НБА: Бостон поведе во големото финале


 Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата. Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви. Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени. Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ …

НБА: Бостон поведе во големото финале Read More »

Фуриозен почеток на „ОФФест“ со африканската вечер, денеска настапуваат „Бои Аки“ и „Куту“


23. издание на „ОФФест“ синоќа почна со фуриозен настап на „BOMBINO“ и на „BCUC“ (Bantu Continua Uhuru Consciousness). Двете групи во таканаречената африканска вечер ги воодушевија присутните во салата на Националаната опера и балет со музиката испрпеплетена со африкански ритми. Публиката не остана рамнодушна на настапите па многумина возвратија на повикот на музичарите да станат …

Фуриозен почеток на „ОФФест“ со африканската вечер, денеска настапуваат „Бои Аки“ и „Куту“ Read More »

Руски напади во западните региони на Украина


 Руските сили синоќа извршиле голем напад врз Украина, главно во западните региони, со дронови камикази и ракети, а по нападот избувна пожар во индустриски објект во регионот Киев, пренесуваат украинските медиуми. Руските сили лансираа вкупно 53 нападни дронови Шахед-131/136, од кои 48 беа соборени, соопшти на Телеграм командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на …

Руски напади во западните региони на Украина Read More »

Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност


Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА. Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело …

Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност Read More »

Почнува 58. МТФ „Војдан Чернодрински“


 Со претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов, вечер во Прилеп, во Домот на културата „Марко Цепенков“, ќе биде отворен 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот ќе се одржува до 14 јуни под мотото „Промени се, промени …

Почнува 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ Read More »

Макрон: Франција на Украина ќе ѝ испрати борбени авиони „Мираж“


Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека неговата земја ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони „Мираж“, а француската армија ќе ги обучува украинските пилоти. Макрон повтори дека на Украина треба да ѝ се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките …

Макрон: Франција на Украина ќе ѝ испрати борбени авиони „Мираж“ Read More »

Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба


Четири руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе пристигнат во Хавана следната недела, соопштија кубанските власти. Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите ќе бидат во Хавана од 12 до 17 јуни, истакнувајќи дека ниту еден од нив нема да носи нуклеарно оружје и уверувајќи дека нивното присуство „не претставува закана …

Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба Read More »

„Летај галебе“ – Младите за маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола


Со концерт на Камерниот оркестар од Битола и 11 млади интерпретатоти, вечер почнува со реализација проектот „Летај галебе“ – посветен на творештвото на маестро Кире Костов.  Според организаторите, настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, …

„Летај галебе“ – Младите за маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола Read More »

Почнува 14. Филозофски филмски фестивал


Со проекција на шпанскиот филм „Затвори ги очите“ на режисерот Виктор Ерисе, вечер во 21 часот во Летното кино во Кинотеката ќе почне 14. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) кој ќе трае до 13 јуни, во организација на Филозофското друштво на Македонија и во соработка со Филозофскиот факултет на УКИМ.  Филмот е меѓу петте долгометражни во …

Почнува 14. Филозофски филмски фестивал Read More »

На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата


Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и …

На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата Read More »

Изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на уметникот Албан Муја во МСУ


 Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ од Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Албан Муја (1980, Република Косово) создава видео инсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествена, политичка и …

Изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на уметникот Албан Муја во МСУ Read More »

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Карпош и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Александар Урдаревски“, околу ресторан „Бон Бон“ во Општина Бутел. Во периодот од 12:00 до 14:00 …

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја Read More »

Младинска конференција на тема „Образование и млади“


Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.  -Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти …

Младинска конференција на тема „Образование и млади“ Read More »

Промоција на прирачник за читачки навики „Лектирата не е бауч“


На ФОН Универзитетот денеска ќе се одржи промоција на прирачникот „Лектирата не е бауч“ од доц. д-р Габриела Неделкоска, проф. д-р Љубица Кардалеска-Радојкова и проф. д-р Татјана Срцева-Павловска. Овој прирачник, соопштуваат авторите, е базиран на искуствени практики и е резултат на длабинска анализа и истражување на читачките навики кај младите. Прирачникот содржи серија на предлог-активности …

Промоција на прирачник за читачки навики „Лектирата не е бауч“ Read More »

За викендот сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 …

За викендот сончево и топло Read More »

Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. …

Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер Read More »

Партијата на Орбан со најголеми трошоци за онлајн рекламирање за Евроизборите


 Партиите ги зголемија своите трошоци за онлајн рекламирање во трката за гласови за изборите за членови на Европскиот парламент што се одржуваат неделава, при што лидер во оваа пропаганда е партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која потроши најмногу средства за изборна кампања на платформите на „Гугл“, на „Фејсбук“, „Инстаграм“, како и нејзината мрежа …

Партијата на Орбан со најголеми трошоци за онлајн рекламирање за Евроизборите Read More »

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија


Коалицијата на Зелената левица (ГЛ) и Лабуристичката партија (ПВДА) освои најголем број гласови и осум од 31-то холандско место во Европскиот парламент на вчерашните Европски избори во Холандија, покажуваат резултатите од излезната анкета на агенцијата ИПСОС спроведени за потребата на холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според излезната …

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија Read More »

Цените на нафтата пораснаа, ФЕД во фокусот


Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и достигнаа 79 долари поради бранот шпекулации дека американската централна банка би можела да ги намали трошоците за задолжување на почетокот на есента, што ќе ја стимулира економската активност и побарувачката за енергетски производи. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 56 центи …

Цените на нафтата пораснаа, ФЕД во фокусот Read More »

Кога би можел Ѓоковиќ да се врати на терените по операцијата на коленото?


Поради скинат менискус на десното колено, Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос и натпреварот против Каспер Руд. На српскиот тенисер во средата попладне итно му беше извршена операција, а болницата во Париз веднаш ја напушти со патерици. По напуштањето, тој ја објави својата прва фотографија на патерици на Инстаграм …

Кога би можел Ѓоковиќ да се врати на терените по операцијата на коленото? Read More »