Македонските адвокати отсега можат да работат во Англија и Велс


На дневна основа ќе се координираме со преговарачкиот тим на Европската комисија, вели Бојан Маричиќ (Фото. Б. Грданоски)

Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави утрово на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.Посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.

-По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит. Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс, напиша Маричиќ.