НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина
Министрите за одбрана на државите од НАТО го одобрија денеска планот за долгорочно снабдување со воена опрема и обука на Украина, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека оваа помош за Украина ќе биде спроведена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе. …