Во Србија се враќа задолжителниот воен рок?


До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и динамични планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ. Тој …

Во Србија се враќа задолжителниот воен рок? Read More »

„Тесла“ отпушта 400 вработени во фабриката во близина на Берлин


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ денеска објави дека ќе укине 400 работни места во својата фабрика во близина на Берлин, наведувајќи ја слабата продажба во услови на жестока ценовна војна меѓу производителите. На почетокот на минатата недела, „Тесла“ објави дека поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените, ќе отпушти повеќе од десетина од …

„Тесла“ отпушта 400 вработени во фабриката во близина на Берлин Read More »

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК


Неизвесно е што ќе се случува со војната во Украина и на Блискиот Исток која директно се рефлектира врз цената на нафтата. Не се знае ниту каква ќе биде жетвата во Русија и Украина и што ќе се случува со производството на жито. Но, во овој момент цената на лебот е стабилна и ќе остане …

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК Read More »

За австралискиот премиер Маск е „арогантен милијардер“


Австралискиот премиер го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа на социјалните мрежи X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј. Вчера, австралискиот суд нареди X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Икс претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си. Сепак, Маск оттогаш …

За австралискиот премиер Маск е „арогантен милијардер“ Read More »

ССМ ќе бара враќање на надоместот за храна и превоз и минимална плата од најмалку 450 евра


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) традиционално на 1 Мај ќе излезе на протести на кои годинава ќе побара враќање на трошоците за храна и превоз во висина од 20 проценти од просечната плата и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада, најави претседателот на ССМ …

ССМ ќе бара враќање на надоместот за храна и превоз и минимална плата од најмалку 450 евра Read More »

Македонија2025 преку фондацијата „ГоДигитал“ ќе помага во дигиталната трансформација на малите бизниси


Денеска во Скопје на прес-конференција беше претставена новоформираната фондација „Центар за дигитална трансформација ГоДигитал Скопје“, која има за цел да придонесе за дигиталната трансформација на малите бизниси во земјава. Настанот се одржа во присуство на основачите на Центарот од Македонија2025 и бројни претставници од партнерските организации, медиумите и други заинтересирани страни. Центарот „ГоДигитал“ е основан …

Македонија2025 преку фондацијата „ГоДигитал“ ќе помага во дигиталната трансформација на малите бизниси Read More »

Белгиската кралица Матилда се сретна со македонскиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите


Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија, информираат од Македонската банкарска асоцијација. Кралицата Матилда од Белгија која присуствувала на церемонијата на доделувањето награди …

Белгиската кралица Матилда се сретна со македонскиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите Read More »

Руски „Гаспром“ ќе биде спонзор на унгарски Ференцварош


 Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе стане спонзор на најуспешниот унгарски фудбалски тим Ференцварош, пренесуваат денеска медиумите во Будимпешта. Според најтиражниот унгарски спортски весник „Немзети спорт“, преговорите напреднале до тој степен што нацрт-договорот е веќе готов и има шанса соработката да биде официјализирана во следните недели. Без да го коментира евентуалниот влез на „Гаспром“ во Ференцварош. …

Руски „Гаспром“ ќе биде спонзор на унгарски Ференцварош Read More »

Фон дер Лајен: Европа ќе остане глобално срце на индустријата и иновациите


Од последните европски избори во 2019 година, ЕУ се соочи со две кризи од историски размери – Ковид-кризата и војната во Украина, проследена со енергетска криза „произведена во Русија“, кои можеа да се претворат во драматична економска и социјална криза, но тоа не се случи поради големата отпорност на Европа, но и поради тоа што …

Фон дер Лајен: Европа ќе остане глобално срце на индустријата и иновациите Read More »

Акциите на „Тесла“ на најниско ниво во последните 15 месеци во пресрет на објавувањето на резултатите


