Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ


Сметам дека е навреда на членовите некој да смета дека некој може да им влијае на тоа како ќе гласаат, рече новиот претседател на СДСМ Венко Филипче во врска со обвинувањата дека изборниот процес во партијата бил нелегитимен. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Филипче ваквите обвинувања ги нарече некоректни и потценување на членовите на …

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ Read More »

Муртезани го прекрсти евроамбасадорот Дејвид во Ричард Гир


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба. На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи мал лапсус при читањето на напишата изјава пред медиумите. Имено, наместо Дејвид Гир, новиот министер го претстави својот гостин како познатиот …

Муртезани го прекрсти евроамбасадорот Дејвид во Ричард Гир Read More »

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски,повикан на консултации


 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации. – Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во …

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски,повикан на консултации Read More »

За Мицкоски не е проблем бугарскиот пасош на Божиновска, бара да ја ценат според делата


Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска не криела дека има бугарско и чешко државјанство и посочи дека функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за се што правеле. -Не би се согласил дека криела од јавноста. Инаку, во биографијата не гледам причина …

За Мицкоски не е проблем бугарскиот пасош на Божиновска, бара да ја ценат според делата Read More »

Новата влада ќе подготви и нов закон за игрите на среќа


Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори …

Новата влада ќе подготви и нов закон за игрите на среќа Read More »

Давкова на средба со шпанскиот амбасадор


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија, на која биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што била истакната посветеноста за натамошно јакнење на пријателските и партнерски односи меѓу двете држави. Претседателката …

Давкова на средба со шпанскиот амбасадор Read More »

Мицкоски има „предлог плус“ за францускиот предлог


  Таканаречениот француски предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ може да се измени со додавање на предлог плус, кој ќе ги опфати барањата на македонската заедница во Бугарија, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека нема одново преговарање за Преспанскиот договор и …

Мицкоски има „предлог плус“ за францускиот предлог Read More »

Мицкоски: ДУИ ги дели граѓаните на подобни и неподобни


Секој граѓанин има право да ги користи демократските алатки за да го изрази своето незадоволство, но доколку тоа е на штета на унитарниот карактер, на законите и Уставот, Владата ќе мора тоа да го заштити. Ова е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ќе го …

Мицкоски: ДУИ ги дели граѓаните на подобни и неподобни Read More »

Муцунски се сретна со германската амбасадорка Декслер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата. Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана …

Муцунски се сретна со германската амбасадорка Декслер Read More »

Разузнавачките служби ќе се спојат во една


Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби. – Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање …

Разузнавачките служби ќе се спојат во една Read More »

Законот за бездомните кучиња заглавен, општините не и плаќаат на „Лајка“


Проблемот со бездомните кучиња за кој се почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици повеќе од четири години е во процедура за донесување реагираат од „Лајка“. Јавната свест за вдомување во Македонија е ниска, јавното претпријатие …

Законот за бездомните кучиња заглавен, општините не и плаќаат на „Лајка“ Read More »

Мицкоски му посака успех на Филипче


На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.   Изборот на Филипче е работа на СДСМ и на членството на партијата, рече Мицкоски. „Ние …

Мицкоски му посака успех на Филипче Read More »

Демократите во САД ја отфрлаат можноста за замена на Бајден


Високи претставници на Демократската партија во САД ја отфрлија можноста за замена на претседателот Џо Бајден како демократски кандидат по слабите дебатни перформанси и ги повикаа членовите на партијата да се фокусираат наместо тоа на последиците од второто претседателствување на Доналд Трамп. По неколкудневни препирки за лошата ноќ на Бајден на сцената во која дебатираше …

Демократите во САД ја отфрлаат можноста за замена на Бајден Read More »

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре


Еден од најистакнатите албански писатели со светско реноме и централна личност на албанската култура во втората половина од дваесеттиот век, Исмаил Кадаре, почина денеска во утринските часови, јавуваат албанските медиуми. Кадаре почина од срцев удар на 88-годишна возраст, изјавија за АФП неговиот уредник и болницата во Тирана. Лекарите се обиделе да го оживеат писателот кога …

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре Read More »

Реакции за изборите во Франција: Макрон е на раб да изгуби се!


Партијата „Национален собир“ на Марин Ле Пен синоќа извојува убедлива победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција, пишува „Њујорк Тајмс“. За претседателот Емануел Макрон, резултатот од изборите претставува сериозен неуспех, откако се обложи дека победата на  „Национален собир“ на неодамнешните избори за Европскиот парламент нема да се повтори, забележува изданието. Макрон не беше …

Реакции за изборите во Франција: Макрон е на раб да изгуби се! Read More »

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС првиот мандат за формирање влада


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС. Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри. „Ова е голема одговорност и тест“, …

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС првиот мандат за формирање влада Read More »

МВР: На Табановце се чека поради терористичките закани во Србија


 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија. Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување …

МВР: На Табановце се чека поради терористичките закани во Србија Read More »

СДСМ треба да се врати на идеолошките корени: Интервју со Славјанка Петровска


Храбра и одмерена, но и директна и многу прецизна во своите оцени и ставови – овие одлики Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и сега еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, ги потврдува и во интервјуто за Независен. Без заобиколување, таа многу конкретно посочува на причините кои доведоа до изборнот фијаско на СДСМ, …

СДСМ треба да се врати на идеолошките корени: Интервју со Славјанка Петровска Read More »

Сиљановска: Седевме со Герапетритис еден до друг, не го кршам Преспанскиот договор


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денес на самитот на ПСЈИЕ му обезбеди столче до неа на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и  за своите аргументи околу Преспанскиот договор – се повика на Сократ. Не само што не се случи видлива драма, туку Сиљановска беше многу задоволна што тој дошол во земјата, што таа не …

Сиљановска: Седевме со Герапетритис еден до друг, не го кршам Преспанскиот договор Read More »

(Фото галерија) Првиот самит на Сиљановска


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за првпат е домаќин на  самит  што се одржува во Македонија и на кој за првпат доаѓа грчки шеф на дипломатијата. Јоргос Герапетритис   сепак ја претставува грчката претседателка на самитот, која пак досега нема престојувано во нашата држава.  Еве дел од атмосферата на самитот  со кој завршува нашето претседателствување со Процесот …

(Фото галерија) Првиот самит на Сиљановска Read More »