Одбележување на Светскиот ден на правата на потрошувачите


Секторот за внатрешен пазар при Министерството за економија денеска, во рамките на активностите од Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година, ќе го одбележи 15 Март, Светскиот ден на правата на потрошувачите. На настанот под мотото „Потрошувачите безбедни при купување од е-трговци“ ќе се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши.

Без струја делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај


 Без струја денеска ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Центар и и Сарај. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Блаце, како и караулата Блаце, Мобимак Блаце, Филип Инженеринг, граничен премин Блаце и терминал Блаце во општина Чучер Сандево. Во периодот од 09.00 …

Без струја делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај Read More »

Променливо облачно со ветер од северозападен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти …

Променливо облачно со ветер од северозападен правец Read More »

EK презема мерки за спречување на злоупотребата на вештачката интелигенција за манипулации со гласачите


Европската комисија испрати барања за информации за генеративните ризици од вештачката интелигенција до Бинг, Гугл Срч, Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, ЈуТјуб и Икс, кои согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) лани беа прогласени „многу големи онлајн платформи“.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара овие сајтови и социјални мрежи да и достават …

EK презема мерки за спречување на злоупотребата на вештачката интелигенција за манипулации со гласачите Read More »

Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска


Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина. Со оглед …

Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска Read More »

Авион Боинг 777 принудно слета во Лос Анџелес поради механички проблеми


Авион Боинг 777 на компанијата „Американ ерлајнс“ синоќа принудно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, поради сомневање за механички проблем. Според американските медиуми во инцидентот нема повредени лица. Портпаролот на „Американ ерлајнс“ изјави дека пилотот пријавил можен механички проблем пред слетувањето, а според првичните информации на авионот му пукнала гума. Инцидентот се случи само …

Авион Боинг 777 принудно слета во Лос Анџелес поради механички проблеми Read More »

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори


По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари …

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори Read More »

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами


Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“. На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди. – Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам …

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами Read More »

ЕУ отвора канцеларија на Гренланд во потрага по критични суровини


Европската комисија на 15 март ќе отвори Канцеларија на Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и данската премиерка Мете Фредериксен, ден по посетата на Фарским острвима, во главниот град на Гренланд, Нуку ќе отворат Канцеларија на ЕК. Гренланд и Фарските …

ЕУ отвора канцеларија на Гренланд во потрага по критични суровини Read More »

Трета среќа: „Спејс икс“ на Илон Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот (видео)


Денес, „Спејс икс“ (SpaceX) успешно го лансираше „Старшип“ (Starship), најмоќната ракета во светот, во својот трет обид, што е клучно за плановите на НАСА да транспортира и приземји астронаути на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и за исполнување на надежите на Илон Маск за можна населба на Марс. Ракетата се распадна за …

Трета среќа: „Спејс икс“ на Илон Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот (видео) Read More »

Меѓународната агенција за енергетика очекува дефицит на нафта годинава


Анализата на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) сугерира дека глобалниот пазар на нафта ќе се соочи со дефицит на понудата оваа година, поради ограничувањата за производство наметнати од групата земји производители на нафта ОПЕК плус, што треба да траат до втората половина на 2024 година. ИЕА, претходно претпоставуваше дека оваа година ќе има вишок на …

Меѓународната агенција за енергетика очекува дефицит на нафта годинава Read More »

Закони против тн. „евтина мода“ првична одобрен во француското Собрание


Долниот дом на француското Собрание поддржа неколку законски мерки со коишто таканаречената „евтина мода“ ќе биде помалку привлечна за купувачите. Тука се има предвид онаа облека од кинеските масовни производители, меѓу другото. Францускиот министер за еколошка транзиција, Кристоф Беши изјави дека Франција е првата земја во светот што донесе закони за ограничување на „ултра-евтината“ мода, …

Закони против тн. „евтина мода“ првична одобрен во француското Собрание Read More »

Со рехабилитацијата на патот Велес-Градско отстранети се црните точки, вели Бочварски


Со обновата на делницата Велес – Градско во должина од 20 километри подигната е безбедноста за патување елиминирајќи ги црните точки кои претходно се јавуваа на овој патен правец,  оцени денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на работите на патот. Тој истакна дека Велес-Градско е една од најфрекфентна патни делници, за …

Со рехабилитацијата на патот Велес-Градско отстранети се црните точки, вели Бочварски Read More »

Преку ТАВ програмата реализирани 70 проекти, остануваат уште 23


Преку ТАВ програмата досега се реализирани скоро 70 проекти, а остануваат да се дореализираат уште 23, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по увидот на активностите за адаптација на просторот доделен на новата НУ Џез оркестар.    Вкупната вредност на програмата е 49,7 милиони евра.  -Проектите што се реализраат низ сите општини се …

Преку ТАВ програмата реализирани 70 проекти, остануваат уште 23 Read More »

Институтот за сметководители ќе открива и ќе санкционира злоупотреби со фалсификувани уверенија и лиценци


Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со големо внимание пристапи кон разгледување на сите информации и пријави кои деновиве беа добиени од членови на Институтот, во врска со случаи на фалсификувани исправи (уверенија за сметководител и овластен сметководител, како и лиценци за сметководствени друштва) кои биле злоупотребувани при доставување на годишните сметки во Централниот …

Институтот за сметководители ќе открива и ќе санкционира злоупотреби со фалсификувани уверенија и лиценци Read More »

Ново место за развој на музичката култура: Со 11,7 милиони денари се реновира просторот за Националниот џез оркестар


Во тек е реновирањето на просторот доделен на НУ Националниот џез оркестар кој се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет. За овој проект Министерството за култура има издвоено 11,7 милиони денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. На денешниот увид во почетокот на реновирањето, министерката за култура во техничката …

Ново место за развој на музичката култура: Со 11,7 милиони денари се реновира просторот за Националниот џез оркестар Read More »

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје кои користат средства преку Министерството за култура  да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ  на кои од почетокот на месецов не им се …

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците Read More »

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци


Ново истражување во САД посочува дека 35 од најголемите американски компании им донеле на своите одбори на директори повеќе отколку што плаќале за федералните даноци на доход во периодот од 2018 до 2022 година. Како што пренесува „Јаху“, според наодите, најлошиот престапник е – „Тесла“. Имено, компанијата на Илон Маск во овие пет години заработила …

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци Read More »

„Tријалог“ за регулативата за финансискиот механизам за Западниот Балкан


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, како претставник на Европската комисија, денеска заедно со преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент учествува на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.  Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот …

„Tријалог“ за регулативата за финансискиот механизам за Западниот Балкан Read More »

Врз основа на топењето на мразот на Гренланд, научниците објавија прогноза за летото


Долгорочното временско прогнозирање е познато како тешко, но новиот труд во списанието Weather and Climate Dynamics сугерира дека стапката на топење на ледената покривка на Гренланд може да го предвиди времето во Европа ова лето. Според д- р Марилена Олтманс од Националниот океанографски центар на Велика Британија, главен автор на студијата, прогнозата изгледа вака: Топлите …

Врз основа на топењето на мразот на Гренланд, научниците објавија прогноза за летото Read More »