МНР: Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција


Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија. Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи. -Возачот добил изгореници, кои се …

МНР: Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција Read More »

Индија ќе забрани извоз на шеќер


Неименувани владини извори соопштија дека Индија од почетокот на октомври ќе забрани извоз на шеќер во следната сезона, што е првпат во изминатите седум години. Таквата одлука најверојатно ќе ја зголеми цената на шеќерот на берзите во Њујорк и во Лондон. – Нашиот примарен фокус е да ги исполниме локалните барања и да произведуваме етанол …

Индија ќе забрани извоз на шеќер Read More »

Тренчевска: Барањата на пензионерите кои протестираат ќе бидат разгледани од Работната група


Барањата на пензионерите кои протестираат ќе бидат разгледани од работната група во која покрај претставници од институциитe, ќе бидат вклучени и претставници на Сојузот на здружениja на пензионери со цел да се изнајде заедничко решение, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска по пуштањето во употреба на нова градинка во општина Пробиштип.   …

Тренчевска: Барањата на пензионерите кои протестираат ќе бидат разгледани од Работната група Read More »

Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор најдоцна до крајот на годинава, најави Тренчевска


 Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор да биде изготвено до крајот на годинава. -Го донесовме  Општиот колективен договор, го потпишавме заедно со Сојузот на синдикати на Македонија врз основа на методологијата која што е вклучена во овој Општ колективен договор секако Законот за …

Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор најдоцна до крајот на годинава, најави Тренчевска Read More »

Италија одобри издавање дозволи за 40.000 сезонски работници пред бербите на јаболка и грозје


  Италија усвои закон со кој се овластува издавање дозволи за 40.000 сезонски работници кои не се членки на ЕУ во земјоделскиот и туристичкиот сектор во земјата. Уредбата се совпаѓа со почетокот на сезоната на берба на јаболка и грозје, се наведува во соопштението за печатот, пренесува агенцијата Анса. Сезонските работници ќе бидат ангажирани врз …

Италија одобри издавање дозволи за 40.000 сезонски работници пред бербите на јаболка и грозје Read More »

Кој беше Дмитриј Уткин, по кого озлогласениот Вагнер го добил името


  Дмитриј Уткин беше еден од патниците во авионот што се урна во средата во близина на Москва. Неговата смрт беше официјално потврдена од Русија неколку часа подоцна. Иако Евгениј Пригожин дури минатата година отворено призна дека стои зад групата Вагнер, озлогласената платеничка армија која ги изведуваше највалканите воени операции во Украина, нејзиниот основач беше …

Кој беше Дмитриј Уткин, по кого озлогласениот Вагнер го добил името Read More »

Вака изгледаа последните моменти од авионскиот лет во кој загина Пригожин


Авионот „Ембраер“ (Embraer Legacy 600) за кој се верува дека го превезувал Евгениј Пригожин се урна во средата во близина на Твер, Русија, по полетувањето од Москва. Авионот не покажал знаци на проблеми до ненадејниот пад по постигнатата височина во последните 30 секунди, покажуваат податоците. Шведската служба за следење летови во реално време „Флајтрадар24“ (Flightradar24) …

Вака изгледаа последните моменти од авионскиот лет во кој загина Пригожин Read More »

Париз гледа „разумни сомнежи“ за авионската несреќа во која загина Пригожин


Француските власти денеска соопштија дека постојат „разумни сомнежи“ за причината за авионската несреќа во која се претпоставува дека загинал Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група „Вагнер“. -Се уште не ги знаеме околностите на таа несреќа, имаме некои разумни сомневања, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. Пригожин, додаде тој, беше „човекот што ја вршеше валканата работа …

Париз гледа „разумни сомнежи“ за авионската несреќа во која загина Пригожин Read More »

„Соседска патрола“ во Градскиот парк: Герасимовски со наставници, родители и претставници на МВР ги „проверуваа“ младите


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа заедно со родители, наставници и претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ја посети „Соседска патрола“ кај младите во Градскиот парк. Патролата, чиј главен фокус се безбедноста и среќата на децата, е дел од кампањата на Министерството за внатрешни работи. На средбата Герасимовски, како што информираат …

