Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација


Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа. Гутереш рече дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе ја влоши она што веќе беше …

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација Read More »

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата


Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во војната против Русија. Укринформ пренесува дека овој став произлегува од резолуцијата „Имплементација на одлуките на самитот во Вилнус: забрзување на адаптацијата на НАТО, поддршка на …

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата Read More »

Израел воспостави целосна контрола врз границата


Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти армијата. Воениот портпаролот рече дека не биле пријавени дополнителни инфилтрации во изминатите 24 часа и нема докази за прекугранични тунели, јави военото радио. Претставници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера на брифинг рекоа дека се уште се водат борби на дури осум територии во рамките …

Израел воспостави целосна контрола врз границата Read More »

Српско искуство за развој на железницата со Македонија и Коридорот 10


Генералниот директор на железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан и генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Железниците на Северна Македонија Зоран Трифуновски денеска во Белград разговараа за перспективите и плановите за развој на инфраструктурата и железничкиот сообраќај на Коридорот 10, јави дописникот на МИА од Белград. Од Железничката инфраструктура на Србија соопштија …

Српско искуство за развој на железницата со Македонија и Коридорот 10 Read More »

Бајден два дена бил испрашуван за доверливите документи


Американскиот претседател Џо Бајден два дена бил интервјуиран во истрагата на специјалното обвинителство за неговото постапување со доверливите документи, соопшти доцна синоќа Белата куќа. Тој доброволно се пријави на интервјуто, што почна во неделата, а заврши вчера, се наведува во соопштението од неговиот кабинет за печат. Доверливите документи беа откриени во гаражата и една соба …

Бајден два дена бил испрашуван за доверливите документи Read More »

Нетанјаху ја повика на формирање влада на национално единство


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повика на формирање „влада на национално единство“ откако во големата офанзива на палестинското исламистичко движење Хамас во земјата загинаа повеќе од 800 луѓе. – Ги повикувам опозициските лидери веднаш да формираат итна влада на национално единство, без предуслови, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. Нетанјаху, кој ја предводи коалицијата на десничарски, …

Нетанјаху ја повика на формирање влада на национално единство Read More »

Бела куќа: Оружје и муниција се на пат кон Израел


САД веќе почнаа да испорачуваат критично потребна муниција и воена опрема во Израел, соопшти синоќа Белата куќа, додавајќи дека Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати за да го зајакне својот сојузник во војната со Хамас. Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби синоќа потврди дека првата …

Бела куќа: Оружје и муниција се на пат кон Израел Read More »

Без струја дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода


ЕВН известува дека денеска, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода. Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Добре Иванов“ и „2“, во населба Инџиково, во Општина Гази Баба. Од 09:00 до 11:00 часот, …

Без струја дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода Read More »

Во Собрание седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија


 Во Собранието денеска седница ќе одржи новоформираната Анкетна комисија за случајот со Онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника. Како што синоќа изјави претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизхраи, во гостување во емисијата Анализа …

Во Собрание седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија Read More »

Одбележување на Светскиот ден на менталното здравје под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“


Светскиот ден на менталното здравје оваа година се одбележува под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“. Северна Македонија ќе го одбележи овој ден во Градскиот парк во Скопје, придружувајќи се кон иницијативата „Менталното здравје како универзално човеково право“, предводена од Светската здравствена организација. Овој ден е прилика за општествено обединување со цел подигање на …

Одбележување на Светскиот ден на менталното здравје под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“ Read More »

Скопскиот Драмски театар на Денови на комедија во Куманово


Со претставата „Кафез кај кокони“, Драмски театар-Скопје денеска учествува на фестивалот Денови на комедијата во Куманово. Претставата се игра во 20 часот во салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“. „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена се играше и во рамките на фестивалот „5ре“ …

Скопскиот Драмски театар на Денови на комедија во Куманово Read More »

Сончево со умерена облачност, попладне во делови услови за краткотраен дожд


Времето утре во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до …

Сончево со умерена облачност, попладне во делови услови за краткотраен дожд Read More »

ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите да им се стави крај


Европската унија и Советот на Европа го потврдуваат своето недвосмислено противење на смртната казна, вклучително и какво било нејзино повторно воведување, во сите случаи и во сите околности, се наведува во заедничката изјава на ЕУ и СЕ по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.  – Смртната казна е нехумана и …

ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите да им се стави крај Read More »

Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија


Општина Центар организира по првпат музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи вечер во Паркот на Франкофонијата, со почеток од 19 часот. Станува збор за нова музичка приказна која се очекува, како што најавуваат од локалната самоуправа, да стане обележје на центарци па и главниот град – концерт на кој ќе …

Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија Read More »

Промоција на Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки


Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки денеска ќе биде промовиран во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“-објект „Пепелашка“ во општина Центар. Протоколот е во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес – „Баланс мк“, а издаден со поддршка на Министерството за здравство. – Протоколот, всушност, претставува прв стручно изработен и рецензиран …

Промоција на Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки Read More »

Лични документи ќе може да се вадат и без закажување


Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави …

Лични документи ќе може да се вадат и без закажување Read More »

Годишен состанок на Светска банка и ММФ од 9 до 16 октомври


  Годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе започне денеска во мароканскиот град Маракеш и ќе трае до 15 октомври. На овој собир ќе присуствуваат министри за финансии и гувернери на централни банки од повеќе од 190 земји, а целта на собирот, според директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, е „градење мостови …

Годишен состанок на Светска банка и ММФ од 9 до 16 октомври Read More »

Еве што покажува споредбата на цените на храната во Словенија и Хрватска


  Поминаа три недели откако владата во Хрватска ги замрзна цените на 30 основни производи во трговските синџири. Ова поевтини некои производи за 50 проценти преку ноќ. Новинарите на ХРТ посетија еден пограничен словенечки град и ги споредија  цените на основните артикли со редовните цени во неколку трговски синџири. Еве кои се разликите во цената …

Еве што покажува споредбата на цените на храната во Словенија и Хрватска Read More »

Битиќи: Одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска рече дека предвиденото зголемување на ДДВ кај одредени производи е дел од среднорочниот план за даночна реформа.  Како што оцени Битиќи, одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка, а средствата што се собираат од зголемениот данок ќе одат за сервисирање на социјалните потреби на граѓаните. -Тоа …

Битиќи: Одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка Read More »

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот


 Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто. -Мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни …

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот Read More »