Акциите на „Тесла“ паднаа седми ден по ред, достигнувајќи го најниското ниво од јануари 2023 година, бидејќи дополнителното намалување на цените во текот на викендот ја зголеми загриженоста пред извештајот за заработката на компанијата во првиот квартал во вторник. Акцијата падна за 3,4% до 142,05 долари во понеделникот, со што нејзиниот пад за една година …

Акциите на „Тесла“ на најниско ниво во последните 15 месеци во пресрет на објавувањето на резултатите Read More »

Европа лани претрпе рекорден број денови со „екстремен топлотен стрес“


Европа се повеќе се соочува со интензивна топлина што човечкото тело не може да ја поднесе, предупредуваат набљудувачите на климата. Континентот претрпе рекорден број денови на „екстремен топлотен стрес“ во 2023 година, објавија вчера службата за мониторинг на климата на Европската унија – Коперник и Светската метеоролошка организација (WМО). Во својот последен извештај, Коперник и …

Европа лани претрпе рекорден број денови со „екстремен топлотен стрес“ Read More »

Се шират протести против војната во Газа на американските универзитети, интервенира полицијата


Протестите против војната во Газа се проширија од Колумбија и Јеил на други американски универзитети додека властите се обидуваат да го разбијат растечкото протестно движење, пренесува Би-Би-Си. Полицијата синоќа го прекина протестот на Универзитетот во Њујорк и изврши голем број апсења. Десетици студенти беа уапсени на Јеил претходно истиот ден, додека Колумбија ги откажа часовите …

Се шират протести против војната во Газа на американските универзитети, интервенира полицијата Read More »

Десет лица загинаа во судар на два малезиски воени хеликоптери


Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него. Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските медиуми. „На лице место беше …

Десет лица загинаа во судар на два малезиски воени хеликоптери Read More »

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба


Стотина политички затвореници во Белорусија, приведени во текот на жестоката конфронтација меѓу властите и опозицијата во изминатите години, имаат многу сериозни здравствени проблеми и можеби се на работ на смртта, соопшти „Вјасна“, белоруската организација за човекови права. „Вјасна“, чиј основач е нобеловецот Алес Бијалијацки, кој, исто така, се наоѓа зад решетки, идентификуваше 93 затвореници чија …

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба Read More »

Од масовни гробници во болницата Насер во Газа за три дена ексхумирани над 200 тела


Портпаролот на Цивилната заштита на Појасот Газа Махмуд Басал изјави дека во последните три дена биле ексхумирани над 200 тела на луѓе убиени и закопани од израелските сили во масовни гробници во болницата Насер во Газа. – Нашите тимови продолжуваат да пронаоѓаат тела во медицинскиот комплекс Насер и од саботата се ексхумирани телата на околу …

Од масовни гробници во болницата Насер во Газа за три дена ексхумирани над 200 тела Read More »

„Крај Вардарот џез“: Биг бендот со концерт посветен на Кире Костов и настап на Дуња Иванова со „Мирисот на липите“


На втората вечер од фестивалот „Крај Вардарот џез“, од 20 часот во Филхармонијата ќе настапи пијанистката  Дуња Иванова со концерт „Мирисот на липите“ кој ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Ќе биде изведена композицијата „Свита за Скопје“ од композиторката Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј …

„Крај Вардарот џез“: Биг бендот со концерт посветен на Кире Костов и настап на Дуња Иванова со „Мирисот на липите“ Read More »

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер


Американските власти почнаа преговори со властите на Нигер за повлекување на американските војници од оваа западноафриканска земја, соопшти синоќа Пентагон. Војниците досега беа во оваа земја за борба против џихадистичките екстремисти во регионот Сахел, на кој му припаѓа Нигер. Владата на Нигер, која се појави по минатогодишниот државен удар, одлучи минатиот месец да го раскине …

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер Read More »

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад


Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“. Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“. Според Генералштабот на Јужна …

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад Read More »

Награди на СЕММ за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, објавени во периодот мај 2023 – април 2024. Наградите се во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО …

Награди на СЕММ за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“ Read More »

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“


Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов. -Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски …

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“ Read More »