Спасовски не дава поддршка на „невидено“ за реорганизирањето на владата


Пратеничката група имаше координација. Разговаравме за прашањата кои се важни за организацијата на пратеничката група. Дали ќе дадеме поддршка за законите за реформа на администрацијата, треба официјално да дојдат во Собрание. На невидено не може да дадеме поддршка или неподдршка. Треба да ги видиме законите, изјави пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, во однос на најавените …

Спасовски не дава поддршка на „невидено“ за реорганизирањето на владата Read More »

Руско-кинескиот договор за гас пропадна поради тврдите барања на Пекинг


 Разговорите меѓу Русија и Кина за клучниот договор за гасоводот дојдоа до ќорсокак, бидејќи Пекинг се обидува да наметне тешки услови за нивото на цените и снабдувањето, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три неоткриени извори. Кина стана клучна за спас за руската економија откако Западот се обиде да се откаже од руските фосилни горива …

Руско-кинескиот договор за гас пропадна поради тврдите барања на Пекинг Read More »

Уставниот суд потврди дека изборот на претседател е блокиран


Денеска продолжи седницата за избор на нов претседател на  Уставниот суд.  Се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови. Во моментот се вршат консултации помеѓу судиите за продолжението на оваа седница, соопшти …

Уставниот суд потврди дека изборот на претседател е блокиран Read More »

Началникот на британската војска убеден дека Украина ќе ја добие војната


Началникот на војската на Обединетото Кралство, адмирал Антониј Радакин, е уверен дека Украина на крајот ќе победи во војната  и покрај неодамнешниот тактички напредок на Русија.  Москва започна нова офанзива на 10 мај во северниот дел на Харковската област. До крајот на месецот, Киев соопшти дека рускиот напредок во секторот е запрен и дека украинските …

Началникот на британската војска убеден дека Украина ќе ја добие војната Read More »

Белгија бара да и се одземат гласачките права на Унгарија во ЕУ


Белгија, актуелен носител на ротирачкото претседавање со ЕУ, ги повика владите на ЕУ да размислат за продолжување со постапката за лишување на Унгарија – која го презема претседавањето следниот месец – од право на глас. „Имаме Европа која тешко напредува при што, за жал, некои држави – особено една – сè повеќе усвојуваат трансакциски, блокирачки …

Белгија бара да и се одземат гласачките права на Унгарија во ЕУ Read More »

Мицевски очекува поддршка од 80 пратеници за реорганизација на владата


  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува да го обезбедат потребното двотретинско мнозинство за да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата.   – Тоа е предизборно ветување што го дадовме на граѓаните и со кое ги запознавме во предизборниот период. Во моментов, работиме на Законот за организација …

Мицевски очекува поддршка од 80 пратеници за реорганизација на владата Read More »

Венко Филипче најави кандидатура за лидер на СДСМ


По Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, денеска и ексминистерот за здравство и сегашен пратеник Венко Филипче најави дека ќе се кандидира за лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на внатрепартиските избори што ќе се одржат на 30 јуни. Филипче во изјава МИА вели „да, поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“. На парламентарните избори што …

Венко Филипче најави кандидатура за лидер на СДСМ Read More »

И Осман Кадриу не доби доволно гласови за да стане претседател на Уставен суд


  Ниту уставниот судија Осман Кадриу денеска не доби доволен број гласови да стане претседател на Уставниот суд. Мандатот на Добрила Кацарска како претседателка на судот измина вчера, а денеска претходно без победник заврши гласањето за Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За двете судијки се гласаше безуспешно и во четвртокот и петокот, а резулатот беше …

И Осман Кадриу не доби доволно гласови за да стане претседател на Уставен суд Read More »

Вјолца Бериша ќе го води Министерството за земјоделство до изборот на новата влада


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство …

Вјолца Бериша ќе го води Министерството за земјоделство до изборот на новата влада Read More »