„Соседска патрола“ во Градскиот парк: Герасимовски со наставници, родители и претставници на МВР ги „проверуваа“ младите Read More »

Извештај: Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) е усогласен со меѓународните принципи


Народната банка, како оператор и сопственик на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), изврши прва самопроценка за усогласеноста на неговата работа со барањата од меѓународните принципи. Во извештајот од самопроценката е утврдена усогласеност на системот со барањата од принципите, кои во домашната регулатива се преточени во Одлуката за критериумите за класификација на платните системи, стандардите за …

Извештај: Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) е усогласен со меѓународните принципи Read More »

БРИКС од 1 јануари 2024 година ќе има шест нови членки, се приклучуваат С. Арабија, ОАЕ, Иран…


 Претседателот на Јужноафриканска Република, Сирил Рамафоса денеска соопшти дека клубот на земјите во развој БРИКС ќе прими шест нови членки, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Иран, на почетокот на следната година. – Одлучивме да ги поканиме Аргентинската Република, Арапската Република Египет, Сојузна Демократска Република Етиопија, Исламската Република Иран, Кралството Саудиска Арабија и …

БРИКС од 1 јануари 2024 година ќе има шест нови членки, се приклучуваат С. Арабија, ОАЕ, Иран… Read More »

(Во живо) Ковачевски во Пробиштип на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“


Проследете го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски кој со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се во Пробиштип на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“:    

Почна истражувањето на јужниот пол на Месечината


Лунарниот ровер утрово излезе од индиското вселенско летало Чандрајаан-3 за да почне со истражување на површината на Месечината, објави Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО). Чандрајаан-3 вчера слета на неистражениот јужен пол на Месечината, неколку дена по падот на руското вселенско летало Луна-25, со што Индија стана првата земја што го стори тоа. Чандрајаан на хинди …

Почна истражувањето на јужниот пол на Месечината Read More »

Понеделник, Успение на Пресвета Богородица – неработен ден за православните верници


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.  

(Фото) Марш во центарот на Скопје по повод Денот на независноста на Украина


 Украинците вторпат по ред го слават Денот на независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, порача амбасадорката на Украина, Лариса Дир на денешниот марш кој се одржа во центарот на Скопје. Маршот по повод Денот на независноста на Украина беше во организација на Амбасадата …

(Фото) Марш во центарот на Скопје по повод Денот на независноста на Украина Read More »

Кој е победник на првата партиска дебата на Републиканците, без учество на Трамп


Неколку претенденти за републиканската претседателска номинација разменија остри удари за време на нивната прва партиска дебата вчеравечер, борејќи се да завршат на второто место зад неприкосновениот фаворит, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој не учествуваше во дебатата. Во исто време, шест од осумте кандидати изјавија дека ќе го поддржат поранешниот претседател како републикански кандидат за Белата …

Кој е победник на првата партиска дебата на Републиканците, без учество на Трамп Read More »

Јапонија испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот, жестока реакција на Кина


 Јапонија денеска почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, потег што Кина повторно остро го критикува како „себичен и неодговорен“. Ослободувањето, кое беше одобрено пред две години од јапонската влада и дадено зелено светло од Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, е клучен чекор во долгиот и …

Јапонија испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот, жестока реакција на Кина Read More »

Хрватските села остануваат пусти: На младите им е доста од „вртење“ по едно евро по цел ден


  Резултатите од пописот на населението спроведен во 2021 година покажаа дека бројот на жители во Хрватска од година во година се намалува. Според овие резултати, Република Хрватска тогаш имала 3.871.833 жители, што е намалување за 413.056 лица или 9,64 отсто во однос на пописот спроведен во 2011 година. Помеѓу двете листи, Хрватска постигна дел …

Хрватските села остануваат пусти: На младите им е доста од „вртење“ по едно евро по цел ден Read More »

Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан


Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција. Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив. Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина …

Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан Read More »