Роналдо кон Зидан: Горд сум што бев твој фудбалер


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, исто така, изрази жалење за заминувањето на Зинедин Зидан од чело на „белите“. – Чувствувам само гордост што бев твој фудбалер. Ти благодарам многу за сe, напиша петкратниот освојувач на „Златната топка“ на Инстаграм. Претходно денес, тренерот ја објави својата одлука да замине, објаснувајќи дека повеќе не гледал како …

Роналдо кон Зидан: Горд сум што бев твој фудбалер Read More »

Заев: Капацитетите во Радовиш потенцијал за инвеститорите


Владата прави напори на инвеститорите да им го понуди потенцијалот што го има Македонија, посебно во делот на инфраструктурата и објектите. Се надевам дека од сите оние компании кои во голем број доаѓаат тука и се заинтересирани за вложување, ќе направиме спој со капацитетите во Радовиш, Јака Табак, АД Јака 80 и Гоплдмак, рече премиерот Зоран Заев одговорајќи на пратенички …

Заев: Капацитетите во Радовиш потенцијал за инвеститорите Read More »

Жителите на Радиовце и Жеровјане на протест против загадувањето


Жителите од селата Радиовце и Жеровјане денеска протестираа против дивата депониjа што се наоѓа во близина на нивните села која често пати гори, а непријатната миризба и чадот завршуваат во нивните домови. Тие бараат од општините Боговиње и Брвеница, веднаш да ја дислоцираат депонијата во спротивно ќе протестираат секој ден и ќе почнат да блокираат …

Жителите на Радиовце и Жеровјане на протест против загадувањето Read More »

Кривични против три лица во Прилеп поради измама околу регистрација на возило


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против три лица од Прилеп осомничени за поднесување лажни докази и употреба на исправи со фалсификувани содржини. Кривични се поднесени против Ј.Н. (42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување на лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против …

Кривични против три лица во Прилеп поради измама околу регистрација на возило Read More »

Угостителите да ги почитуваат законите, апелира полицијата


Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе. Командирот на полициската станица од општина Куманово, Игор Митевски рече дека состанокот има цел да ги …

Угостителите да ги почитуваат законите, апелира полицијата Read More »

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола


Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница. Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола несреќата се случила околу 13 часот. – Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со …

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола Read More »

Во Кривичен нова снимка од тепањето на Села


Судењето за случајот за нападот врз Села во Собранието на РМ продолжува со завршни зборови на 6 јуни. На денешното рочиште заврши доказната постапка откако беа прегледани една нова  дополнително поднесена видео снимка и два претходно изнесени пред Судот видео записи. Обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги  подготви завршните зборови со …

Во Кривичен нова снимка од тепањето на Села Read More »

Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица


Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје. Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот. Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“. Се преземаат мерки за …

Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица Read More »

Јовановски останува тренер на Работнички


Ѓоре Јовановски останува на кормилото на Работнички и во следната сезона. Тој постигна договор со раководството на клубот за нова едногодишна соработка, со опција за продолжување на уште една дополнителна година, соопшти клубот „Градски Парк“. Претседателот на Работнички, Драган Поповски, го изрази своето задоволство од продолжување на соработката. – На заедничко задоволство, Ѓоре Јовановски ќе …

Јовановски останува тренер на Работнички Read More »

Кривична пријава против едно лице поради трговија со дрога


СВР Битола поднесе кривична пријава против едно лице, осомничено за троговија со дрога. Кривична е поднесена против А.Т. (34) од село Трново, битолско, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. При претрес на пријавениот во делот Трново, извршен на 29 мај пронајдени …

Кривична пријава против едно лице поради трговија со дрога Read More »

Османи: Планот 18 продолжение на Планот 3-6-9 се до почеток на преговорите со ЕУ


 Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, го презентираше новиот реформски план, Планот 18 пред претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, предводени од евроамбасадорот Самуел Жбогар. Османи изразил задоволство од имплементацијата на Планот 3-6-9, особено, како што посочил, неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република …

Османи: Планот 18 продолжение на Планот 3-6-9 се до почеток на преговорите со ЕУ Read More »

Бошњаковски: Заев испрати замолница до Вартоломеј, не е барано бришење на зборот „македонска“


Премиерот Зоран Заев има испратено замолница до вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на долгогодишното црковно прашање и во неа не е побарано бришење на зборот „македонска“, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Ова, потенцираше, е еден вид придонес што сметаме дека треба да биде даден кон решавање на овој долгогодишен црковен проблем. Сите останати информации …

Бошњаковски: Заев испрати замолница до Вартоломеј, не е барано бришење на зборот „македонска“ Read More »

Перез: Одлуката на Зидан е голем удар за мене


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека одлуката на тренерот Зинедин Зидан за напуштање на клубот е неочекувана за него. Денес на ненајавена прес-конференција францускиот фудбалски стручњак објави дека ја напушта тренерската функција. – По триумфот во Лигата на шампионите, ова е многу неочекувана одлука, но можеме да ја прифатиме само со почит. Тоа …

Перез: Одлуката на Зидан е голем удар за мене Read More »

Во Приштина запленети 41 килограм дрога


Косовската полиција запленила 41 килограм дрога во приштинската населба „Калабрија“, во операција насловена како „Посредникот“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на полицијата се наведува дека е уапсено едно лице, кое се сомничи за илегална трговија со наркотици, но не е прецизирано каков вид дрогата е запленета. Покрај дрогата, запленети се и три …

Во Приштина запленети 41 килограм дрога Read More »

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија


Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу …

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија Read More »

Само Рамос знаел за одлуката на Зидан


Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека за неговата одлука знаел само капитенот Серхио Рамос. – Од тимот за мојата одлука знаеше само капитенот Серхио Рамос. Тој се однесуваше со почит и беше вистински капитен. Французинот кажа дека нема намера во блиска иднина да тренира друг клуб. – Нема да тренирам …

Само Рамос знаел за одлуката на Зидан Read More »

Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името


Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања. – Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму …

Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името Read More »

„Пежо“ излетало од патот во близина на Плетвар


На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило. Во него биле двајца патници од Штип кои се здобиле со полесни повреди, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Увид на местото на сообраќајката направила прилепската полиција. Сообраќајот се одвива нормално.

Вардар го победи Металург


Вардар го победи Металург со 29:33 на гостувањето во Автокоманда во последниот натпревар од Суперлигата. „Црвено-црните“ ја продолжија доминацијата во домашното првенство и ја оправдаа фаворитската улога на дербито против Металург. За разлика од првиот натпревар во „Јане Сандански“, кога Вардар ги декласираше гостите од Автокоманда со 18 голови разлика, овојпат Металург во првите 15-тина …

Вардар го победи Металург Read More »

Спорот за името на седница на Централниот одбор на СДСМ


Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва заседава за повеќе актуелни теми, а во фокусот е текот на разговорите за спорот за името со Грција. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев го информира партиското раководство за договорената рамка за решението, а ЦО ќе расправа и за внатрепартиски активности, верификација на предлозите за …

Спорот за името на седница на Централниот одбор на СДСМ Read More »