ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите да им се стави крај


Европската унија и Советот на Европа го потврдуваат своето недвосмислено противење на смртната казна, вклучително и какво било нејзино повторно воведување, во сите случаи и во сите околности, се наведува во заедничката изјава на ЕУ и СЕ по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври. 

– Смртната казна е нехумана и понижувачка санкција, која претставува крајно негирање на човечкото достоинство. Смртната казна не успева да дејствува за спречување на криминалот и ги прави неповратни грешките на правосудниот систем, се наведува во изјавата. 

Во текстот се нагласува дека повеќе од две третини од земјите во светот веќе ја укинаа смртната казна во закон или пракса и им се упатуваат честитки на Замбија и Гана затоа што во последнава година ја укинале оваа санкција. 

– Го поздравуваме и рекордниот број од 125 гласови за Резолуцијата на Генералното собрание која повикува на глобален мораториум на употребата на смртната казна со цел нејзино конечно укинување. Ги повикуваме државите кои се уште спроведуваат смртни казни да воведат мораториум како прв чекор кон нивно укинување, се додава во изјавата. 

Колорадо денеска стана 22-та американска држава што ја укина смртната казна.

ЕУ и Советот на Европа потсетуваат дека оваа година се навршуваат 20 години од стапувањето во сила на Протоколот број 13 на Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на укинувањето на смртната казна во сите околности, кој досега го имаат ратификувано 44 земји членки на СЕ.  

– Изразуваме пофалба за тоа, а во исто време ја поздравуваме ратификацијата на Протоколот број 13 во Националното собрание на Ерменија и неговото потпишување од страна на Азербејџан. Ги охрабруваме двете земји брзо да го завршат процесот на ратификација, посочуваат ЕУ и Советот на Европа. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот се додава дека Белорусија е единствената земја во Европа која се уште ја применува смртна казна и се изразуваат жалење поради одлуката на Минск да остане во сила можноста за изрекување на оваа санкција на државните службеници и воениот персонал за кривичното дело „велепредавство“.  

ЕУ и Советот на Европа посочуваат оти се проценува дека во Кина минатата година се изречени и извршени илјадници смртни казни, иако официјалните бројките остануваат државна тајна.  

Одлуката на американското министерство за правда повторно да се наврати на праксата на смртна казна на федерално ниво после седумнаесет години е против вредностите на Европската Унија, реагир

– Во остатокот од светот, земји како Иран и Саудиска Арабија го зголемија бројот на егзекуции. Овие земји, како и други држави, како Сингапур, продолжуваат да го занемаруваат меѓународното право и почитувањето на човековите права со примена на смртна казна во случаи поврзани со дрога, како и дури кога граѓани го изразуваат своето мислење на социјалните мрежи или на улиците. Треба да се напушти употребата на оваа нехумана казна, се потенцира во изјавата.  

Во текстот се изразува жалење што и во САД во текот на 2022 и 2023 година продолжи извршувањето на егзекуции и се повикуваат сите држави во кои се уште постои смртната казна да промовираат отворена и демократска дебата за нејзино укинување.

– Имајќи го ова на ум, државите треба да ја подобрат транспарентноста и пристапот до точни информации за постапката, политиката и практиката за смртна казна. Повременото појавување на наративи за повторното воведување на смртната казна треба да биде поттик за поголем ангажман на граѓанското општество и за зајакната промоцијата на аболиционистичката кауза меѓу младите, се истакнува во изјавата. 

Како што пренесуваат медиуми, според зборовите на обвинители, обвиненијата споени може да значат смртна казна за сите тројца

ЕУ и Советот на Европа ги повикуваат владите на земјите што ја укинаа смртната казна да испратат јасна порака дека оваа санкција нема одново да се воведе во нивните национални казнени системи и нагласуваат дека жестоко ќе продолжат да се залагаат против смртната казна, вклучително и како казна за богохулење, отпадништво или консензуални истополови врски.

– Граѓанското општество останува во првите редови на глобалната борба против смртната казна. ЕУ и Советот на Европа ќе продолжат да ги зајакнуваат партнерствата со цел да се постигне оваа цел во законодавствата и во пракса. На овој значаен ден, ги поздравуваме сите оние адвокати, заштитници на човековите права, теоретичари, политичари и поединци кои продолжуваат неуморно да работат за заштита на човековите права и достоинство и за ставање крај на смртната казна еднаш засекогаш, се истакнува во заедничката изјава на Европската унија и Советот на Европа по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.