Градинките ќе примаат деца од идната среда


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, потврдија денес дека градинките се подготвени  со посебни протоколи да започнат со работа на 9 септември (среда). Владата во координација со надлежните министерства донела одлука да се отворат установите за воспитување и згрижување на деца, детски градинки и центри за …

Градинките ќе примаат деца од идната среда Read More »

Се прави нов зелен сквер во Карпош


На булеварот „Илинден“, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди …

Се прави нов зелен сквер во Карпош Read More »

Угостителите кај Пендаровски, ќе изгубат две третини од приходите


Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Незавинсната угостителска комора, која во себе обединува 67 угостителски субјекти од државата. На средбата претставниците на НУК ги претставија предизвиците со кои угостителскиот сектор се соочува во работата во услови на пандемија од КОВИД-19, како и нивната вклученост во насока на креирање, предлагање и реализирање  на мерки и …

Угостителите кај Пендаровски, ќе изгубат две третини од приходите Read More »

Средба на Џафери со Тимоние


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. Џафери изрази благодарност за поддршката од Француската Република во напорите за исполнување на стратешките приоритети на земјава и задоволство од плодната билатерална соработка. Тој го имнформирал францускиот амбасадор за претстојните активности на Собранието за изборот на комисии, делегации и пратенички групи …

Средба на Џафери со Тимоние Read More »

Ни Меркел, ни Помпео не веруваат во солзите на Мицкоски


Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува на неговата глума, лажните солзи и празните и апсурдни тези. Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, вчера на Зоран Заев му го честиташе формирањето на новиот владин кабинет. Ден претходно и германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе …

Ни Меркел, ни Помпео не веруваат во солзите на Мицкоски Read More »

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз осомничен во ,,Монструм”


Инспекторот за насилен криминал од април 2012, Г.В., не се сеќава дека извршил разговор со Хаки Азири, осомничен во предметот „Монструм”, кој во својата одбрана наведе дека во полициска станица бил малтретиран (тепан). – Јас го знам како лице од истрага, сега точно не се сеќавам кај кого точно сум извршил претрес. Сила не сум …

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз осомничен во ,,Монструм” Read More »

Програмата за надзор која ја разоткри Едвард Сноуден била незаконска


Федералниот апелационен суд одлучи дека програмата за набљудување, разоткриена од информатичорот Едвард Сноуден за американската разузнавачка Национална безбедносна агенција – НСА, е незаконска. Сепак, судиите се воздржаа, па не ја нарекоа и неуставна. Судот соопшти дека програмата со којашто НСА собирала и анализирала обемни податоци од телекомуникациски компании, го прекршила Законот за надзор на странско …

Програмата за надзор која ја разоткри Едвард Сноуден била незаконска Read More »

Болни од коронавирусот се самоубиле во болница во Тирана


Обвинителство во Тирана почна истрага во врска со случаите на самоубство на двајца пациенти, кои животот си го одзеле со фрлање од болницата „Шефќет Ндроќи“, наречена болница Ковид два, јави дописничката на МИА од Тирана. Истрагата почна по синоќешниот инцидент, кога 65-годишен пациент заразен со Ковид-19 се самоуби со фрлање од четвртиот кат на болницата. …

Болни од коронавирусот се самоубиле во болница во Тирана Read More »

Мицкоски: Власта ќе падне на рати, не преку ноќ


Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: тоа не се самонаречените иницијатори од хотелската коалиција, кои патем немаат поднесено иницијатива за Конгрес за кој толку многу говорат и го најавуваат, туку за противник го имаме изворот на лошиот живот во државата, а тоа е СДСМ и Зоран Заев кои во државата создадоа поларизираност и една елитизирана каста која …

Мицкоски: Власта ќе падне на рати, не преку ноќ Read More »

Браќата Усеини добија нови 30 дена притвор


Охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор по барање на Обвинителството, поради страв дека тие ќе избегаат. Браќата се гонат за физичкиот напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски. Тие веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата не можеше да ги најде и објави локален …

Браќата Усеини добија нови 30 дена притвор Read More »

Македонските адвокати отсега можат да работат во Англија и Велс


Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави утрово на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.Посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија. -По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена …

Македонските адвокати отсега можат да работат во Англија и Велс Read More »

Потврдени казните за изборното известување на МРТ и Алсат


Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на …

Потврдени казните за изборното известување на МРТ и Алсат Read More »

Спортските обложувалници не сакаат странска конкуренција, им се одлеваат над 40 милиони евра


Асоцијацијата на спортски обложувалници реагира на обложувањето на нашите грашани на странски сајтови посочувајќи дека тоа е противзаконско, а покрај тоа и несигурно. -И покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос уплатите …

Спортските обложувалници не сакаат странска конкуренција, им се одлеваат над 40 милиони евра Read More »

Не очекува топол септември со малку дожд


Просечни температури и помалку дожд не очекува оваа есен. По невообиченото врнежливо лето овој месец не се очекуваат значителни врнежи, a темпратурите ќе бидат високи и над просекот. Метеоролозите предвидуваат температурата во септември, октомври и ноември да биде во рамки на просечните за периодот 1981-2010 година со веројатност на отстапување од плус минус еден степен. …

Не очекува топол септември со малку дожд Read More »

Лукашенко сакал да ги обедини Белорусија и Украина


Во 2014 година Александар Лукашенко предложи Украина и Белорусија да се обединат во единствена унија, така што тој ќе биде претседател на двете земји, соопшти поранешниот претседател на Европскиот совет и поранешен премиер на Полска Доналд Туск во интервју за Онет. – Во најжешките денови на украинската криза, кога Минск беше вклучен во нешто како …

Лукашенко сакал да ги обедини Белорусија и Украина Read More »

САД воведе санкции за хашки судии


  САД воведоа санкции за високи претставници на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучувајќи ја и главната обвинителка Фатуи Бенсуди. Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го обвини судот за нелегитимни обиди да ги подведе Американците под негова јурисдикција, јави Би-Би-Си. Судот чие седиште е во Хаг во моментов истражува дали американските сили извршиле воени злосторства во …

САД воведе санкции за хашки судии Read More »

Ахмети испрашуван повеќе од осум часа во Специјалниот суд


Испитувањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од страна на истражителите на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое се одржа во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во косовскиот главен град, заврши попладнево, по повеќе од осум часа од неговото појавување таму утрово околу 9,30 часот. Околу 18 часот Ахмети е забележан …

Ахмети испрашуван повеќе од осум часа во Специјалниот суд Read More »

Заев со претставници на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“


Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, денеска се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето …

Заев со претставници на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“ Read More »

Берлускони заразен со коронавирус


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е заразен со коронаворус, јави АФП. Тестот за присуство на Ковид-19 во организмот на лидерот на „Форца Италија“, 83-годишниот Берлускони,  бил позитивен, наведува француската агенција. Во моментов тој се наоѓа во изолација и продолжува да работи од дома, е соопштено од неговиот кабинет.

Трамп до Пендаровски: САД се горди што се сојузник со Македонија


САД се горди што се сојузник со Северна Македонија во НАТО и ги поддржуваат нејзините аспирации за членство и во Европската унија, пишува американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста, 8 Септември. – Оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија. И покрај …

Трамп до Пендаровски: САД се горди што се сојузник со Македонија Read More »