Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Горска“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Горска“ Дооел во Новоселски пат. Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски ќе биое придужуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“


„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци. Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите …

Второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ Read More »

Најмалку 125 загинати во експлозија во Нагорно-Карабах


Најмалку 125 луѓе загинаа, а речиси 300 се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, соопштија властите во тој регион. Властите претходно соопштија дека загинале најмалку 20 лица, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Причината за експлозијата не е утврдена. Официјални лица соопштија дека повеќе од 28.000 луѓе кои го напуштиле Нагорно-Карабах пристигнале во …

Најмалку 125 загинати во експлозија во Нагорно-Карабах Read More »

Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во Ерменија


Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во јужна Ерменија, изјави советникот за надворешна политика на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев. Како што пренесуваат странските агенции, воената операција на Азербејџан минатата недела за преземање на контролата врз ерменската енклава Нагорно-Карабах ги поттикна стравувањата кај Ерменците дека Баку би можел насилно да создаде …

Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во Ерменија Read More »

Стапката на тинејџерска бременост речиси трипати повисока од просекот на ЕУ


По повод 26 септември – Светскиот ден на контрацепцијата и 28 септември – Светскиот ден на безбедниот абортус, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и ХЕРА денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе се обратат претседателот на МАГО, Глигор Тофоски, програмската раководителка на ХЕРА, Весна Матевска и претседателката на комисијата за еднакви можности на …

Стапката на тинејџерска бременост речиси трипати повисока од просекот на ЕУ Read More »

Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Национална опера и балет и „Танец“


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се одржи „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“. За прв пат во македонската понова историја, Националната опера и балет и „Танец“ ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, …

Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Национална опера и балет и „Танец“ Read More »

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација


Британската амбасада Скопје денеска на прес – конференција ќе информира за поддршката на амбасадата за основањето на првата Британска бизнис асоцијација, организација чија цел е унапредување на трговските врски помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси. На прес – конференцијата …

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација Read More »

Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама во граѓанска тужба поднесена од државната обвинителка Летиција Џејмс, која го обвини дека незаконски тврдел дека има поголем имот и нето вредност. Одлуката ја донесе судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк на Менхетен, објави Гласот на Америка. Џејмс …

Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама Read More »

Бислимоски: РКЕ е институција која 20 години е отворена за соработка и се грижи за правата на потрошувачите


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска слави јубилеј – 20 години од почетокот со работа. Актуелниот претседател Марко Бислимоски, кој е еден од првите вработени во институцијата уште од 2004 година, за МИА истакнува дека за 20 години РКЕ од анонимно тело за кое на почетокот на работата ретко кој знаел што …

Бислимоски: РКЕ е институција која 20 години е отворена за соработка и се грижи за правата на потрошувачите Read More »

Одбележување на Светскиот ден на туризам


Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот. На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот ќе …

Одбележување на Светскиот ден на туризам Read More »

„Мултиверзум“ – изложба на Симон Шемов во Даут-пашин амам


 Во Даут-пашиниот амам вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Мултиверзум“ на академскиот уметник Симон Шемов. -Изложбата се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното …

„Мултиверзум“ – изложба на Симон Шемов во Даут-пашин амам Read More »

Курти: Вучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“


Косовскиот премиер, Албин Курти, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сакал на 24 септември да го претвори манастирот во Бањска во северно Косово во „Кула на семејството Јашари“ за косовските Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти вели дека, со акцијата во Бањска, каде што во неделата загина косовски полицаец и најмалку тројца …

Курти: Вучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“ Read More »

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Европската ноќ на литературата во Софија


Во Софија вечер ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Софија. Од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија информираат дека на настанот кој ќе се одвива во централниот дел во Софија ќе бидат претставени најново преведени книги на …

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Европската ноќ на литературата во Софија Read More »

Сончево со повремена облачност и температура до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со …

Сончево со повремена облачност и температура до 29 степени Read More »

Трагедија во Ирак: Над 100 загинати во пожар на свадба (видео)


Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак. Би-би-си јави дека на свадбата во местото Ал-Хамданија, во провинцијата Ниневија, во северен Ирак, имало стотици гости кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати објектот каде се одржуваше прославата. Причината за пожарот се уште не е утврдена, …

Трагедија во Ирак: Над 100 загинати во пожар на свадба (видео) Read More »

Европската комисија формира База на податоци за транспарентност


Европската комисија лансираше База на податоци за транспарентност, како една од мерките за обезбедување поголема транспарентност од страна на провајдерите на услуги, согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ.   Според одредбите од Законот за дигитални услуги, сите даватели на хостинг услуги имаат обврска на корисниците да им даваат јасни и конкретни информации за причините …

Европската комисија формира База на податоци за транспарентност Read More »

Кристофер Хил: Ситуацијата во Косово е многу опасна


Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил денеска изјави дека амбасадорите на Квинтата сметаат дека ситуацијата на северот во Косово е многу опасна и ќе бидат потребни дополнителни напори за да се најде причината за целата ситуација. „Тоа е трагичен настан и сите мора да го осудиме убиството на припадникот на косовската полиција. Се разбира, ние …

Кристофер Хил: Ситуацијата во Косово е многу опасна Read More »

Николоски: Оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции


Заменик министерот за финансиии Филип Николоски денеска, пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, рече дека оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции. Со реалокацијата на буџетските средства, истакна Николоски, не се скратени 300 милиони евра во делот на капиталните инвестиции како што тврди опозицијата, туку износот е намален за 75 милиони …

Николоски: Оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции Read More »

Ковачевски очекува ЕСМ да почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“


Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна …

Ковачевски очекува ЕСМ да почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ Read More »

Најмногу прекршени работнички права во делот на неисплатени плати и додатоци


Најмногу прекршени работнички права се евидентирани во делот на неисплатени плати и додатоци на плати. Но, во последно време има раст и на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во текот на изминатиот шестмесечен период, извршени биле околу 10.886 инспекциски надзори, од кои 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците. Овие податоци …

Најмногу прекршени работнички права во делот на неисплатени плати и додатоци Read More »