко дочекан како кадар на СДСМ за ДКСК, тој тврди дека е професионалец


Во Собранието денеска продолжија да се спроведуваат интервјуата на пријавените кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Пред членовите на Комисијата се појавија Борис Кондарко, актуелен член на ДИК, Владимир Клековски, акдвокат, Благојче Крстановски, пензиониран ревизор, Кирил Ковчегарски, адвокат, и Билјана Каракашова Шулев, вработена во ДКСК. Седницата ќе продолжи …

Кондарко дочекан како кадар на СДСМ за ДКСК, тој тврди дека е професионалец Read More »

Чешка и Словачка се против укинувањето на ветото во ЕУ


Премиерот на Чешка и на Словачка, Петр Фијала и Роберт Фицо денеска во Прага се спротивставија на идеите за укинување или ограничување на употребата на ветото во Европска Унија и побараа дебатата за одлучување во ЕУ да се одвои од темата за проширување со земјите од Западен Балкан, како и да се забрза проширувањето. – …

Чешка и Словачка се против укинувањето на ветото во ЕУ Read More »

Хамaс ослободи 12 тајландски заложници кои не беа дел од договорот


Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека 12 тајландски државјани кои ги држел Хамас се ослободени.Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците. Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар. Ослободувањето на …

Хамaс ослободи 12 тајландски заложници кои не беа дел од договорот Read More »

Грковска: Криминалот очигледен, законите со „дупки“


Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во …

Грковска: Криминалот очигледен, законите со „дупки“ Read More »

Финансиската полиција врши претреси низ Битола


Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. – Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, платниот …

Финансиската полиција врши претреси низ Битола Read More »

Левица изненадена што Македонија обучува украински војници


За Левица исполнување на обврските од членството во НАТО е подаништво од страна на актуелната влада. Испровоцирана од информацијата дека Македонија, како и други земји членки на Алијансата, обучувала украински војници на наша територија, Левица тврди дека со вакви одлуки властите уште еднаш директно ја вовлекуваат државата „во конфротација со земја членка на Советот за …

Левица изненадена што Македонија обучува украински војници Read More »

Опозицијата тврди: Во министерството на Груби со државни пари работат десет портали


На шестиот кат на зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се канцелариите на десетте портали на Артан Груби, кои се финансираат со парите на граѓаните. Станува збор за криминална организација незамислива досега, истакнаа денеска од Европскиот сојуз за промена на настан пред Министерството, лепејќи плакати со имињата на порталите. Во оваа …

Опозицијата тврди: Во министерството на Груби со државни пари работат десет портали Read More »

Истрага поради изгубени или украдени над 2.000 владини уреди во Велика Британија


Повеќе од 2.000 уреди на британската Влада, вклучувајќи лаптопи и мобилни телефони, се изгубени или украдени во изминатите 12 месеци. Министрите треба да почнат истрага за исчезнатата и украдената технологија, која вклучува и хард-дискови и УСБ меморија. Најголем број односно 383 електронски уреди се изгубени или украдени во британското Министерство за одбрана, а потоа следи …

Истрага поради изгубени или украдени над 2.000 владини уреди во Велика Британија Read More »

Германскиот Уставен суд го блокираше буџетот, Шолц најави обраќање


Германскиот канцелар Олаф Шолц следната недела пред Бундестагот ќе го претстави официјалниот извештај на неговата влада во врска со буџетскиот ќорсокак предизвикан од одлуката на Уставниот суд со која делови од буџетот се прогласени за неуставни. – Федералната влада е во фаза на интензивни преговори во врска со понатамошното финансирање на важни проекти, рече портпаролот …

Германскиот Уставен суд го блокираше буџетот, Шолц најави обраќање Read More »

Судијата што го држеше во фиока предметот против Мијалков казнет со намалување на платата


  Судијата Енвер Беџети од Апелацискиот суд во Скопје, кој го чуваше во фиока случајот „Таргет-Тврдина“ со кој ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затвор добил дисциплинска казна за намалување на платата за 20 отсто во наредните шест месеци.  Оваа одлука вчера ја донел Судскиот …

Судијата што го држеше во фиока предметот против Мијалков казнет со намалување на платата Read More »

