Делови од Чаир, Петровец и Ѓорче Петров без струја


 Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од жителите од општините Чаир, Петровец и Ѓорче Петров.  Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Кумбара“, „Исмаил Кадире“, „Севастополска“, „Кримска“ и „138“ во општина Чаир. Од 9 до 11 часот денеска без струја ќе биде објектот на „Кипер“ лоциран во …

Делови од Чаир, Петровец и Ѓорче Петров без струја Read More »

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност


По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ.  Тие ќе изведат дела од Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов. -Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи …

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност Read More »

Панел „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“


 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го организира панелот „Како да се постигне подобра соработка во борбата  против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“ во рамки на Отворен форум за антикорупција, кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје. Од Платформата информираат дека целта на овој Форум е да се прикаже …

Панел „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“ Read More »

Без вода дел од корисниците на улиците „Леринска“ и „Ловќенска“


Дел од корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ ќе немаат вода од 9 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е  поради изведување водоводен приклучок од ф 100-мм на ул. „Леринска“ бр.41 во населба Козле и ќе трае до завршување на зафатот. 

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје


 Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”. Изложбата ќе биде поставена во периодот од декември 2023 до декември 2024 година. На изложбата ќе бидат презентирани 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од …

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје Read More »

Трет ден комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 година


 Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи со разгледување на Предлог-буџетот за 2024 година. Расправата по Предлог-буџетот почна во понеделник, а ќе трае 10 работни дена, по што треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен …

Трет ден комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 година Read More »

Трибина „Детска книжевна продукција“


Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе се одржи трибина „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ и тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.  -Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата …

Трибина „Детска книжевна продукција“ Read More »

Отворен форум за антикорупција


 Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмите „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција“ (СЕЛДИ), денеска и утре во Скопје го организира „Отворениот форум за антикорупција“ Како што информираат од МЦМС, целта на овој Форум е учесниците преку дискусии да се осврнат на антикорупциските предизвици со кои се соочува општеството и …

Отворен форум за антикорупција Read More »

Годишна конференција за децентрализација и локално управување


 Во Скопје, денеска и утре ќе се одржи Годишната конференција за децентрализација и локално управување, во организира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и во партнерство со Министерството за локална самоуправа.   Отворањето на конференцијата, која годинава е на тема „Граѓаните во фокус: Креирање иднина со поквалитетни локални услуги“, ќе се одржи на …

Годишна конференција за децентрализација и локално управување Read More »

Пет филма на режисерот Сколимовски на Неделата на полски филм


Пет филма на полскиот режисер Јержи Сколимовски ќе бидат прикажани на  Неделата на полски филм која од денеска до 10 декември ќе се одржува во Кинотеката. Кариерата на Сколимовски трае повеќе од 60 години, а неговите филмови од шеесетите години на минатиот век се сметаат за најава на новите естетски тенденции во полската кинематографија. Филмската …

Пет филма на режисерот Сколимовски на Неделата на полски филм Read More »

Во Собранието седница на Законодавно правната комисија


 Во Собранието денеска 220. седница ќе ја одржи Законодавно правната комисија. Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на …

Во Собранието седница на Законодавно правната комисија Read More »

Промоција на три нови аудио изданија на СОКОМ


Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ денеска ќе ги сумира реализираните активности и остварените концерти во 2023 година. Ќе бидат промовирани и три нови аудио изданија – „Историски снимки со дела од историско значење“, авторскиот албум „Од композиторскиот опус на Борис Светиев“ и аудио прилогот кон списанието „Премин“, со наслов „Црковното пеење од словенско …

Промоција на три нови аудио изданија на СОКОМ Read More »

Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје …

Облачно со дожд, на планините снег Read More »

Велика Британија се приклучува на програмата „Хоризонт Европа“


Велика Британија од 1 јануари 2024 година ќе стане придружна членка на програмата „Хоризонт Европа“, со што британските истражувачи ќе можат да учествуваат во проекти на оваа програма на ЕУ за истражување и иновации под исти услови како и нивните колеги од други придружни членки и ќе имаат пристап до нејзините фондови за финансирање.  Дополнително, …

Велика Британија се приклучува на програмата „Хоризонт Европа“ Read More »

Хоспитализиран поранешниот полски претседател Лех Валенса поради тешка форма на Ковид


Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валенса е префрлен во болница поради тешка форма на Ковид-19, изјави денеска негов соработник. Објавата на Фејсбук страницата на Валенса покажа слика од него во кревет со маска за кислород, со натпис „Имам Ковид“. Неговиот соработник Марек Качмар за полските медиуми изјави дека Валенса …

Хоспитализиран поранешниот полски претседател Лех Валенса поради тешка форма на Ковид Read More »

Министер на Ликуд најави кандидатура против Нетанјаху, велејќи дека на партијата „ѝ треба промена“


Израелскиот министер за економија Нир Баркат, висок член на владејачката партија Ликуд, наводно планира да се кандидира против премиерот Бенјамин Нетанјаху кој 18 години е на чело на партијата, велејќи дека на партијата „и требаат промени“ и повика на одржување национални избори откако ќе заврши војната. – Повторно нема да го поддржам Нетанјаху. По војната …

Министер на Ликуд најави кандидатура против Нетанјаху, велејќи дека на партијата „ѝ треба промена“ Read More »

Британија ги заострува условите за работна виза


Велика Британија најави планови за намалување на бројот на легални имигранти во земјата со зголемување на минималната плата за една трита што мора да ја заработат за квалификувана работа, во услови на притисок врз премиерот Риши Сунак да се справи со рекордниот број нови имигранти. Високите нивоа на легална миграција доминираат на политичката сцена во …

Британија ги заострува условите за работна виза Read More »

Производителите на оружје во 2022. тешко ја следеа побарувачката


Приходите на водечките производители на оружје во 2022 година благо се намалија бидејќи капацитетите не можеа да бидат во чекор со побарувачката, објави шведскиот институт СИПРИ(SIPRI). Приходите на 100-те водечки производители минатата година се намалени за 3,2 отсто, на 597 милијарди долари, пресметани од Стокхолмскиот институт за меѓународни мировни истражувања (СИПРИ). Руската инвазија на Украина …

Производителите на оружје во 2022. тешко ја следеа побарувачката Read More »

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања


Трагичен крај на потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, објави грчката невладина организација за заштита на децата и нивните права „Насмевката на детето“ во соопштението во кое информира дека девојчето од Скопје беше пронајдено убиено, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата седмица, како што објави МИА, „Насмевката на детето“ информираше во Грција за исчезнувањето на …

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања Read More »

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили


Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили. На отворањето ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија. Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и ќе биде …

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили Read More »