Латинскиот патријарх сепак доби пристап до Црквата на Светиот Гроб


о Ерусалим, највисокиот католички претставник беше спречен да учествува на литургијата за Цветоносна недела. Следеше бран критики – и од Германија. Сега се вмеша и израелскиот премиер.По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да му се дозволи пристап до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим на највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја. Тој ги задолжил …

Латинскиот патријарх сепак доби пристап до Црквата на Светиот Гроб Read More »

Голема Албанија на фестивал на МРТ


Емитувањето на детска музичка изведба на каналот Македонска радио-телевизија (МРТ2) предизвика реакции во јавноста, откако во рамките на детски фестивал била прикажана песна со наслов „Тројет шкиптаре“ („Албански територии“) и знамиња на Голема Албанија. Настанот се случил вчера претпладне, околу 11 часот, кога во програмата на албански јазик на МРТ било емитувано музичко видео во …

Голема Албанија на фестивал на МРТ Read More »

Мицкоски оди во Будимпешта да развива соработка со Орбан десет дена пред изборите


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.   Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.   Потоа, премиерот ќе има свое …

Мицкоски оди во Будимпешта да развива соработка со Орбан десет дена пред изборите Read More »

Јанаки Митровски за убиството во Охрид: Македонија е полна со лажни верници


Познатиот адвокат Јанаки Митровски излезе со став за убиството што ја потресе викендов Македонија, а се случи во Охрид каде Жарко Гроздановски од Брвеница е уапсен под сомнение дека го убил 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески.Она што дополнително ја шокираше јавноста е податокот дека убиецот се декларирал како лидер на група наречена „Христијанско братство“, а мотив …

Јанаки Митровски за убиството во Охрид: Македонија е полна со лажни верници Read More »

Пет земји членки на ЕУ „доследно“ го демонтираат владеењето на правото


Владите во пет земји-членки на ЕУ „доследно и намерно“ го еродираат владеењето на правото,додека демократските стандарди се влошуваат во уште шест, вклучувајќи ги и историски силните демократии,предупреди водечка европска група за граѓански слободи. Црпејќи докази од повеќе од 40 невладини организации во 22 земји, Унијата за граѓански слободи за Европа Либерти ги опиша владите на …

Пет земји членки на ЕУ „доследно“ го демонтираат владеењето на правото Read More »

Левица за Николоски: Прашуваш за станбен квадрат, а добиваш лекција за Заев, Мијалков, Шарената револуција…


  Левица го нарече политичка шизофренија однесувањето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, предизвикана од говорот на вицепремиерот Александар Николоски во Собранието во кое тврдеше дека Сашо Мијалков го финансирал нивното создавање и дека целта била да ја урнат Шарената револуција.     „ДПМНЕ влезе во фаза во која веќе не се ни обидува да изгледа доследно, туку …

Левица за Николоски: Прашуваш за станбен квадрат, а добиваш лекција за Заев, Мијалков, Шарената револуција… Read More »

Петер Маѓар: „Династијата“ на Орбан го сели богатството


Петер Маѓар, лидерот на ТИСА и главен ривал на унгарскиот претседател Виктор Орбан на престојните избори на 12 април, објави денес дека „династијата“ (кругот на луѓе што се богатат од владеењето на ФИДЕС) ги префрла парите во странство, но кога ќе дојде на власт ќе ја преиспита секоја финансиска трансакција во државата. „Мафијата на Орбан …

Петер Маѓар: „Династијата“ на Орбан го сели богатството Read More »

Путин бара од олигарсите да донираат во воениот буџет


Владимир Путин ги замолил руските олигарси да донираат во намалениот буџет за одбрана на земјата за да ја продолжат инвазијата на Украина. Се очекува рускиот претседател да го продолжи конфликтот, кој започна во февруари 2022 година, сè додека Москва не ги обезбеди преостанатите области од источниот регион Донбас на Украина кои не се под нејзина …

Путин бара од олигарсите да донираат во воениот буџет Read More »

Европратениците ги поддржаа плановите за „центри за враќање“ на мигрантите


Луѓето без право да останат во ЕУ би можеле да бидат притворени до две години или испратени во офшор центри опишани од експерти како можни „црни дупки за човекови права“, според плановите што ги изгласа Европскиот парламент во четврток. Алијанса од претежно централно-десничарски и крајно-десничарски пратеници гласаше за предлогот за зголемување на враќањето на недокументираните …

Европратениците ги поддржаа плановите за „центри за враќање“ на мигрантите Read More »

Рама за „Ле Поинт“: Треба да разговараме со сите, освен со терористи како режимот на Иран


 Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за француското списание „Ле Поинт“ изјави дека Албанија го поддржува ставот на САД кон Иран нагласувајќи дека Тирана нема дипломатски односи со Техеран по кибернападот во 2022 година. Тој додаде дека неговата земја има посебно искуство со иранскиот режим споменувајќи го засолнувањето на речиси три илјади члена на иранската …

Рама за „Ле Поинт“: Треба да разговараме со сите, освен со терористи како режимот на Иран Read More »