Бугари вмешани во провокација со ковчези во Париз


Во Париз, поединци од Бугарија, Украина и Германија беа уапсени по инцидентот во саботата во кој беа вклучени ковчези украсени со француското знаме и порака „Француски војници во Украина“. Бугарскиот државјанин бил зад воланот на комбето што ги превезувало ковчезите, додека другите двајца тврделе дека им биле платени по 40 евра за да го придружуваат. …

Бугари вмешани во провокација со ковчези во Париз Read More »

Фондацијата на Џорџ Клуни ќе бара апсење на руските пропагандисти


Фондацијата на американскиот актер Џорџ Клуни ќе бара да се издадат налози за апсење за руските пропагандисти кои работат во Европа.  Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави Ана Неистат, директорка за правни прашања во проектот за правда на Фондацијата Клуни. За разлика од војниците, тие слободно патуваат во западните земји, па дури …

Фондацијата на Џорџ Клуни ќе бара апсење на руските пропагандисти Read More »

Во среда ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“


Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат  ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни  во 20 часот во киното „Синеплекс“. Се работи за ексклузивна премиера во регионот и филм …

Во среда ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“ Read More »

Ветераните од Нормандија дојдоа во колички во Франција, најстариот има 107 години (ВИДЕО)


Хилберт Маргол не се гледал себе како херој кога неговата атилериска единица  се бореше низ Европа за време на Втората светска војна. Но, тој дојде во  Франција како еден од 60-те американски ветерани што се истоварија во Нормандија за да ја одбележат 80-годишнината од слетувањето на Денот Д. На аеродромот беа дочекани од многу воодушевени …

Ветераните од Нормандија дојдоа во колички во Франција, најстариот има 107 години (ВИДЕО) Read More »

Мексиканците избраа жена претседател


Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум (61) оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска од Национален изборен институт (ИНЕ). Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати од примерокот. Нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар. Чочитл Галвез, …

Мексиканците избраа жена претседател Read More »

НСДП останува во опозиција


Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа извештајот за претседателските и парламентарните избори поднесен од Централниот изборен штаб на партијата и донесе одлука НСДП во следниот период нејзините пратеници да делуваат опозициски.   За начинот и формата на опозициското делување партијата ќе одлучува на следната седница во месец септември. Во моментов НСДП има два …

НСДП останува во опозиција Read More »

Уставните судии и денеска не избраа претседател


По два обиди уставните судии и денеска не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2 јуни.Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. Како и вчера, …

Уставните судии и денеска не избраа претседател Read More »

Османи се сретна со Блинкен, разговараа за настаните во Македонија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага. Стана збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста. “Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка …

Османи се сретна со Блинкен, разговараа за настаните во Македонија Read More »

Бајден и дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на Русија


Соединетите Американски Држави и дозволија на Украина да го користи оружјето што и е доставено за напади врз цели во Русија, но само во близина на границата во областа околу градот Харков, каде што е во тек руската офанзива. „Претседателот неодамна му наложи на својот тим да се погрижи Украина да користи американско оружје за …

Бајден и дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на Русија Read More »

И Битиќи добивал смртни закани


Пратеникот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи, во емисијата „Клан дебата“ изјави дека добивал смртни закани за време на предизборната кампања за што е поднел пријава до Министерството за внатрешни работи. Разговарајќи за реториката во предизборната кампања, Битиќи му се обрати на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, кој бил дел од истата емисија. „Знам …

И Битиќи добивал смртни закани Read More »

Каселакис до Мицотакис: Ако Преспанскиот договор е штетен, нека направи подобар со ВМРО


Лидерот на грчката опозициска партија, СИРИЗА, Стефанос Каселакис, повторно говорел за односите со Македонија и тековните предизвици околу Преспанскиот договор, како и за се уште нератификуваните меморандуми кои произлегуваат од него.   -Ова прашање треба да го упатите до владата и премиерот. Го поделија народот и го извадија на улица и оттогаш не само што …

Каселакис до Мицотакис: Ако Преспанскиот договор е штетен, нека направи подобар со ВМРО Read More »