Најмалку 18 мигранти загинаа во автобуска несреќа во Мексико


 Најмалку 18 мигранти, главно од Венецуела и Хаити, загинаа денеска во автобуска несреќа во јужниот дел на Мексико, соопштија локалните власти. Обвинителите во јужната мексиканска држава Оахака соопштија дека меѓу загинатите има две жени и три деца, а 27 лица се повредени. На снимката на полицијата во Оахака се гледа како автобусот се превртел на …

Најмалку 18 мигранти загинаа во автобуска несреќа во Мексико Read More »

Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека не е реално сите земји-кандидати заедно да влезат во Европската унија, ниту да има голем бран кога станува збор за прифаќање нови членки. – Убеден сум во тоа. Единствено и исклучиво политиката на индивидуални заслуги на секоја земја треба да биде фундаменталниот принцип на процесот на проширување, бидејќи …

Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија Read More »

Трамп се откажа од тужбата против својот поранешен адвокат


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се откажа од тужбата против неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој стана сведок на обвинителството во случајот за кој на Трамп ќе му се суди во 2024 година во Њујорк. Трамп во април поднесе тужба до федералниот суд во Флорида против адвокатот за прекршување на договорите за професионална тајност …

Трамп се откажа од тужбата против својот поранешен адвокат Read More »

Погба позитивен и на вториот допинг тест, му се заканува суспензија до четири години


Откако допинг тестот на Пол Погба на 20 август беше позитивен, исто така, и Б примерокот покажа дека францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус користел недозволени средства. Италијанските медиуми јавија вечерва дека е потврдено зголемено ниво на тестостерон во крвта, како што покажа и првото тестирање. Погба беше тестиран на крајот од август по натпреварот …

Погба позитивен и на вториот допинг тест, му се заканува суспензија до четири години Read More »

Контингент на дополнителни сили на НАТО пристигна во Косово


Првиот контингент од 200 британски војници денеска пристигнаа во Косово како засилување на мировната мисија на Силите на НАТО во Косово (КФОР), соопшти вечерва Алијансата. Во соопштението се наведува дека распоредувањето на дополнителните сили на КФОР доаѓа по нападот врз припадници на косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот. Како што јави …

Контингент на дополнителни сили на НАТО пристигна во Косово Read More »

Борбата против поскапувањето на храната треба да се води со данок на неочекувана добивка, вели европарламентарката Борзан


 Данок на неочекувани добивки е една од мерките што треба да се воведат за да се потисне поскапувањето на храната, истакна во петокот во Домот на Европа европарламентарката Билјана Борзан (СДП), посочувајќи дека источните членки на ЕУ треба да соработуваат по ова прашање бидејќи тие се соочуваат со истиот проблем. „Некој прави добар профит во …

Борбата против поскапувањето на храната треба да се води со данок на неочекувана добивка, вели европарламентарката Борзан Read More »

И Светска банка констатира дека бавното носење закони во Собранието го забавува растот, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека внимателно се следат извештаите од меѓународните финансиски институции за состојбата во нашата економија и се прават проекции на буџетот за следната година со продолжување на финансиската консолидација и поддршка на растот. Коментирајќи го вчера објавениот Извештај на Светска банка во кој се прогнозира дека економскиот раст на државава …

И Светска банка констатира дека бавното носење закони во Собранието го забавува растот, вели Бесими Read More »

Бесими: Околу 1.600 производи остануваат на пет проценти ДДВ, околу 1.000 одат на 10 проценти


Пристапено е многу внимателно во однос на заштитата на стандардот при подготовката на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила денеска. Нема никакви промени во однос на минималниот стандард и не ги опфаќа основните прехранбени производи од потрошувачката кошничка, оцени денеска министерот за финансии …

Бесими: Околу 1.600 производи остануваат на пет проценти ДДВ, околу 1.000 одат на 10 проценти Read More »

