Погба позитивен и на вториот допинг тест, му се заканува суспензија до четири години


Откако допинг тестот на Пол Погба на 20 август беше позитивен, исто така, и Б примерокот покажа дека францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус користел недозволени средства.

Италијанските медиуми јавија вечерва дека е потврдено зголемено ниво на тестостерон во крвта, како што покажа и првото тестирање.

Погба беше тестиран на крајот од август по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус кој францускиот фудбалер го проследи од клупата за резерви од почеток до крај.

Зголеменото ниво на тестостерон може да се поврзе и со одреден медицински проблем, но доколку се докаже дека користел лекови за подобрување на своите перформанси на Погба му се заканува суспензија во траење до четири години.

Од неговиот адвокатски тим порачаа дека Погба „никогаш не сакал да ги прекрши правилата“.