Дел од центарот на Скопје денеска без вода


 Поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8 денеска од 8:30 часот  без вода ќе останат жителите на дел од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување …

Дел од центарот на Скопје денеска без вода Read More »

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава


Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени …

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава Read More »

Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС


Аргентинецот Лео Меси постигна само еден гол, и тоа од пенал, на петте претсезонски пријателски натпревари на Интер Мајами. На натпреварот против Њуелс Олд Бојс (1:1), напаѓачот се најде во стартниот состав, одигра 60 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Меси постигна гол само против Ал-Хилал (3:4). На мечот со …

Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС Read More »

Економско-социјалниот совет расправаше и за состојбата со зградата на Работничкиот дом


Информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом, предложена од Сојузот на синдикатите на Македонија, била меѓу точките на дневен ред денеска на првата седница на Економско-социјалниот совет со којa претседавал техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.    Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на седницата биле разгледани Годишниот …

Економско-социјалниот совет расправаше и за состојбата со зградата на Работничкиот дом Read More »

Вистинскиот пат за Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина


Извршниот директор во Одборот на Групацијата Светска банка – Холандска Конституенца, Јуџин Ругенат вели дека вистинскиот пат за Северна Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина. Во интервју за „Гласот на Америка“, Ругенат вели дека Светска банка преку новата Рамка за партнерство ја продолжува 30-годишната поддршка на земјата, која е на вистински пат да спроведе …

Вистинскиот пат за Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина Read More »

„Најк“ ќе врачи речиси 2.000 откази


Американскиот производител на спортска облека „Најк“ соопшти дека ќе намали околу два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка. Поради високите трошоци за живот, граѓаните купуваат помалку спортска опрема, а трговците ги намалија нарачките, па „Најк“ одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари со прилагодување …

„Најк“ ќе врачи речиси 2.000 откази Read More »

Сивата екомонија ја подмачкува корупцијата: Стопанската комора со предлог мерки против даночно затајување


Да се воведе давачка од 0,5 отсто при подигање готовина од банка и тие средства да одат за државата, а парите кои наскоро ќе треба да се означат со „Северна Македонија“ воедно да се номинираат, за да се знае на кого од каде му се и дали се легални. Ова се двете клучни мерки што …

Сивата екомонија ја подмачкува корупцијата: Стопанската комора со предлог мерки против даночно затајување Read More »

Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот


 Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јасмина Лескаровска, на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на Советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на Советот на Агенцијата и Роберт Блажевски од Хотелската …

Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот Read More »

Голема промена на интернет, се однесува на сите онлајн посредници во ЕУ


Актот за дигитални услуги, чија цел е да го ограничи ширењето на нелегални содржини на интернет и да создаде безбедна онлајн средина за секого, од утре се однесува на сите онлајн посредници во ЕУ. Законот за дигитални услуги веќе се применува од крајот на август 2023 година на 19 многу големи интернет платформи и пребарувачи …

Голема промена на интернет, се однесува на сите онлајн посредници во ЕУ Read More »

Затворен огласот за доделување ваучери за одмор за работници со ниски приходи


Поради големиот број на пристигнати апликации – над 3.600, Министерството за економија донесе одлука денеска во 15:30 часот да го затвори јавниот повик за организирање на одмор за работници со ниски приходи за 2024 година. Јавниот повик беше објавен на 12 февруари на веб-страницата на Министерството за економија и во два печатени медиуми, а крајниот …

Затворен огласот за доделување ваучери за одмор за работници со ниски приходи Read More »

Проектите на трасата Кичево – Охрид се од 18. век: Првиот човек на „Гранит“ за проблемите на автопатот


  Мостовите на автопатот Кичево – Охрид се направени, ние ги направивме и тоа пред рокот, а трасата не се пушта зашто има лоши проекти за косините. Само што ќе се направат косините, ќе паднат. Имаме поголема загуба таму. Во овој момент држиме механизација од околу 40 милиони евра која не ја покрива ниту основната …

Проектите на трасата Кичево – Охрид се од 18. век: Првиот човек на „Гранит“ за проблемите на автопатот Read More »

Хрватите направија анализа на кириите: Белград најскап, Сараево најевтинo, еве каде е Скопје


Просечниот Европеец кој живее во стан под кирија троши околу половина од својот приход на кирија, а во некои градови тоа чини значително повеќе. Хрватскиот Тпортал провери како се движат цените за изнајмување во главните градови на земјите од регионот и каква е врската помеѓу киријата и платите. Додека цените на становите растат циклично со …

Хрватите направија анализа на кириите: Белград најскап, Сараево најевтинo, еве каде е Скопје Read More »

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси


Бројни светски медиуми посветени на скијањето ја пренесоа веста дека пред три дена, на 13 февруари, Кетрин „Каша“ Ригби , легендарна американска скијачка и пионерка на екстремното скијање со телемарк, загина во лавина во Косово. Ригби почина на 55-годишна возраст во ски-центарот Брезовица, кој се наоѓа на самиот југ на Косово, во близина на границата …

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси Read More »

Меси прв пат играше против својот клуб од детството


Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси одигра изминатата вечер еден час во дресот на Интер Мајами во пријателски натпревар против својот аргентински клуб од детството Невил Олд Бојс пред полни трибини на стадионот во Форт Лоудердејл. Натпреварот заврши нерешено 1-1, а Меси ја напушти играта во 60 минута заедно со Уругваецот Луис Суарез, со …

Меси прв пат играше против својот клуб од детството Read More »

Од 29 март уште еден трговски центар – се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром


На 29 март се отвора новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје во општина Аеродром. Во соопштението до медиумите се вели дека новиот шопинг и бизнис центар Џевахир Мол Скопје и импресивниот најголем мурал во градот креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, ќе биде секојдневна атракција за посетителите, во исто време нудејќи …

Од 29 март уште еден трговски центар – се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром Read More »

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари


Со судска пресуда, од фирма од Скопје која избегнала да плати увозни давачи при увоз на гас, Царина ќе наплати вкупно пет милиони денари, два милиони во пари и три милиони од одземени влекач и цистерна.  – Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од …

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари Read More »

Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ


Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола. Компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги …

Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ Read More »

„Жито Лукс“ го претстави новото лого, одраз на идните цели и развојни планови на компанијата


  Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, „Жито Лукс“ го претстави својот нов визуелен идентитет. Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот. „Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи …

„Жито Лукс“ го претстави новото лого, одраз на идните цели и развојни планови на компанијата Read More »

Ангеловска-Бежоска: Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција со најголема доверба


Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција којашто ужива најголема доверба во државата. Довербата на граѓаните и на институциите во нашата централна банка е на повисоко ниво и во однос на некои меѓународни институции, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговорот за емисијата „Каде се парите“ со Горан Теменугов на порталот „Пари“. …

Ангеловска-Бежоска: Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција со најголема доверба Read More »

Огромна инвестиција на Мајкрософт за развој на центар за вештачка интелигенција во Германија


Мајкрософт планира да инвестира речиси 3,5 милијарди долари во Германија во следните две години за да го прошири капацитетот на центрите за податоци за апликации за вештачка интелигенција (ВИ) и компјутери во облак, објави извршниот директор на Мајкрософт, Бред Смит. Најголемата поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт во Германија вклучува и програма за обука …

Огромна инвестиција на Мајкрософт за развој на центар за вештачка интелигенција во Германија Read More »