Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација


 Нов Зеланд денеска го прогласи палестинското исламистичко движење „Хамас“ за терористичка организација. Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон рече дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври бил брутален и оти Нов Зеланд го осудува. Досега Нов Зеланд го сметаше само военото крило на Хамас за терористичка организација. Министерот за надворешни работи Винстон Петерс рече …

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација Read More »

Иранците утре избираат, се очекува доминација на конзервативците и ултраконзервативците


Иранците утре ќе гласаат на изборите за националниот Парламент и за Собранието на експерти, а во отсуство на сериозна конкуренција, се очекува конзервативците да зајакнат на власт. Изборите доаѓаат во услови на растечки економски тешкотии во Иран, кој исто така се бори со последиците од масовните протести предизвикани од смртта на Махса Амини во притвор …

Иранците утре избираат, се очекува доминација на конзервативците и ултраконзервативците Read More »

Во Тетово презентирана нова студија за развој на планинарско-рекреативни патеки на Шар Планина


Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово и Национален парк Шар Планина вчера одржаа презентација студија, стратегија и публикација кои се насочени кон развој на заштитено подрачје како и формирање на бази со податоци. Создадени се Пилот-студијата за планинско рекреативните патeки на НП Шар Планина, стратегија за работа на Инфо Центарот за Шара на ПК Љуботен и …

Во Тетово презентирана нова студија за развој на планинарско-рекреативни патеки на Шар Планина Read More »

Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку видео порака, соопштена на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ во Тирана, нагласи дека неговата земја е подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Ердоган кажа дека неговата земја продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија врз Украина и е подготвена да понуди платформа за …

Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција Read More »

Истражувачите ја открија „мистеријата за убиството на ѕвездата“, тајна на вселената чувана речиси четири децении


Неутронската ѕвезда со виолетова боја беше во центарот на брилијантната „низа бисери“, прстен настанат од исклучително жежок гас. Научниците тврдат дека ја решиле мистеријата за причината за познатата космичка експлозија. Експлозија на ѕвезда беше забележана во блиската галаксија во февруари 1987 година. Беше видлива од Земјата со месеци, бидејќи емитуваше светлина 100 милиони пати посилна …

Истражувачите ја открија „мистеријата за убиството на ѕвездата“, тајна на вселената чувана речиси четири децении Read More »

Прехранбените производи од утре без гарантирана цена


Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините,…,  дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот. Институциите најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на …

Прехранбените производи од утре без гарантирана цена Read More »

Бела куќа: Израел мора да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан


Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан. -Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е …

Бела куќа: Израел мора да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан Read More »

Сунак: „Владеењето на толпата“ ја заменува демократијата во Британија, ќе се преземат мерки


Велика Британија запаѓа во „владеење на толпата“ и полицијата ќе стори повеќе за да ја заштити демократијата во земјата, рече премиерот Риши Сунак, откако британската влада најави дополнителни средства за заштита на пратениците. – Има се поголем консензус дека владеењето на толпата го заменува владеењето на демократијата. И заедно, сите ние, тоа мора итно да …

Сунак: „Владеењето на толпата“ ја заменува демократијата во Британија, ќе се преземат мерки Read More »

Остин ќе се појави на сослушување пред Конгресот за криењето на болеста


Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска ќе се појави на сослушување пред американскиот Конгрес, бидејќи отишол на операција на рак на простата без да го извести американскиот претседател Џозеф Бајден или неговиот заменик во Пентагон. -Целосно е неприфатливо што беа потребни повеќе од три дена за да се извести претседателот дека министерот за одбрана …

Остин ќе се појави на сослушување пред Конгресот за криењето на болеста Read More »

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада


Демократските и републиканските лидери во Конгресот на САД постигнаа договор за финансирање на 12 федерални програми во тековната фискална година, што ќе спречи делумно затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше во сабота, пренесува Гласот на Америка. Договорот, одобрен од лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, треба да биде усвоен како привремен нацрт-закон …

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада Read More »

Бајден го помина лекарскиот преглед, способен е да биде претседател


Американскиот претседател Џозеф Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор. -Претседателот Бајден е здрав, активен, робустен 81-годишен маж кој останува способен успешно да ги извршува должностите на претседателството, напишал лекарот Кевин О’Конор во меморандумот на шест страници за здравјето …

Бајден го помина лекарскиот преглед, способен е да биде претседател Read More »

Францускиот Сенат одобри абортусот да стане уставно право


Францускиот Сенат денеска донесе закон врз основа на кој правото на жената на абортус ќе стане дел од францускиот Устав. Ова го вети претседателот Емануел Макрон, откако Врховниот суд на САД минатата година престана да го штити абортусот како федерално уставно право на жените и ја препушти регулативата на земјите-членки на федерацијата. На усвојувањето во …

Францускиот Сенат одобри абортусот да стане уставно право Read More »

Надлежните институции ќе информираат за ефектите од Е-инспектор


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска денеска ќе информираат за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Информацискиот систем за инспекциски надзор – Е-инспектор. Најавено е присуство и на директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска и на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат …

Надлежните институции ќе информираат за ефектите од Е-инспектор Read More »

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико


 Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла. Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико …

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико Read More »

Собранието ќе ја продолжи 145. седница – на дневен ред законите за стратешки инвестиции, за функционерските плати и за игрите на среќа


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолжението на 145. седница, на која на дневен ред меѓу другите, се Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во трето читање и четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти – Предлог на законот за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект …

Собранието ќе ја продолжи 145. седница – на дневен ред законите за стратешки инвестиции, за функционерските плати и за игрите на среќа Read More »

Трамп не може да ја плати казната од 450 милиони, каматата расте за 112.000 долари секој ден


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да плати целосна кауција по пресудата за измама од 454,2 милиони долари и предлага банкарска гаранција од 100 милиони долари под закана од одземање, изјавија вчера неговите адвокати. Трамп ја обжали пресудата од 16 февруари на судијата Артур Енгорон од државниот суд на Њујорк во Менхетен, според која …

Трамп не може да ја плати казната од 450 милиони, каматата расте за 112.000 долари секој ден Read More »

Хамас: Во Појасот Газа над 30.000 загинати, само ноќеска 79


Министерството за здравство на Хамас утринава соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа се зголемил на „повеќе од 30.000“ од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври. „Бројот на убиените се зголеми на повеќе од 30.000“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас. Оттаму додаваат дека само ноќеска …

Хамас: Во Појасот Газа над 30.000 загинати, само ноќеска 79 Read More »

„Симбиоза“ – нова изложба на уметникот Бојан Ковски


Уметникот Бојан Ковски вечер во Музејот на Град Скопје, ќе ja отвори својата најнова изложба „Симбиоза” за која вели дека претсвува уникатен приказ на магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент. “Симбиоза”, како што се наведува за изложбата, претставува продолжение на истражувањето на човечката форма од страна на Ковски, со преплетување од елементот земја. Изложбата …

„Симбиоза“ – нова изложба на уметникот Бојан Ковски Read More »

Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“


 Начините како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција, и како младите можат и треба да се приспособат на овие промени преку учење вештини за медиумска писменост и за користење на алатките за вештачка интелигенција, се во фокусот на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во доба …

Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ Read More »

Чешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите бракови


 Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА. Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици. Пратениците вчера се …

Чешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите бракови Read More »