Владата им даде надлежност на министерствата да го „отворат небото“ за Лавров


Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, со која се ограничува пристапот на воздухоплот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика  со која Република Северна Македонија е целосно или 100% усогласена. Преку ова дополнување, Владата им …

Владата им даде надлежност на министерствата да го „отворат небото“ за Лавров Read More »

Ле Пен: Холанѓаните имаат право да одлучат дали ќе останат во ЕУ


Француската десничарка Марин Ле Пен изјави дека холандските граѓани имаат право на самоопределување, што вклучува потенцијално излегување од Европската унија, споредувајќи ја ситуацијата со Брегзит, пренесува „Eуроактив“. Изборната платформа на  екстремниот десничар Герт Вилдерс, кој победи на изборите, вклучуваше референдум за „Негзит“, односно потенцијално излегување од Унијата, што Ле Пен го поддржа и коментираше дека …

Ле Пен: Холанѓаните имаат право да одлучат дали ќе останат во ЕУ Read More »

Институт за демократија бара Законот за висока раководна служба да се донесе пред избори


Институтот за демократија укажува на итната потреба од донесување на Законот за висока раководна служба и негово соодветно имплементирање. Донесувањето на Законот за висока раководна служба, се вели во денешното соопштение од Институтот, ќе донесе стандарди за професионализација на високата раководна служба и претставува чекор напред кон решавање на долгогодишен проблем со назначувањето на директори …

Институт за демократија бара Законот за висока раководна служба да се донесе пред избори Read More »

Франција понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа


  Франција ќе испрати воен брод во Источниот Медитеран за да им пружи медицинска помош на Палестинците на кои им е потребна, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон. Како што јави ДПА, се очекува за неколку дена во Египет да пристигне носач на хеликоптери од француската морнарица. Во исто време, на почетокот на неделава е …

Франција понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа Read More »

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола


На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен …

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола Read More »

Орбан сака да биде Мардок во Брисел, со платени медиуми води „културна војна“ со ЕУ


БРИСЕЛ – Виктор Орбан се претвора во Руперт Мардок од Брисел, внесувајќи ја својата верзија на „фер и избалансирано“ новинарство во ЕУ. Познат по тоа што го напаѓа граѓанското општество и ги потиснува медиумите во Унгарија, Орбан ги поддржува новинарите и тинк-тенкерите да ја шират неговата порака во главниот град на ЕУ. Пред претседавањето со …

Орбан сака да биде Мардок во Брисел, со платени медиуми води „културна војна“ со ЕУ Read More »

Достоинство покрена иницијатива за кревање спомен обележја за македонските бранители


Иницијативата на партијата Достоинство за изградба на споменици на паднатите бранители во Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила доби поддршка од четворица пратеници во законодавниот дом. Павле Трајанов, Мирослав Јовановиќ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го прифатија предлогот да се измени и дополни законот за меморијалните споменици и спомен обележја. Од партијата сега очекуваат и останатите …

Достоинство покрена иницијатива за кревање спомен обележја за македонските бранители Read More »

Ковачевски: Минималната плата ќе стане највисока досега


Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари, најавува премиерот Димитар Ковачевски. – Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме …

Ковачевски: Минималната плата ќе стане највисока досега Read More »

КСОМ: Немаме возови, здравство, учебници,но имаме извршители, нотари и брзи кредити


За убиство има застарување,  за долговите не.  Зошто постои законот со кој застаруваат долговите кога извршителтие не го почитуваат – прашуваат граѓанските здруженија и синдикатите. Четири месеци откако стапи во сила, извршителите повторно работат како претходно, а на прсти се бројат пресудите и судиите кои ги испочитувале законските измени. „Не гледам никаква логика, човечка, морална, …

КСОМ: Немаме возови, здравство, учебници,но имаме извршители, нотари и брзи кредити Read More »

Администрацијата пак на штрајк за поголема плата


Административните службеници во Фондот за здравство се пред штрајк поради ниските плати, соопштија денеска од УПОЗ. Тие ќе излезат на предупредувачки протест во петок заедно со вработените од уште неколку државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од УПОЗ  предупредуваат дека Владата подготвува план со кој би се поништиле постигнатите договори и не би …

Администрацијата пак на штрајк за поголема плата Read More »