Началник на армијата на Уганда: Израелците само треба да прашаат, браќата од Уганда се подготвени да помогнат


 Началникот на армијата на Уганда и син на претседателот на Уганда, Мухузи Каинеругаба, изјави дека е подготвен да се приклучи во војната со Иран на страната на Израел. Во серија објави на социјалните мрежи, тој му понуди помош на Израел, пишувајќи: „Тие само треба да прашаат. Нивните браќа од Уганда се подготвени да помогнат“. Каинеругаба …

Началник на армијата на Уганда: Израелците само треба да прашаат, браќата од Уганда се подготвени да помогнат Read More »

Филипче ги претстави новите политики: Крај на „предаторскиот капитализам“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја престави денес на брифинг новата програма на СДСМ што ќе биде ставена на јавна дебата, со намера до јуни да биде усвоена и официјализирана. Ако може да се извади една поента од неа, таа би била враќање на малку социјализам во, како што го нарече, „предаторскиот капитализам“ што …

Филипче ги претстави новите политики: Крај на „предаторскиот капитализам“ Read More »

СДСМ: Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво сам да се уапси


СДСМ реагира на денешното обраќање на премиерот Христиојан Мицкоски во Собранието каде што му кажуваше што да работи на новиот јавен обвинител Ненад Савески. „ Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора. Исто како …

СДСМ: Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво сам да се уапси Read More »

Николоски го нападна Еди Рама, го поистовети со Енвер Хоџа


  Вицепремиерот Александар Николовски, место да одговори денес на прашање од пратеникот  Амар Мециновиќ, што ќе се преземе за огромните цени на станбениот квадрат во Македонија, го нападна албанскиот премиер Еди Рама како некој кому му се „поклонува“ Левица, која пак била најодговорна за урбанистичката криза, бидејќи создавала хистерија околу градењата. Според него, во Македонија …

Николоски го нападна Еди Рама, го поистовети со Енвер Хоџа Read More »

Која е Ноелија Кастиљо Рамос – Шпањолката што беше силувана, парализирана, а денес ќе биде и еутанизирана


Шпанија се соочува со еден од најемотивните и најконтроверзни случаи во последниве години, бидејќи 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос се подготвува да се подложи на еутаназија денес, по долготрајна правна битка што стигна до европските судови. Она што го издвојува случајот не е само неговата трагична позадина, туку и причината зад него. Според повеќе извештаи, ова …

Која е Ноелија Кастиљо Рамос – Шпањолката што беше силувана, парализирана, а денес ќе биде и еутанизирана Read More »

Жерновски прашува што ќе прави власта со Груевски ако Орбан изгуби во Унгарија


  Андреј Жерновски ги коментираше реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните промени во СДСМ оценувајќи дека очигледно треба да ги предлиожат лицата што работат за нив, за да тие добијат позитивни оценки. Наедно тој го отвори и прашањето за азилантот Никола груевски, со оглед на очекубвањата дека на 12 април неговиот заштитиник Виктор Орбан може да …

Жерновски прашува што ќе прави власта со Груевски ако Орбан изгуби во Унгарија Read More »

Меланија нѐ нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја коригирала


  Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата била објаснета како корективна мерка наменета да се почитуваат правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година. За време на нејзините говори на еден настан со висок профил претходно оваа недела, …

Меланија нѐ нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја коригирала Read More »

Мицкоски како на „Кликни-суди“, му нарачува предмети на обвинителот Савески


  Новиот јавен обвинител Ненад Савески да ги извади сите предмети кои изминативе години се чувале во фиока и за да се види дали има организиран криминал, порача премиерот Христијан Мицкоски од седницата за пратенички прашања. Тој рече дека лично очекува од Савески и апелира до него да ја открие вистината како поранешната специјална обвинителка …

Мицкоски како на „Кликни-суди“, му нарачува предмети на обвинителот Савески Read More »

За Гаши не е табу да се расправа за гласање со Бадентер во Уставниот суд


Отворањето на Уставот е сензитивна работа и пред сè зависи од договор помеѓу политичките партии, вели претседателот на Собранието Африм Гаши. Прашањето на собранискиот спикер денеска му беше поставено во контекст на иницијативата на Уставниот суд за воведување на институтот уставна тужба, на која неделава стана збор на тркалезна маса во просториите на Судот.Без да …

За Гаши не е табу да се расправа за гласање со Бадентер во Уставниот суд Read More »

„Нема невини деца“: Крајнодесничарски израелски пратеник го брани убиството на палестинско семејство


Пратеникот Јицак Кројзер од крајнодесничарската партија на Бен-Гвир ги даде овие забелешки во Кнесетот откако едно палестинско семејство беше застрелано на Западниот Брег;  Пратеникот Ајман Одех поднесе жалба за етика, велејќи дека „насекаде има невини луѓе, Израелци и Палестинци“. Додека трае војната на Израел со Иран, внатре во земјата има друга војна – со Палестинците …

„Нема невини деца“: Крајнодесничарски израелски пратеник го брани убиството на палестинско семејство Read More »