(Видео) Градоначалникот на Кочани повикан во Обвинителството, за Бектеши се бара притвор


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти денес на прес конференција дека меѓу повиканите да даде исказ околу трагедијата во Кочани е и градоначалникот Љупчо Папазов. Тој, сепак, не потврди дали градоначалникот е еден од 14-те осомничени за кои се бара притвор  од страна на Обвинителството.  Иако не потврди, од она што го кажа Коцевски испадна дека …

(Видео) Градоначалникот на Кочани повикан во Обвинителството, за Бектеши се бара притвор Read More »

Ова беа наши деца, а ги убивме


„Ова беа наши деца“. Со овие зборови градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка, за да може без срам да излезе на улица и да ги погледа во очи сограѓаните, откако не го видел она што го виде цела Македонија од една фотографија – дека со години пред нос му функционирала „дискотека“ што сите без …

Ова беа наши деца, а ги убивме Read More »

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни


Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани. – Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4.  Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска …

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни Read More »

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените


Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна. Од Амбасадата ги повикуваат семејствата на пациентите да се обратат за дополнителни информации и организација на следните телефонски броеви: 📞 …

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените Read More »

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија


Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија. Двајца пациенти со воени санитетски …

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија Read More »

Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“


Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани. „Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, …

Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“ Read More »

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во Кочани


На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На зградата е испишана пораката „Србија стои со Македонија“. На фасадата електронски се менува знамето со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа. Кулата Белград е облакодер од …

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во Кочани Read More »

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите


  Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а …

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите Read More »

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица. Се бара дали министерот Бектеши бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на …

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица Read More »

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем


  „Ми се кине срцето и немам сила да зборувам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен“ – со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски ја отвори прес-конференцијата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани. Во театрален тон тој рече дека несреќата е резултат на систем кој се градел со децении, во време на …

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем Read More »

СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо)


  СДСМ ја нарече „стравична“ леснотијата со која министерот Панче Тошковски ја отфрли одговорноста од себе околу несреќата во Кочани. „Се случи огромна трагедија во која што животот го загубија речиси 60 лица, пред се млади луѓе. Болката од оваа трагедија е огромна и неизлечива. Изразуваме искрено и длабоко сочуство на семејествата и нивните блиски …

СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо) Read More »

Ивон Величковски: Македонија е земја на некролози испишани од алчност


Од денес сме поделени: На една страна сте вие што за пари го уништивте системот и секој ден не убивате по дискотеки, улици, автобуси и болници.На другата страна сме ние – мнозинството што веќе не сака земја на некролози испишани поради вашата алчност, напиша на Фејсбук политичарот Ивон Величковски. – Од оваа поделба нема назад. …

Ивон Величковски: Македонија е земја на некролози испишани од алчност Read More »

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани


По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на …

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани Read More »

Владата донесе одлука да се проверат сите дискотеки, ноќни клубови и кабареа


Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани. На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им …

Владата донесе одлука да се проверат сите дискотеки, ноќни клубови и кабареа Read More »

(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот


„Осомничени се 20 лица, 15 од нив во полициска станица, дел од осомничените се починати, а дел се во болница“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција за пожарот во дискотеката во Кочани. Според него, четири од осомничените лица со обезбедување во  болница – два члена на бендот, син на сопственикот на …

(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот Read More »

Дискотеката во Кочани имала блокирана сметка и фалсификувана лиценца


Фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“, носител на лиценцата за „Клуб Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, е со блокирана сметка, покажуваат информациите од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар. Ова го отвора прашањето, како оваа фирма продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија. Фирмата е …

Дискотеката во Кочани имала блокирана сметка и фалсификувана лиценца Read More »

На градоначалникот Папазов му „гори“ фотелјата


По трагедијата која се случи ноќеска во Кочани каде загинаа 59 луѓе во пожар во дискотека, градоначалникот Љупчо Папазов не е меѓу приведените. Тој на прес-конференција ќе каже дали ќе си поднесе оставка. За тоа кој дал дозвола за работа на дискотеката, за СДК рекол да се стрпат.  „Не, еве сме тука со министерот, обвинителите“, рекол тој откако …

На градоначалникот Папазов му „гори“ фотелјата Read More »

Романски екс министер за здравство: Барајте помош, никој не може да се справи со толку изгорени пациенти одеднаш!


Поранешниот министер за здравство на Романија, Влад Воикулеску, напиша статус на социјалните мрежи со кој бара да и се обезбеди помош на Македонија – бидејќу никој не може да се справи со толку изгорени пациенти оддеднаш. Од невладините организации денес реагираа дека во земјата имало центар за справување со изгореници но некој умен решил да …

Романски екс министер за здравство: Барајте помош, никој не може да се справи со толку изгорени пациенти одеднаш! Read More »