Таки Фити: Во овие три сфери земјата е соочена со многу сериозни проблеми


Академикот Таки Фити денеска на јавната расправа во собраниската Комисијата за економски прашања истакна дека треба да се направат големи напори во иновативноста, продуктивноста и конкурентноста за да може економијата да се развива побрзо и подинамично и да постигнуваме поквалитетни резултати. Тој на расправа на тема „Иновативна и конкурентна економија“ истакна дека иновативноста, продуктивноста и …

Таки Фити: Во овие три сфери земјата е соочена со многу сериозни проблеми Read More »

Вархеи: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар. – Денеска разговаравме за Берлинскиот …

Вархеи: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар Read More »

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции


Секојдневно сме оптоварени со одредени информации кои упатуваат на несоодветно користење на јавните средства, каде што како последица на тоа доаѓаме до кратење на одредени буџетски средства за одредени капитални инвестиции. Се испоставува дека имаме потреба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции, изјави денеска Главниот државен ревизор, Максим Ацевски. Тој …

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции Read More »

Ајварката на штипскиот пазар достигна 40 до 60 денари за килограм


Порасна цената на црвената пиперка за ајвар и корнишоните за 10 до 20 денари. Ајварската пиперка синоќа на градскиот пазар во Штип се продаваше по цена од 30 до 45 денари, а од утринава од 40 до 60 денари. Драган Ангелов, производител на црвена пиперка за ајвар и корнишони од село Зрновци вели дека причината …

Ајварката на штипскиот пазар достигна 40 до 60 денари за килограм Read More »

Бектеши: Производите опфатени во Одлуката за намалување на цените ќе останат со ДДВ од 5 проценти


Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат …

Бектеши: Производите опфатени во Одлуката за намалување на цените ќе останат со ДДВ од 5 проценти Read More »

Министерство за финансии: Со 10 отсто ДДВ се оданочуваат производи кои не се за основна исхрана


Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност. Оданочувањето на основните прехранбени производи е поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на …

Министерство за финансии: Со 10 отсто ДДВ се оданочуваат производи кои не се за основна исхрана Read More »

Станавме ли поотпорна економија: Во иднина мерките треба да бидат насочени кон поголема одржливост


Пакетот мерки за справување со енергетската криза тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе Фајнанс тинк. -Од вкупниот износ 12,6 проценти е наменет за поддршка на ранливите …

Станавме ли поотпорна економија: Во иднина мерките треба да бидат насочени кон поголема одржливост Read More »

Гацов: Во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, тарифните броеви се за експерти


Во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни со опис точно така како што очекувате во маркетите да ги најдете. За жал Македонија ова го прави преку тарифни броеви во царинска тарифа што е работа за експерти, за граѓаните и оние кои работат во маркетите ќе биде сложено за примена, оцени претседателот …

Гацов: Во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, тарифните броеви се за експерти Read More »

За осум месеци извезени производи за 5,5 милијарди евра, а увезени за 7,29 милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5,5 милијарди евра и бележи пораст од 2 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7,29 милијарди евра, што е за 7,6 отсто помалку во споредба со претходната година, соопшти …

За осум месеци извезени производи за 5,5 милијарди евра, а увезени за 7,29 милијарди Read More »

По петти јубилеен пат обележан Светскиот ден на вранецот


  Светскиот ден на вранецот е манифестација која е востановена пред пет години по иницијатива на здружението „Вина од Македонија“, а во соработка со регионални здруженија и винарници. Главната цел на обележувањето на Денот на вранецот е да се интернационализира оваа регионално присутна автохтона сорта и да се промовираат нејзиниот квалитет и карактеристики на меѓународната …

По петти јубилеен пат обележан Светскиот ден на вранецот Read More »

Истражување: Енергетската криза „изеде“ проекти вредни 220 милиони евра


Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните се тема на денешната дебата која се одржува во организација на Центарот за граѓански комуникации.  На настанот беше презентирано истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.  Според податоците од истражувањето заради покривање …

Истражување: Енергетската криза „изеде“ проекти вредни 220 милиони евра Read More »

ФАО: Светските цени на храната стабилни во септември


Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека …

ФАО: Светските цени на храната стабилни во септември Read More »